Што се прави со запленетата фалсификувана облека?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
И јас знам за времето Бат-Елохим што го спомна, значи тогаш запленетата стока (освен дрога и оружје.. зборам за облека, компјутери...) се подаруваше по домови.
 
.................................................оваа реклама е подобра и поефектна.
Но друго ми беше муабетот. Како успеваат фалсификатите да влезат на царина. Зошто мораат да се собираат од улица со специјалци. Зарем не е полесно да се запленат при царинењето? Сигурно дека сета стока е од увоз кај нас може се произведува нешто ама многу малку. Зошто работите се фаќаат од опашката?

Ова е правото прашање , а одговорот на него покажува дека се работи за најобична шарада ......
...и навистина се нејасни мотивите на оние кои ја смислија тепаницава , која на ТВ изгледаше како снимка од западниот брег на реката Јордан :) ...додека и врапците знаат дека постојат недопрени од ниедна досегашна администрација,.....разработени капиџици за шверц со заштита од многу високо.....кои овозможуваат постојано да течат во лични џебови слатки парички :)
 
Порано имаше една продавница каде што се продаваше запленета НО брендирана облека. Не знам каде беше точно продавницата да објаснам, знам само дека беше накај Автокоманда. Еден комшија работеше на царина и ми кажа каде им се наоѓа продавницата. Имам Саломон јакна за 4000 купена која во ГТЦ беше 15.000.

Можам да претпоставам дека и со небрендираната се прават некои вакви слични работи :wink:

Точно е дека има такви продавници од запленети стоки и после се продаваат... Само малце претера со цената од 15.000 јакна Саломон, и во ГТЦ се по 4-5000....

Него муабетот ми беше зашто секогаш се бираат они кои што ќе ги посетува инспекција, и местата кај што ќе има рација... Па на Битпазар имаш секаква стока и нестока... Шверцувани цигари на тони, дали бил Абидас или Адидас... Патики DC секоја втора тезга има иако се далеку од оние DC што стварно треба да бидат... али законите во нашата државичка за некој важат, за некој не важат...
 
Точно е дека има такви продавници од запленети стоки и после се продаваат... Само малце претера со цената од 15.000 јакна Саломон, и во ГТЦ се по 4-5000....

..

Pred 5 godini ja zedov jaknata uste e ziva i zdrava, sea ja ti kazuvam kolku bese, tvoe e dali ke veruvas ili ne.
 
Би требало запленетата облека да биде запалена :) Само не ми се верува дека ќе ја палат ќе си ја поделат меѓу себе или ќе ја шитнат :nesum:
 
се надевам ќе се испрати на оние што им е потребна, по домовиве.
ако не и пратка до Хаити не е лоша идеја.

пиратериите ги сомелија со ваљак, а можеа културно да им ги понудат на истиве :toe:

Како да не
Пази да не ги испратат

Би требало запленетата облека да биде запалена :) Само не ми се верува дека ќе ја палат ќе си ја поделат меѓу себе или ќе ја шитнат :nesum:

Па нормално нема да ја запалат. Толку убави фармерки, патики и што уште не никој не пропуша, а да не се излигави по нив
 
Па би требало да се пали уништи, али кај нас не е ништо чудно и да се подели помегу колегите во мвр, па да ги видиме сите со најк, адидас, гучи од Шутка:vozbud:


Prichinata za racijata e bitna:

БИТПАЗАР 1992 – ШУТКА 2010

понеделник, 19 април 2010 23:58
Дека во Македонија се е исто како и лани и полани и оломнани.., лесно е докажливо. Тепањето на Ромите во Шутка покажа оти за ниту милиметар се немаат поместено начините на кој политичките елити лажат за да ги прикријат своите пљачки и лошо владеење. Стапот, се разбира, секогаш е за најслабите и најсиромашните, преку кои власта со огромен цинизам и бесрамност ја учи нацијата на европските стандарди и закони
http://www.kotle.ca/

 
Доколку е фалсификувана роба задолжително е да оди во печките на Макстил. Доколку е нелегално увезена а е со оригинално потекло се дава на лицитација, но последната освен за автомобили се случи во 2007. Робата скапува во магацините на царината во пограничните терминали, нажалост.
 
Кај живееш бе ти дете ? Зар домци да носат брендови ? ( па и фалсификувани) треба да си го знаат местото и сталежот дека неможе секој да носи таква облека па макар и фалц,батали облеката туку дали знаете дека запленетите цигари се продаваат по затворските кантини низ македонија ? и се останато што е запленето а е во можност да се препродаде! сепак и тоа е контра банда а ја спроведува државата :toe: продавајки фалц производи па и тоа што продаваат на робијаши не значи дека е дозволено сепак некој си прави профит ( нелегално)
Случајно некој да не ти го навреди сталежот во општеството па така зборуваш? Зошто да не се подари? Имаат потреба тие луѓе од облека, каква е да е, кога веќе планираат да се запали нели би било подобро да искористи некој кој има потреба од тоа? Ако тебе твоите ти овозможиле да имаш патики од 4000- 5000 денари па и повеќе, на некој не му е тоа овозможено.
Јас како решение го гледам овој начин. Да се подари на оние што имаат потреба. А не да се раздели истата стока меѓу колегите во МВР или пак да се запали. Некој ќе се израдува на облеката, макар и да е фалц.
 
Па ако е точно по мерка и убава - може да си ја подарат на саканите.
Ми текна за некој часовник ,што не бил оригинал, па високиот функционер на МВР го имаше добиено од некој близок????:drk::drk::drk::drk::drk::drk::drk::drk::drk:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom