Необични фамилијарни врски

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Во серијата Шехерезад еден од турците таму има сестра која што се омажи за неговиот брат, па оттаму ја добив инспирацијата да ја отворам оваа тема :icon_lol:, се зезам :icon_lol:.
Ајде посериозно поставување на тема.......

Значи темата гласи исто како насловот т.е. Необични фамилијарни врски, во нив спаѓаат сите сапунско сериски случувања или истории во вашата фамилија или за кои што сте слушнале, и нормално да бидат реални. Како на пример две сестри мажени за двајца браќа, па вујко на четиригодишна а внук на дваесетинекојагодишна возраст.

Ајде првин јас :icon_lol:, па вака имам две женски личности кои што ми се и братучетки и сваќи, сега ќе објаснам и како :icon_lol:. Мајка ми има присестра (нивна мајка) која што е мажена за човек кој што е брат на тетин ми, тетин ми е женет за тетка ми која што пак е сестра на татко ми, па така да по мајка ми ми се братучеди по татко ми сваќи :icon_lol:. Знам дека изгледа комплицирано не ме препрашувајте туку кој не свати нека чита уште еднаш :icon_lol:. Имате вие вакво нешто слично, јас искрено си мислам дека сум шампион во Шутка, односно на Кајгана форум :icon_lol:. Кој има понеобична фамилијарна врска од мојава има да му подадам рака и честам пиво.

Значи да се повторам темата е необични фамилијарни врски.
 
Кај мене е просто. Моите, сестра ми, баба ми, дедо ми, тетка ми, тетин ми и братучетка ми. Другите не ги знам, не живеат тука.
 
Значи темата гласи исто како насловот т.е. Необични фамилијарни врски, во нив спаѓаат сите сапунско сериски случувања или истории во вашата фамилија или за кои што сте слушнале, и нормално да бидат реални. Како на пример две сестри мажени за двајца браќа, па вујко на четиригодишна а внук на дваесетинекојагодишна возраст.

Не е нешто посебно. Имам прва братучетка која е на возраст на мајка ми :) Т.е. баба ми ја родила мајка ми на 42 години, а братот на мајка ми чива ќерка е братучетката моја, го родиле на 19 години :pos: И пошто се иста возраст нормално е и што нејзините деца се постари од мене, иако јас им паѓам нешто како вујко или тетин :)
Секогаш ме збунувале ова фамилијарниве врски :nesvest:
Не навлегувам повеќе во детали... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom