Антимакедонизам и на Велигден во Грција

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.161
Поени од реакции
1.322
И ЗА ВРЕМЕ НА ВЕРСКИ ПРАЗНИЦИ

Антимакедонизам и на Велигден во Грција
Наместо велигденско послание, солунскиот епископ Антимус одржал политички говор во кој побарал поддршка за грчката црвена линија во спорот со името притоа убедувајќи ги верниците дека Македонците не постојат

BA20871CFED3B640AAD09EDD1A53C976.jpg
Солунскиот епископ Антимус го искористи и Велигден за промоција на грчкиот антимакедонизам. Додека целиот христијански свет повикува на простување, добрина и вистина, на велигденската богослужба во солунската црква епископот ги убедувал верниците дека Македонците не постојат.
Наместо велигденско послание Антимус одржал политички говор во кој побарал верниците да ја поддржат грчката црвена линија во спорот со името. Македонците од егејскиот дел велат дека тоа е негова стандардна реторика поради која честопати е опоменуван и од грчкиот архиепископ.
И заменик-министерот за надворешни работи, Димитрис Друцас, не се воздржа и за Велигден да испрати порака до македонскиот државен врв. Во пресрет на новата рунда преговори закажана за средината на април, Друцас потенцираше дека името Северна Македонија дефинитивно припаѓа во пакетот кој Атина го посакува како решение за спорот со името.
Брисел пак во меѓувреме бара брзо решение за спорт со името. Евроамбасадорот Ерван Фуере неодамна посочи дека постои вистинска волја меѓу Македонија и Грција за решавање на прашањето околу името во следните месеци.
- Нема сомнеж дека постојат позитивни очекувања зашто двајцата премиери Груевски - Папандреу се сретнаа во Брисел за да ја зацврснат довербата која е неопходна за изнаоѓање конечно решение. Ќе има и нова рунда преговори, а и комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе, често ја повторува потребата од забрзување на ритамот на средбите со цел наоѓање компромис на задоволство на двете страни, без натамошни одложувања, изјави Фуере.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=29B091C260F7EE459737A8D5EFA70542
 
и ќе има лелек и чкртање со заби....:devil2:
инаку, ова грчкиве попови читаат ли Библија воопшто???

сатанисти!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom