Гихт

  • Креатор на темата Креатор на темата IBIZA SOUND
  • Време на започнување Време на започнување
I

IBIZA SOUND

Гостин
дали знае некој што болест е гихтот???

колку што сум запознат оваа ја викаат царска болест и најчесто се добива од јадење на многу количини на месо и јадење мрсна храна
последиците се оток во зглобовите на нозете итн......
 
Не беше тоа обратно од остеопороза? Окостување, закречување на зголобвите.
 
Гихтот е последица од нарушувањето на прометот на пуринските материи во организмот и таложењето на солите на мочната киселина (урати) во глуждовите и во внатрешните органи.

Гихтичниот напад, кој често се повторува, почнува со силни болки во палецот на ногата, коленото или во друг глужд и е проследен со црвенило, отоци и со лесно покачена температура.

Хроничниот гихт се манифестира со појава на гихтични јазли на прстите, лакотот, коленото, очните капаци, ушната школка и на други места. Последици од хроничниот гихт се вкочанетост и деформација на глуждовите и на внатрешните органи. Гихтот често го придружуваат артериосклерозата и шеќерната болест.

Иако постои предиспозиција за појава на гихтот, тој никогаш нема да се појави ако со начинот на исхрана не му дозволиме. Се смета дека гихтот е болест на луѓе што се прејадуваат со месо и јадат од лакомост, а не од потреба.

Големите месојадачи меѓу луѓето, особено оние од крвната група "А", се најчести жртви на оваа болест. Од гихт заболуваат и луѓе со другите крвни групи чиј систем за варење на храната не е во состојба да ги разложи белковините до аминокиселини, туку само до меѓупроизводот - мочна киселина - што претставува токсичен отпад.

Солите на мочната киселина - уратите - се таложат во глуждовите, понекогаш и во бубрезите и создаваат големи здравствени проблеми.

Многумина од заболените од гихт имаат насобрано големо количество белковини во цревата како резултат од долгогодишно јадење преголеми количества месо во еден или само два оброка во текот на денот, или често внесувале месо во ноќните часови, кога ензимските активности на организмот биле минимални или никакви.

Се разбира дека внесено на ваков начин, месото ниту можело да се разложи до аминокиселини и да се искористи, туку создало високи вредности на мочна киселина во крвта, а со тоа и соли, кои се таложат на разни места во организмот и го предизвикуваат заболувањето гихт со споменатите симптоми и последици.

Не треба да заборавиме дека човекот е дневно суштество. Биолошкиот часовник на човекот е програмиран и навиен според светлината. Ензимските активности на човекот се оптимални само во текот на денот, а во текот на ноќта, предвидена за пасивен одмор, ензимскиот систем се одмора. Тоа значи дека не можеме да очекуваме тој да работи оптимално ноќе и оптимално да ја вари тешко сварливата храна - месото - кога нам ќе ни падне на памет. Лакомите (стрвните) луѓе плаќаат висока цена за јадењето, за својата лекомисленост и неинформираност - ако внесуваат тешко сварлива храна еднаш дневно во преобилен оброк или во ноќните часови постапно, но сигурно ќе си го намалат квалитетот на живеењето и ќе го изгубат здравјето. Болните од гихт најчесто имаат зголемена телесна тежина, но некои луѓе што го имаат ова заболување се со нормална или дури тежина под нормалната. Најчесто акутната фаза на гихтот кај тие луѓе се јавува по летните одмори, кога напорната работа привремено е прекината, а телото престанало да лачи адреналин во поголеми дози, што се случува за време на напорна работа.

Последицата на злоупотреба на белковините во исхраната - гихтот - не се санира одеднаш преку ноќ. Санирањето на последицата, за жал, е долготраен процес, и само упорните и луѓето што веруваат во храната како лек можат да ги надминат тегобите.

Медицината на свој начин ја санира во овој случај последицата од неправилна исхрана, а нутриционизмот со променет режим на исхрана пред да се појават симптомите нуди помош што поскоро да ја надминеме болеста.

Во овој случај мораме да му помогнеме на црниот дроб да се прочисти за да може успешно да ја врши улогата на неутрализатор на токсините во крвта. Потоа треба да ја обновиме оштетената цревна флора со помош на пробиотиците бифидус и ацидофилус и да внимаваме прочистувањето на организмот да не го правиме одеднаш - нагло, бидејќи на тој начин можеме да ја влошиме состојбата.

За да ги надминете тегобите со променет начин на исхрана се препорачува:

  • Луѓето со крвни групи О, Б и АБ треба веднаш да го редуцираат консумирањето на црвеното месо од топлокрвните животни и да го заменат со риба, пилешко месо и со протеини од соја. Заболените од крвната група А треба да го исклучат од употреба месото, дури и пилешкото и мисиркиното месо и да го заменат само со риба, со соини протеини и со јајце се додека мочната киселина во крвта не биде во дозволени граници.

  • Внимавајте на количеството внесена храна со петте оброци во текот на денот. Не консумирајте тешко сварлива храна во текот на ноќта. По потреба во ноќните часови треба да се консумира само овошје.

  • Темелно џвакајте ја храната и не јадете набрзина.

  • Од исхраната треба да се исклучи прегореното сончогледово масло. Треба да употребувате ладно цедено маслиново масло. Во текот на денот може да се внесува концентрат од есенцијални масни киселини и тоа двапати дневно по десетина капки за време на јадењето.

  • Треба да се исклучи консумирање каков било алкохолен напиток, особено жестоките алкохолни напитоци.

  • Во текот на денот треба да се пие два до три литра вода. Кафето и чајот не се соодветна замена за водата. Од чаевите го препорачувам зелениот чај. Водата треба да ја пиеме со исцеден лимон без шеќер, заради можноста да го плакнеме организмот од непотребно насобраните токсини, за што поскоро подобрување на здравствената состојба.

  • Намалување на телесната тежина

Масти и масла

  • При припремање на некое јадење користете најмногу 2 лажици ладно цедено маслиново масло
  • Дневно не употребувајте повеќе од две лажици масло или маргарин/путер
  • Избегнувајте масни оброци најмногу што можете, а доколку не можете без нив не конзумирајте повеќе од 2 оброка НЕДЕЛНО.
Слатки, колачи...

  • Можете да консумирате слатки во умерена количина.Сепак имајте на ум дека многу слатки содржат скриени масти.
Месо, јајца, риба

  • Конзумирајте 1-3 оброци неделно риба (100-120 г)со отстранета кожа
  • Во потполност исфрлете ги од мени школките, морските плодови, мозок, црн дроб, слезенки...
  • Не конзумирајте повеќе од 1-3 јајца неделно
  • Пилешкото месо јадете го без кожа, затоа што таа содржи најмногу маснотии
  • Избегнувајте месни обработки
Грав

  • Консумирејте еден оброк неделно
Млеко и млечни производи

  • Секојдневно консумирајте 2-3 порции млеко или млечни производи
Житни култури, житни производи, компири

  • Консумирајте најмалку 3 дневни оброци богати со јаглени хидрати, но дајте им предност и на житните култури.
Овошје и зеленчук

  • Конзумирајте најмалку 2-3 порции на овошје и 3-4 порции зеленчук дневно - дајте им предност на свежите плодови.
 
дали знае некој што болест е гихтот???

колку што сум запознат оваа ја викаат царска болест и најчесто се добива од јадење на многу количини на месо и јадење мрсна храна
последиците се оток во зглобовите на нозете итн......

хм...болеста НЕ се добива од тоа. тоа е сложна метаболитна болест.
туку, симптомите на болеста се манифестираат при јадење на многу месо и др. прудукти богати на пурини
 
Здраво дечки,
Би сакал да Ве прасам дали некој имал проблем со оваа болест ( состојба ) и како се справувате. Станува збор за возрасен човек на кој веке трет пат му се случува ова заболување во рок од 7 години. Дали можеби некој има информација за некој народен лек ????
Благодарам !!!
 
Марвине,јас го закачив од помлади години гихтот,имав неколку пати напади кои траеја по неколку дена.Се смируваше со indometacin + alopurinol 100.
 
а може некој да пообјасни шо болест е до на шо мава кои се симптоми заболувања алтернативи и ред други работи ?
 
а може некој да пообјасни шо болест е до на шо мава кои се симптоми заболувања алтернативи и ред други работи ?
Еве линк ваму пишува шо дијагноза и терапија да се употреби http://www.zazdravje.com.mk/upload/content.php?358-Гихт

(y)
 
е фала ти џену. го видов и тој пост ама пошо пишуваше дијагноза и терапија претпоставував дека нема опис на болеста туку само совети како да се отстрани. ај за во блиска иднина прво ке отворам линкови па ке коментирам :)
 
gout.gif

Гихтот е форма на артритис која се појавува кога нивото на уричната киселина се зголемува во крвта и предизвикува воспаление на зглобовите.
  • Акутен гихт зафаќа еден зглоб.
  • Хроничен гихт вклучува повеќе зглобови и болката и воспалението се повторуваат.
Гихтот го предизвикува зголеменото ниво на урична киселина во телото кое се должи или на премногу создавање на урична киселина, или на недоволно излачување на истата.
Ако премногу урична киселина се натрупа во синовијалната течност во зглобовите, формира кристали кои предизвикуваат отоци и воспаление на зглобот.

Точната причина за појавата на гихт не е позната. Може да го имаат повеќе членови на исто семејство. Почест е кај мажите, кај жените во менопауза, и кај луѓе кои често конзумираат алкохол. Пациенти кои се на терапија со диуретици, имаат повисоки нивоа на урична киселина во крвта.

Гихтот може да се јави и кај пациенти со:
  • Дијабетес
  • Заболувања на бубрезите
  • Гојазност
  • Српеста или други видови на анемија
  • Леукемија и други видови на канцер
Заболувањето може да се јави и кај пациенти кои земаат лекови кои интерферираат со елиминирањето на урична киселина од организмот.

Симптоми на акутен гихт:
  • Отечен прст, колено или зглоб;
  • Болката започнува ненадејно, често за време на ноќта;
  • Зглобот е отечен, топол и црвен. Често е осетлив, не трпи ни чаршав врз него;
  • Може да се јави и грозница;
  • Нападот на гихт може да се изгуби по неколку дена, и пак да се врати одвреме-навреме.
После првиот напад, нема никакви симптоми, но барем половина од пациентите добиваат и втор напад.
Кај некои пациенти, акутниот напад преоѓа во хроничен. Болката станува константна, зглобот се оштетува и му се нарушува движењето.

Испитувања:
  • Анализа на синовијалната течност (покажува кристали на урична киселина)
  • Урична киселина во крвта
  • Снимање на зглобот со х-зраци
  • Синовијална биопсија
  • Урична киселина во урината
Висока концентрација на урична киселина во крвта не значи дека пациентот има гихт.

Терапија:
  • Нестероидни антиинфламаторни аналгетици
  • Аналгетици
  • Кортикостероиди
  • Колхицин
  • Алопуринол
Лековите не се земаат на своја рака, мора да ви ги препорача лекар.

Треба да се внимава и на исхраната:
  • Да се избегнува алкохол
  • Да се намали исхраната богата со пурини (сардини, харинга, џигер, грав и грашок, печурки, спанаќ, карфиол и квасец).
  • Да се ограничи месото кое се јаде со секој оброк
  • Да се внесуваат доволно јаглехидрати
  • Доколку се држи диета за слабеење, тоа да се прави постепено. Нагло губење на телесната тежина може да доведе до појава на камен во бубрезите од урична киселина.
Адекватен третман на акутен гихт овозможува нормален живот. Сепак, акутниот гихт може да премине во хроничен.


Ај малце помош, некој со слично искуство, зошто болдираниот дел ми прави паника.
Дечко ми денес го „израдуваа“ со дијагнозата и му дале милион апчиња за пиење на подолг период
 
Здраво луге,
Правам дипломска на темава и ми треба помош доколку некој од вас боледува или знае некој што боледува од оваа болест.
Пред се, ме интересира како се справувте, колку сте информирани, какви лекови користите, колку чинат истите, колку ви помогнале....итн итн...а после ќе ви кажам за што ставува збор :)))
Фала ви однапред!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom