- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 45
- Поени од реакции
- 3
Роман – релаксирачки и возбуден. Лесно читлив. Мистичен. Егзистирачки. Мистериозен. Растревожен, а воедно тивок.
Несреќен случај кој менува живот на едно семејство.
Кошмар. Реалност. Љубопитство.
Насмевки кои се паметат за последен пат. Агонии што го толчат човековото битие, оставајќи безвредни траги низ времето. Авантура без ронка милост.
Возбудлива приказна низ времето, почнувајќи од Лондон до нова бесконечност – дел од непознатиот универзум, кој ниту научниците не можат да го откријат. Страв од непознатото им претставува пречка на тинејџерите да стигнат до целта. Спомени од минатото се надеж за нив.
„Еве нов талент на македонското книжевно небо: тоа е младиот средношколец Милош Димковски, со неговиор роман „Мистергонија“, дело кое го отсликува бурниот книжевен темперамент на младиот писател и го најавува како нова надеж на нашата проза. Младиот Димковски суверено владее со своите ликови, покажува смисла за конфликт, заплет и расплет, смисла за селекција на битното од небитното и испуштање на небитното ( елипси ), смисла за поентирање и што е најважно за еден писател – смисла за поставување прашања на кои ни философите немаат конечни одговори. Неговиот стил е динамичен, темпераментен, видлив, и тоа е она што ми дава за право да го препознам како надеж на идната македонска проза.“
Венко Андоновски
http://www.sakamknigi.mk/index.php?option=com_k2&view=item&id=297:милош-димковски&Itemid=6