- Член од
- 24 декември 2007
- Мислења
- 12.694
- Поени од реакции
- 4.520
НовоЛото 7/34 на Државна лотарија на Македонија претставува еден сосема нов концепт на оваа игра на среќа, каде самото лото ливче претставува медиум помеѓу среќата, културата, забавата и хуманоста. Покрај тоа, системот 7/34 за прв пат се приредува во Македонија, а избран е како полесен начин за постигнување добивка. НовоЛото 7/34 има помал број на комбинации отколку Лото 7/39 и 7/37 и обезбедува почести можности за добивки, па затоа сметаме дека одговара на нашиот локален пазар според бројноста на играчите. Овој тип на Лото го направивме по мерка на македонските граѓани, не го прекопиравме како пример, туку го конципиравме како нов модел – затоа и го нарековме НовоЛото.
Позадината на помошните лото ливчиња се сублимирани податоци за македонското културно богатство, кое ги опфаќа најпознатите археолошки наоѓалишта и дел од најважните археолошки пронајдоци, неповторливите македонски манастири и монументалните муслимански градби во земјата. Во подоцнежните серии се предвидува претставување на природните убавини, македонските градови, традиционалните вредности и големите личности кои ја красат богатата македонска традиција. Со ова, покрај самата забава и големата можност за добивка, секој љубител на лотото може да направи своја колекција на убавините на својата земја, да научи нешто ново или пак да го потврди своето досегашно знаење. Од секоја уплата на НовоЛото 7/34 се издвојува одреден процент со кој се создава хуманитарен фонд за општо добро.
За учество во играта Лото и дополнителната игра Џокер важат правилата за НовоЛото 7 од 34, кои се наоѓаат на уплатните места на Приредувачот. Одиграната лото комбинација е услов за учество во играта Џокер. Помошното ливче е исклучиво помошно средство и не може да послужи како доказ за учество во играта. Доказ за учество во играта Лото е исклучиво издадената потврда за уплата. Добивките се исплатуваат на уплатните места, до износот кој го одредил Приредувачот, а над тој износ на благајната во седштето на Приредувачот. Правото за наплата на добивките застарува во рок од 60 дена, сметано од денот на објавување на резултатите на играта. Исплатата ја гарантира Државна лотарија на Македонија АД Скопје.
Преносот е на Сител секој Понеделник од 20:00.Дали следите,играте,колку верувате во ова?