Скопското муфтиство го обвинува Меџити за радикализам на исламот

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.524
Поени од реакции
1.946
Локација
Скопје
Скопското муфтиство го обвинува Меџити за радикализам на исламот

27.04.2010 - 18:59 |

Градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити и конзерваторот Беџахудин Шехапи го радикализираат исламот во земјава, обвинува скопското муфтиство.

ivvzzz_14231.jpg
Тие велат дека доколку дозволеле општина Чаир да ја реконструриа Араста џамијата, ќе дозволеле реприза на случајот со Хатунџук џамијата во Гази Баба, каде денеска, свештениците на ИВЗ немаат пристап.
Хатунџук џамијата е возобновена по проект на општина Чаир, но според извори во ИВЗ таму верските обреди веќе две години ги вршат вахабистички свештеници.
Од ИВЗ предупредуваат и дека доколку се дозволи изградба на Бурмали џамијата на скопскиот плоштад, по проект на сегашниот иницијативен одбор, голема е веројатноста и таму, вратите за нивните свештеници да останат затворени.
Наспроти овие тврдења на скопското муфтиство, ИВЗ без одговор на прашањето која е целта на посетата на поглаварот на Саудиска Арабија. Шпекулациите се дека токму оваа држава ќе ја финансира изградбата на Араста џамијата.
Во Министерството за внатрешни работи тврдат дека ги следат сите трансакции поврзани со радикални исламистички групи.
Инаку Саудиска Арабија важи за главен финансиер на радикалните исламистички структури ширум светот. Вахабизмот е дел од образовниот систем на оваа земја.

Александар Спасовски


Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инстачирај тука.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom