Отворена нова индустриска зона - Скопје 2

Шишеџам-пишман Турска инвестиција-ЈОК
среда, 08 декември 2010, 17:15
Шишеџам-пишман. Турска инвестиција-јок. Производителот на стаклени шишиња од Истанбул кој требаше да гради фабрика во Бунарџик се предомислува. Според информации на Алфа, сегашното пролонгирање најверојатно ќе доведе и до целосно откажување на инвестицијата. Турците и рекле на Владата дека се уште немаат абер за влез во Македонија, иако меморандумот за инвестирање со премиерот Груевски го потпишаа уште пред година ипол. Тогаш, заедно со Владата се пофалија дека ќе вложат 45 милиони евра и ќе отворат 250 работни места. Најавите дојдоа десетина дена пред локалните и претседателските избори. Турците тврдеа дека не се дел од предизборната кампања, туку имале сериозни намери. Гледано според реализацијата, сериозноста, очигледно, исчезна по изборите.

Ресорниот министер за странски инвестиции Веле Самак, кој се сликаше на потпишувањето, сега се прогласи ненадлежен да даде одговор за инвестицијата на Шишеџам. Како и за оваа турска, премолча и за секоја од десетиците најавени а нереализирани инвестиции на Бунарџик. Остана запаметена неговата изјава во Мај 2008-мата кога од слободната економска зона што ја нарече ливада на заборавени ветувања и скршени соништа, вети дека за шест месеци таму ќе нема место за нова фабрика. Една година по истекот на тој рок, на Бунарџик се уште работат само Џонсон Контролс и Џонсон мети. Ги нема Словенечка Искра, Италијанската Техно Хос, Турската Отомотив, корејската Тривју, Француската Монтипе….

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=31150
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom