Одржлив развој

  • Креатор на темата Креатор на темата ateist
  • Време на започнување Време на започнување
A

ateist

Гостин
Социјалистичкиот лагер се распадна .
Либералниот капитализам заснован на неограничена алчност беспримерно експлоатирање на природните ресурси исто така пропадна и светот го погоди нова глобална светска криза .
Економска криза .
Всушност многу нешта остануваат неразјаснети околу оваа таканаречена криза бидејќи
со сегашниот техничко технолошки степен на развиеност самата криза би требало да биде обична математичка операција која не би ја решиле економисти туку математичари и тоа би траело неколку дена . А ете и покрај почетниот оптимизам дека ќе трае кратко станува јасно дека тоа ќе биде недогледна криза .

Е сега во последно време се повеќе се пропагира економија заснована на ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ .

И тоа се повеќе се разработува и се фаворизира дека ќе биде новиот економски поредок

еве вака некако се дефинира :
Одржлив развој е збир на методи за да се креира и одржи развој кој цели да ја отстрани сиромаштијата, креира изедначени стандарди за живеење, задоволување на основните потреби на сите луѓе и да воспостават одржливи политички практики, истовремено преземајќи ги сите неопходни мерки да се избегнат неповратните штети на природниот капитал долгорочно за краткорочни придобивки преку усогласување на развојните проекти со обновливата способност на природната средина.[1] Полето на одржливиот развој може да се подели концептуално во четири дела: амбиентална одржливост (одржливост на животната средина), економска одржливост, социјална одржливост и политичка одржливост.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Одржлив_развој

и кај нас :
Одржливиот Развој е развој, кои ги задоволува потребите на сегашните генерации без да ги загрози можностите на идните генерации да ги задоволат сопствените потреби. Во други зборови: Одржливиот Развој имплицира дека треба да имаме предвид за потребите на идните генерации додека ги задоволуваме сопсвтените потреби.
http://www.nssd.com.mk/default1.aspx?ItemID=373

.
.
е сега сее тоа вака фино лепо напишано но какви се последиците ?
тоа е кажано но што нее кажано (а се подразбира ) и се избегнува да се соопшти

На планетава живеат 7 милијарди луѓе .Климата се менува како резултат на човековата активност . Според американските ескперти за планетава поточно биосистемот на неа да може да се регенерира по природн пат на планетава нетреба да има повеќе од 3 милијарди луѓе и тие не смеат да користат повеќе од 1 % од природните ресурси па во такви услови природата ќе може да се регенира сама од себе по природен пат .Наспроти сегашните 7 милијарди кој користат 10 % при што е невозможно природата да се регенерира затоа секој ден по десетици видови од растителен и животински свет исчезнуваат засекогаш .

Нели никој не е против да се живее во склад со природата .Иако тие што ја промовираат оваа стратегија се сомнителните бидејќи безмилосно ги трошеа својте ресурси само да го победат социјализмот (кој пак не ги трошеше безмислосно својте природни богатства туку баш и ги сочува и може да се каже дека го практикувал одржливиот развој).

прашањето ми е :
ни кажували тоа нам некој дека 4 милијарди луѓе на планетава се прогласени за "технолошки вишок " и дека во наредниот период ќе мора да заминат од свет по забрзана постапка ?
И како тоа би се одразило во Македонија ?
 
Во Македонија од по одамна во духот на познатиот македонски приод кон чворови и други смотаности, група умни, образувани,далековиди и посветени мажи и жени веќе дваесет години работат на проектот за соодветен МАКЕДОНСКИ одговор на тој страшен предизвик кој се испречува пред сите живи створови на планетава Земја....:wink:..сите ние можеме да се надеваме дека повторно по 2000 и кусур години Македонците ќе му обзнанат на светот на кој јазик всушност зборува Господ Бог.....
 
Нека го разработат самоуправниот систем и се ќе им биде јасно.
Не залудно се покачи продажбата на трудовите на Карл Маркс за 3000%,
затоа што тоа е тоа,БОЉЕ НЕМА!
А алчноста ќе го уништи човештвото(против тие вредности се скороите религии - каде се светите лица да застанат во одбрана на доблестите и хуманоста на светот?). Да не се и тие едни од оние - алчнит???:baeh::baeh::baeh::baeh::baeh::baeh::baeh:
 
А алчноста ќе го уништи човештвото

има многу нелогичности тука
во име на алчноста - капитализмот безпримерно се унишувале ресурсите
сега кога прогласуваат победа на алчноста над чесноста
велат чекај ај ќе правиме .. " одржлив развој "
уствари победија поради неодржливиот развој самите признаваат дека се им било вештачки надуено
плус 2008 дефинитивно Либералниот Капиталзам замина во историјата од проста причина ако продолжи да се применува понатаму ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА НЕМА ДА ПОСТОИ
УШТЕ МНОГУ ВРЕМЕ .

Самите американци кажуваат дека за се применува ( а изгледа ќе мора сакале неќеле )

"одржливиот развој " бројот на жители на САД мора да се намали за 2 / 3 значи од сегашните 300 милијони на 100 милијони жители - граѓани на САД .
Не кријат дека 200 милијони луѓе на територијата на САД се вишок ..8-ми путници ќемора да заминаваат од овој свет што поскоро .

Тоа им е цената на "победата" над социјализмот .
 
Хех хипотетички ако навистина има некопј таков план за технолошки вишок на 4 милијарди луѓе - се ми се чини добро е што географски сме во Европа хаха:vozbud:
 
Светската војна не се случила трет пат.:ija::ija::ija:
 
Имало и ќе има разни пресметки колку луѓе може планетава да држи.Пред се да разјасниме се мисли колку екосферата може да ги издржи луѓето бидејќи планетата како таква ќе си преживее и без нас и без животињите и без растенијата до некое друго време.Преживеала многу поголеми закани во овие 4,5 милијарди години, бомбардирања од метеори,астероиди,вулкански мега ерупции,тектонски поместувања и што уште не...ние и доаѓаме како иритантен комарец кој слетал да се напие крв...ништо повеќе...

Уште пред 1800 години некојси христијански писател Тертулијан почнал да мрчи дека земјата е пренаселена со тогашните 200 милиони луѓе. Најпозната личност која се обидувала да изврши лоботомија е Томас Малтус (уште еден поп) од 18-ти век, према него е наречена секоја подоцнежна теорија за драстично намалување на населението како “малтузијанска„. Тој при население од 900 милиони тврдел дека населението се размножува многу побргу отколку што е можно да се произведе храна и средства за живот. Кој кретен...денес сме 6.700.000.000 и глобално се живее далеку подобро отколку во негово време, за просечниот животен век да не зборуваме.

Процени и студии за тоа колку луѓе може да издржи екосистемот има безброј од некакви си 500 милиони до 694 милијарди :vozbud: но со релативно пристоен живот на денешно ниво има малку процени на пример Волтер Шмит од Калифорнискиот универзитет кој проценил 30 до 35 милијарди како крајна граница.
Заедничката студија на НАСА и Станфорд универзитетот дала бројка од 16 милијарди.

Не е работата во бројката туку во влијанието врз екосистемот.А тоа драстично се разликува од земја до земја, и е во директна поврзаност со развиеноста.Што поразвиена тоа повеќе ресурси троши и има поголем карбон футпринт...
Класичен пример. Бангладеш има територија нешто поголема од Бугарија а има 162 милиони жители. Австралија е цел континент а има 22 милиони.
Но тие 22 милиони австралијани цицаат ресурси од планетава како евентуални 840 милиони бангладешани. Па сега размислете...кој ги црпи ресурсите...и кој загадува...

Еве список изразен во потрошувачка на енергија по глава на жител...

http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_energy_consumption_per_capita

Список на земји по емисија на ЦО2 по глава на жител...

http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_carbon_dioxide_emissions_per_capita

И список на земји по емисија на гасови кои влијаат на екосистемот по принцип на стаклена градина (ЦО2, метан, азотен оксид, флуориди и сулфуриди)

http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_greenhouse_gas_emissions_per_capita

Значи ако еден дел од населението е „вишок„ :tapp: прво би требало да се елиминираат жителите од најбогатите земји бидејќи нивното ниво на еколошки отисок е немерливо поголемо од оние во сиромашните земји.
На пример ако цел свет живее по американски стандарди би ни требале уште 4 планети, 2 за ресурси и 2 за складирање на отпадот.:toe:

Одржлив развој? Можен е и неопходен, но не е баш најкомпатибилен со доминантниот економски систем на планетава...капитализмот. Е сега или планетава треба да смисли начин да ги свари срањата на капитализмот или ќе се удавиме во сопствените гомна...трето нема.

во канабисот е решението
:vozbud: :vozbud: :vozbud:
 
:bilokojzbor:Се е точно така.:ija::ija::ija::ija::ija::ija:
 
Одржлив развој? Можен е и неопходен, но не е баш најкомпатибилен со доминантниот економски систем на планетава...капитализмот. Е сега или планетава треба да смисли начин да ги свари срањата на капитализмот или ќе се удавиме во сопствените гомна...трето нема.

во канабисот е решението
:vozbud: :vozbud: :vozbud:

Планетава ама ич нема намера да вари капитализам :)
 
Проблемот е во уништувањето на планетата земја, кое земе се поголем замав.А потоа?:nenene::nenene::nenene::nenene:
 
Одржливиот развој и одржливата економија треба да почнат од најголемата економија на светот, америчката. Консумеризмот е голема закана за човештвото. Нов мобилен секоја година, по пет лцд телевизори во куќа, мењај кола на три години, компјутери во секоја соба, соби трипати повеќе отколку луѓе дома, облека во орман за три животи... Чиста злоупотреба на ресурси, без вистински додадена вредност. Природата само ќе се закашла и ќе не плукне како мрсул.

:pov:
 
Се сте во право, но како понатму. Америка со 12.000.оо милијарди долари долгови , го користи постоечкиот систем во светот за да биде најмоќна а во исто време и најкризна земја во светот?
Вака уште долго не ќе да може!:bilokojzbor:
 
Е сега во последно време се повеќе се пропагира економија заснована на ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ .

И тоа се повеќе се разработува и се фаворизира дека ќе биде новиот економски поредок

Г-20 големи економии
Историја
Темата на Г-20 средбата во 2006 година била "Градење и одржување на просперитетот”. Прашањата за кои се дискутирало вклучувале НАЦИОНАЛНИ РЕФОРМИ со цел да се постигне "одржлив развој",
http://mk.wikipedia.org/wiki/Г-20_големи_економии

Планетава ама ич нема намера да вари капитализам :)

Планетата нема ама затоа капиталистите јавно коваат планови за истребување на поголем дел од човештвото со " низа мерки и активности "

тоа е веќе договорена работа

АГЕНДА 21

Воведен дел

Агенда 21 е обемна програма за работа за 21 век. Таа претставува КОНСЕНЗУС што во Рио де Жанеиро го потпишаа 179 држави во светот. Таа е план на глобално партнерство насочено кон урамнотежување на двојната потреба за високо квалитетна средина и за здрави економии НА СИТЕ НАРОДИ ВО СВЕТОТ. Агенда 21, како глобален план на делување треба да ги идентификува најкритичните прашања на глобално ниво на кој би учествувале и би биле поткрепа јавните работници, ДЕЛОВНИ ЛУЃЕ, наставници, локални власти, научници како и обичниот граѓанин. Глобалното движење насочно кон ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ и примена на начелото на Агенда 21 единствено би било успешно низ постојано учество на сите поединци и на сите оние кои можат да влијаат врз размислувањето во примената и подршката на начелата на ЛА 21.

www.logincee.org/file/6981
.
.
.
кој цинизам човече
ова исто кога ги праќале евреите во конц логор каде на капија стоел напишан циничен наслов ... "работата ослободува"

само овој пат цела планета е претворена во еден гигантски конц логор за сите народи
Хитлер можел само да сонува дека тоа што го правел тајно денес се прави јавно .

Значи ако еден дел од населението е „вишок„ :tapp: прво би требало да се елиминираат жителите од најбогатите земји бидејќи нивното ниво на еколошки отисок е немерливо поголемо од оние во сиромашните земји.
На пример ако цел свет живее по американски стандарди би ни требале уште 4 планети, 2 за ресурси и 2 за складирање на отпадот.:toe:

Одржлив развој? Можен е и неопходен, но не е баш најкомпатибилен со доминантниот економски систем на планетава...капитализмот. Е сега или планетава треба да смисли начин да ги свари срањата на капитализмот или ќе се удавиме во сопствените гомна...трето нема.

денес има шанси да се даде многу поточна прогноза отколку пред 15 века или во поблиско минато . Статистиката е многу развиена .
Се знае колку плодно земјиште имало колку преминало во градежно (неплодно )
Колку земјоделско земјиште било третирано долги години со вештачки ѓурива и хемикалии - отрови и колку од тоа земјиште со текот на годнините се испоснило- станало неплодно .Дури има и сателити кој прават снимки па може без некоја голема грешка на глобално ниво да се видат ефектите од човечко делување на многу покус временски рок .

Штом на глобално ниво КАПИТАЛИСТИ донесуваат СО КОНСЕНЗУС одлука да се применува нов економски модел на ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ .........јасно е дека веќе и да сакале нема каде да се бега дека работите отишле предалеку .

Одржливиот развој и одржливата економија треба да почнат од најголемата економија на светот, америчката. Консумеризмот е голема закана за човештвото. Нов мобилен секоја година, по пет лцд телевизори во куќа, мењај кола на три години, компјутери во секоја соба, соби трипати повеќе отколку луѓе дома, облека во орман за три животи... Чиста злоупотреба на ресурси, без вистински додадена вредност. Природата само ќе се закашла и ќе не плукне како мрсул.

:pov:

Е ДА !
со зурли и тупани во демократија капитализам крминалазам
е сега "абе извините шалили смо се" ...за вас само беда

Се сте во право, но како понатму.

нема понатаму кој те лажел ќе има понатаму !

сега овие дегенерици ќе ти измислуваат прикаски дека капитализмот е најубавото нешто што можело да ти се случи , ќе ти сскаат малоумници од типот на религиозна забеганија , националисти , гадутија од секаков вид и тип , забава музика зурли и тупани , шоу ѕвезди ќе блеснуваат и ќе се гасат ...........а уствари ...........Поголем дел од човештвото е вишок И МОРА ДА СЕ ИСТРЕБИ .
Ете таа им е поентата .
 
До Човекот е не е до Системот :toe:
не го уништи капитализмот човекот, или социјализмот ... Човекот го уништува секој систем затоа шо живееме во материјализам и тоа ни е првото на листата на приоритети у животов материјалистички :toe:
 
Вртоглав пораст на електронскиот отпад
Понеделник, 03.05.2010 |

* Технологија

Земјите во развој до 2030. година ќе исфрлаат 400-700 застарени персонални компјутери годишно, додека оваа бројка во развиените земји ќе изнесува 200-300 милиони.

На оваа проценка упатуваат истражувањата на Ерик Вилијамс и соработниците кои ги објави научниот магазин Environmental Science & Technology.

Според ова истражување, овој тренд кој се очекува веќе во наредните 6-8 години ќе продолжи и подоцна, па по нивните пресметки во 2030. година земјите во развој ќе го дуплираат бројот на застарени компјутери во споредба со развиените земји.

Вилијамс и соработниците укажуваат и на драматичниот пораст на сопствеништвото на персоналци и останати електронски уреди во сите земји во светот. Истовремено, технолошките унапредувања го СКРАТУВААТ животниот век на потрошувачките електронски производи и корисниците се одлучуваат за исфрлање на старите уреди повеќе НЕГО БИЛО КОГА ДО СЕГА .

Овој тренд предизвикува глобална загриженост за безбедните начини за одлагање на електронскиот отпад кој содржи потенцијално отровни супстанци.

http://kajgana.com/tehnologija/vrtoglav-porast-na-elektronskiot-otpad

АКО ПОРАНО главна грижа била складирање на нуклеарен отпад сега се јавува и елктронскиот отпад . А ете се си има граница на издржливост па и природата .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom