Што се прави со запленетата фалсификувана облека?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.318
Поени од реакции
34.732
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Поттикнат од неодамнешните случувања во Шутка, каде што беше запленета огромна количина на фалсификувана облека со брендовите на Nike, Adidas, Puma... ме интересира, што се прави точно со запленетата облека?

Се пали? Се дели дели по пријатели? Се подарува преку акции во домовите за деца без родители и децата со посебни потреби? Нешто друго?
 
Па би требало да се пали уништи, али кај нас не е ништо чудно и да се подели помегу колегите во мвр, па да ги видиме сите со најк, адидас, гучи од Шутка:vozbud:
 
Толку се смотани ацид Што ќе ја запалат бидејќи е фалсификат...па мамето ма нека тргнат лого и право по домови....ццц

Не се ова калаши па ајт сечи...уништувај

Имаат и претходно палено најверојатно така ќе биде и сега...

еве тука

или


Дефинитивно, запленетата стока може да се продаде по пат на лицитација, да се отстапи без надоместок со одлука на Владата во строго прошишани законски услови, или да се уништи. Цигарите, алкохолот и останатите акцизни стоки задолжително се уништуваат.

Цело интервју

Инаку оваа стока не може да подлежи на лицитација па(фалсификат)....би требало да ја уништат.
 
А зошто да се „пали“ запленетата облека од Шутка? Не е боље да се даде во домот за деца без родители или во дом за деца со посебни потреби?

Нели поентата на запленувањето на фалсификуваната роба е да се тргне од продажба? Со подарување сигурно нема да им се наштети на оригиналните застапници на Nike, Adidas, Puma и тн...

Колку што сфаќам, запленувањето се прави затоа што продавачите на фалц роба (Adibas, Hike, Kuma...) им го рушат бизнисот на застапниците на оригиналните брендови.

Со тоа што ќе ја подарат облеката на тие што немаат што да облечат, сигурно нема да се наруши пазарот на оригиналниот Adidas или Nike, туку напротив, ќе има ист ефект ко да ја запалиле затоа што они веќе ја тргнале од продажба. Само вака, ќе добиеме впечаток дека уствари имаат малку мозок у главата. Впрочем, донирањето на запленета облека и претходно беше пракса на Владата. Уште не ми е јасно зошто еднаш се пали, а другпат се донира.
 
Би требало да се отстраната етикетите и да се подари облеката тоа решение е најидеално, нема тука муабет за тоа...
 
А зошто да се „пали“ запленетата облека од Шутка? Не е боље да се даде во домот за деца без родители или во дом за деца со посебни потреби?

Нели поентата на запленувањето на фалсификуваната роба е да се тргне од продажба? Со подарување сигурно нема да им се наштети на оригиналните застапници на Nike, Adidas, Puma и тн...

Колку што сфаќам, запленувањето се прави затоа што продавачите на фалц роба (Adibas, Hike, Kuma...) им го рушат бизнисот на застапниците на оригиналните брендови.

Со тоа што ќе ја подарат облеката на тие што немаат што да облечат, сигурно нема да се наруши пазарот на оригиналниот Adidas или Nike, туку напротив, ќе има ист ефект ко да ја запалиле затоа што они веќе ја тргнале од продажба. Само вака, ќе добиеме впечаток дека уствари имаат малку мозок у главата. Впрочем, донирањето на запленета облека и претходно беше пракса на Владата. Уште не ми е јасно зошто еднаш се пали, а другпат се донира.
Кај живееш бе ти дете ? Зар домци да носат брендови ? ( па и фалсификувани) треба да си го знаат местото и сталежот дека неможе секој да носи таква облека па макар и фалц,батали облеката туку дали знаете дека запленетите цигари се продаваат по затворските кантини низ македонија ? и се останато што е запленето а е во можност да се препродаде! сепак и тоа е контра банда а ја спроведува државата :toe: продавајки фалц производи па и тоа што продаваат на робијаши не значи дека е дозволено сепак некој си прави профит ( нелегално)
 
во времето на Љубчо Бугарофилковски цела запленета стока се носеше во домовите. Знам, затоа што во тоа време имав многу средби со деца од домот. А бре фаците да им ги видевте...:)
А ова легалистиве сега се уништуваат.
Уште нешто, ако на патиката пишува адибас, не е оригинале (:) ) и со ништо не им го нарушува бизнисот на застапниците.

Проблемот е што патиките (ако има запленети) се од истите фабрики (во Кина на пример) од каде што купуваат и оригиналните застапници, ама овие си платиле тука. И така...
 
Кај живееш бе ти дете ? Зар домци да носат брендови ? ( па и фалсификувани) треба да си го знаат местото и сталежот дека неможе секој да носи таква облека па макар и фалц,батали облеката туку дали знаете дека запленетите цигари се продаваат по затворските кантини низ македонија ? и се останато што е запленето а е во можност да се препродаде! сепак и тоа е контра банда а ја спроведува државата :toe: продавајки фалц производи па и тоа што продаваат на робијаши не значи дека е дозволено сепак некој си прави профит ( нелегално)

Цигарите им се даваат бесплатно на затворениците не се продаваат.
 
А памтите пред 13-14 години кога исчезнаа12кг хероин ОД полициска станица...мма тоа и Чак норис не го може...кој го ангажирале:raz:
 
се надевам ќе се испрати на оние што им е потребна, по домовиве.
ако не и пратка до Хаити не е лоша идеја.

пиратериите ги сомелија со ваљак, а можеа културно да им ги понудат на истиве :toe:
 
А памтите пред 13-14 години кога исчезнаа12кг хероин ОД полициска станица...мма тоа и Чак норис не го може...кој го ангажирале:raz:

Читав на "Котле" за ова, комуњарска работа.
 
Кај живееш бе ти дете ? Зар домци да носат брендови ? ( па и фалсификувани) треба да си го знаат местото и сталежот дека неможе секој да носи таква облека па макар и фалц,

Ти каде живееш бе...дете? : )
 
Поттикнат од неодамнешните случувања во Шутка, каде што беше запленета огромна количина на фалсификувана облека со брендовите на Nike, Adidas, Puma... ме интересира, што се прави точно со запленетата облека?

Се пали? Се дели дели по пријатели? Се подарува преку акции во домовите за деца без родители и децата со посебни потреби? Нешто друго?

Порано имаше една продавница каде што се продаваше запленета НО брендирана облека. Не знам каде беше точно продавницата да објаснам, знам само дека беше накај Автокоманда. Еден комшија работеше на царина и ми кажа каде им се наоѓа продавницата. Имам Саломон јакна за 4000 купена која во ГТЦ беше 15.000.

Можам да претпоставам дека и со небрендираната се прават некои вакви слични работи :wink:
 
Нормално би било да се запали запленетата стока. А дистрибутерите на оригинали во знак на благодарност би можеле да донираат во домовите и останатите институции. Зошто пак децата од домовите да носат брендирани фалсификати, кои еден месец нема да им траат, само некои луѓе ќе го искористат тоа за да се сликаат. За овие шо продаваат оригинали со сите нишани не претставува никаков проблем да донираат по 3-4 илјади евра во стока. Ем ќе си добијат добра реклама. Не мора да ги полнат медиумните со кеш за реклами, оваа реклама е подобра и поефектна.
Но друго ми беше муабетот. Како успеваат фалсификатите да влезат на царина. Зошто мораат да се собираат од улица со специјалци. Зарем не е полесно да се запленат при царинењето? Сигурно дека сета стока е од увоз кај нас може се произведува нешто ама многу малку. Зошто работите се фаќаат од опашката?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom