Chapstick
Сам свој психолог
Дијалектите се застапени секаде во светот(некаде помалку некаде со поголеми разлики меѓу два дијалекта)-не само кај нас.Всушност од дијалектите е составен нашиот литературен македонски говор(а и секаде во светот е така).Дијалектите според мене претставуваат богатство-колку поголеми разлики толку е пооригинален јазикот.Сум за дијалектите, но многу сум против англицизмите.У ред е ако за некој збор ние немаме соодветен превод па да го преземеме но младите користат премногу англицизми(на пример фејк-тој израз го имам слушнано милион пати) како да немаме зборови во македонскиот јазик.Преку тоа ние вршиме денационализација самите на себеси.Македонскиот јазик ја губи вредноста и смислата(посебно кога слушам на вести кога се употребуваат такви зборови-од такт ме вади).Не се дијалектите тие што го загрозуваат јазикот-тие го прават побогат.Јазикот го загрозуваме ние младината(па и некои постари има кои ги употребуваат тие изрази), мислејки дека сме по кул и на повисоко ниво ако ги употребуваме...за жал...