Арката на дедо Ное откриена во Турција?

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Има и пирамиди у Македонија (Миленко ги покажуваше). Само да почне да се копа :wink:
Нема слика, само од босанските
20090127164848.jpg
 
Како може да е најден чамецот на ное???Ако не сум грешка тој бил дрвен а било кое дрво ке скапе за 5 000 год!
 
Како може да е најден чамецот на ное???Ако не сум грешка тој бил дрвен а било кое дрво ке скапе за 5 000 год!

Нема да скапе ако е изолирано од кислород. Во некои типови на почви може да се најдат артефакти од дрво стари и по 10 000 години.

Иначе доста интересно е што легендата за потопот ја има кај повеќето древни цивилизации. Еве нешто повеќе http://en.wikipedia.org/wiki/Great_flood

Се прашувам која е причината сите овие цивилизации да создаваат митови за големиот потоп. Некои верзии на приказната се неверојатно слични само со различни ликови нормално.
 
Се прашувам која е причината сите овие цивилизации да создаваат митови за големиот потоп. Некои верзии на приказната се неверојатно слични само со различни ликови нормално.

Нема ништо чудно во тоа што настан кој се случил со сигурност да биде опишан (раскажан) од повеќе различни цивилизации.
Дека пред околу 5000 г. години се случила голема природна катастрофа во вид на ПОТОП (поплавување) на многу населени и ненаселени места и области е ФАКТ не е само “приказна“ од библијата или незнам која друга книга.
Пред некоја година нели се потврдија претпоставките дека на дното на црно море има многу модерни населби. За време на потопот средоземно море го “пробива“ патот преку босфор и дарданели и го исполнува црноморскиот басен кое што предходно било помало езеро. Нивото на средоземно море се претпоставува дека се кренало за повеќе од 50 метри и се прелева (преку босфор и дарданели) во црно море. Насебите ги открија на 50 - метри длабочина а се претпоставува дека има и подлабоко односно на 100 м. под нивото на црно море. Населби има и на брегот на турција (кај Истанбул) и од спротивната страна кај Сочи мислам.
Многу веројатно дека вакви случаи на “потопување“ имало ширум планетата. Па оттаму и толку многу описи на таков катаклизмичен настан.
Потпот си е историски факт и е неспорен а сеа ова со ноевата арка на врв на планина малку тешко веројатно ми се чини. :toe:

ПС. Се спомнаа школки на Кораб, за тоа незнам но со сигурност тврдам дека има во Кочани. И тоа многу плитко. Копаш за да порамниш околу куќата (за двор) и оп школки и тоа морски. :vozbud: Чисто информативно Кочани е на 350 до 450 м. надморска височина. :smir:
 
Сигурно имало некој вид на поплави, можеби не бил цел свет поплавен но мора да постои нешто што ги натерало древните народи (секој на свој начин) да го раскажуваат овој настан.

Иначе претпоставките дека Ноевата арка е на врвот од Арарат не се ништо ново. Само не знам зошто толку бавно одат ископувањата. Доколку сликите се автентични тогаш мора да се признае дека дрвената структура наликува на внатрешност од брод.
 
Нема да скапе ако е изолирано од кислород. Во некои типови на почви може да се најдат артефакти од дрво стари и по 10 000 години.

Иначе доста интересно е што легендата за потопот ја има кај повеќето древни цивилизации. Еве нешто повеќе http://en.wikipedia.org/wiki/Great_flood

Се прашувам која е причината сите овие цивилизации да создаваат митови за големиот потоп. Некои верзии на приказната се неверојатно слични само со различни ликови нормално.

Ако е во почва ке го јадат црви....Не е логично?:nesum:
 
Ако е во почва ке го јадат црви....Не е логично?:nesum:

Ако почвата е сиромашна со кислород (или тотално отсуствува) во неа нема да има црви, а како што споеменав претходно во отсуство на кислород дрвото нема да скапе. :)

Си видел во глина црви?
 
A be, bog mu rekol na Noe da napraj kajce, da go napuni itn. Nojko napraj kajce i site mu se smeele, ne mu veruele, ama deka bozija rec i napravija, na kajceto, vo transcedentalnite i metafizicki sferi na postoenje imalo mesto za svite pa cak i za gadinkite koi gi nemalo u mestoto k'de zivuel Noe! Z't imalo mesto za sfite...

P.S. Osven za kengurite. Tie ostanale u Astralja dekaAstralja bila ostaena na ra'at od poplavite. Zatoa i crncite se nakaj sifkasti, a ne dziftoj!
 
Се прашувам која е причината сите овие цивилизации да создаваат митови за големиот потоп. Некои верзии на приказната се неверојатно слични само со различни ликови нормално.

Речиси сите големи цивилизации се наоѓале блиску до големи водени површини, главно речни - Нил, Еуфрат, Тигар, Инд, Ганг, Јангцекјанг, Хоангхо, кои поради честите изливи ја зголемувале плодноста на околната почва, но и правеле штета на околното население, кое морало да се организира и да преземе превентивни мерки за да се заштити од поплавите (таквата организација всушност, колку и да е тоа банално денес, е една од причините за создавање на цивилизациите - морале да ја користат главата) и можеби честите приказни за потопи и поплави тука да имаат основа.
Во тоа што го спомна VoniVaras има вистина и тоа нејверојатно послужило за создавање на митот за светски потоп. Сепак, светот на тие луѓе бил мошне мал (за повеќето бил дотаму до каде што им стасувал погледот).
Тука би требало да се спомне и ерупцијата на островот Тера или Санторин во Егејско Море која можеби предизвикала некакви поголеми потреси и поплави.
Инаку и јужноафриканските племиња имаат митови за големи поплави, посебно оние околу Амазон и неговите притоки.
 
Според австриецот Ото Мук пред, околу, 10-12 000 год. од правецот на запад, во близина на Мексиканскиот Залив, удрило поголемо вселенско тело (метеорит или помал астероид) и тоа точно во раседот каде се судруваат двете тектонски плочи. Истиот удар предизвикал активирање на вулканската активност на Атлантида и нејзино пропаѓање во длабочините на океанот. Но ударот во вода предизвикал и истиснување на голема маса на вода во атмосферата која после извесен период се вратила на земјата во вид на големи и долготрајни дождови. Покрај тоа, ударот добро ја “здрмал“ планетата (како да занишаш чаша полна со вода) па не е чудно и да имало излевање на некои мориња надвор од своите корита (слично на цунами). Сето тоа допринело да се поплават големи предели од земјината кора во тек на еден одреден период. Последиците од тој удар биле нормално, послаби и помалку очигледни подалеку од местото на ударот (како Блискиот Исток, Месопотамија и сл.). Покрај тоа Египтјаните забележале дека во целокупната нивна забележана историја од 10-15 000 години сонцето само еднаш изгреало од запад, а визуелно, тоа е резултат на согорувањето во атмосферата на големото вселенско тело кое надоаѓало од запад и кое изгледало како сонце.
Според тоа, постоењето на Библискиот потоп има реална и логична основа, а дали на Арарат е Ноевата арка или нешто друго, тоа е работа на дискусија.
Лично, не верувам многу во тоа нешто. Луѓето се склони своите желби да ги проектираат на постојните нешта кои немаат врска со реалната состојба. Така во Ерусалим постои Христовиот Гроб, па има Аврамов гроб (којзнае чии се), па имаме Агамемнова маска (кој знае чија е), накитот на Елена Тројанска (и тој кој знае чиј е) и т. н.
 
Речиси сите големи цивилизации се наоѓале блиску до големи водени површини, главно речни - Нил, Еуфрат, Тигар, Инд, Ганг, Јангцекјанг, Хоангхо, кои поради честите изливи ја зголемувале плодноста на околната почва, но и правеле штета на околното население, кое морало да се организира и да преземе превентивни мерки за да се заштити од поплавите (таквата организација всушност, колку и да е тоа банално денес, е една од причините за создавање на цивилизациите - морале да ја користат главата) и можеби честите приказни за потопи и поплави тука да имаат основа.
Во тоа што го спомна VoniVaras има вистина и тоа нејверојатно послужило за создавање на митот за светски потоп. Сепак, светот на тие луѓе бил мошне мал (за повеќето бил дотаму до каде што им стасувал погледот).
Тука би требало да се спомне и ерупцијата на островот Тера или Санторин во Егејско Море која можеби предизвикала некакви поголеми потреси и поплави.
Инаку и јужноафриканските племиња имаат митови за големи поплави, посебно оние околу Амазон и неговите притоки.

Направив грешка :kesa: треба да стои јужноамериканските
 
I ednite i drugite de! Jali crnci, jali indiosi, ama pak, ne bile u arkata!
 
I ednite i drugite de! Jali crnci, jali indiosi, ama pak, ne bile u arkata!

Сигурно биле среќни после што биле сиромашни па не успеале да купат карта за бродот (исто како тие што не купиле карта за Титаник):wink:.
 
Ако почвата е сиромашна со кислород (или тотално отсуствува) во неа нема да има црви, а како што споеменав претходно во отсуство на кислород дрвото нема да скапе. :)

Си видел во глина црви?

Точно, у почва без кислород неможеш ни умрен црв да најдеш, а непа жив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom