Пазарот на трудот во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата filip_butel
  • Време на започнување Време на започнување
по семејство де....


имав понуда да заминам за канада, и кога ги прашав зошто би заминал канаѓанинот ми вика -

за 10 години ке имаш кука и две коли

- па јас сега имам кука и две коли, зошто би заминал????

------------------------------------------------------------

имам роднини таму, и тие работат ко црнци, и тие штедат, и тие имаат хипотеки на куката и кредит на колата, подобро е да но не за десетпати, платата е америчка ама трошоците не се македонски....

dve koli??? od burago ili od machbox???? :)
 
Ај да се убацам со едно прашање.
Да не знае некој нешто повеќе за саемот на кариера од 14 до 16ти овој месец на Скопски саем?Шо ќе се дешава таму?Ако знаете од искуство по шо ја до сеа неам идено и4..????



Имате ли искуство со електронскиот саем на кариера на

https://mojakariera.com.mk

Ти спамер си или?

Ако бараш факултет оди,разгледај.АКо бараш работа не ја плаќај картата за џабе:smir:

Имаме,затоа и пишавме.
 
Уствари ја на тој сајт невидов да бара некој за вработување,бараат лица за пракса тоест робовска снага ! да ти ебат матер поштено и на крај да ти дадат некое пусулче, али ова шо бараат дистрибутери за пракса мие нај смешно,и електричари за одржување :pos2:
 
Муратовски сменет, фотелјата ќе ја брани со полиција

Ванчо Муратовски е симнат од претседателската фотелја на Сојузот на Синдикатите на Македонија, но нема „лесно“да се откаже од неа додека не му заврши функцијата. Фотелјата ќе ја брани и со полициско обезбедување, ако „некој“ насила сака да му ја одземе.

Ова е епилогот од вчерашната седница на Советот на ССМ на која мнозинството членови одлучија да го сменат Муратовски, кој на претседателската фотелја се задржа 9 години. Досега сите обиди за негова смена завршија со неуспех. За негов привремен заменик е назначен Живко Митревски, претседател на гранскиот Синдикат за шумарство. Муратовски смета дека Советот на кој е донесена одлуката е нелегитимен и тој е претседател се' додека не се донесе легитимна одлука за негова смена. Според него, седницата „не била свикана на начин како што треба, ниту на вистинско место“.

- Ништо од тоа што тие го носат не е легитимно. Како прво, не е легитимен начинот на кој се собраа - изјави Муратовски и додаде дека ова е четврти или петти пат како неформална група членови на Претседателството или Советот се состануваат и носат „некакви квазиодлуки“. Тој обвини дека човекот што претендирал за функцијата претседател на ССМ примал приходи од четири места.

- Ова е очигледно правење преврат во ССМ по диктат на власта, бидејќи очигледно синдикатот е една од последните институции каде што нема контрола. А, ССМ им треба во пресрет на предвремените избори и потоа - вели Муратовски.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7CB03F2914C3AE49BDB7F8554E0EA8C3

Како ќе испадне работава?Реформи и чистки кои веќе се оддамна потребни, или пак нов робовладетел ќе го замени стариот?
 
Се бара книшка на ВМРО? Јас би сугериралч на загрозените за егзистенција да појдат по патот на многумина, земете книшки од сите партии, белким некаде ќе упали. И така не се бара стручност и компетентност.
Како беше поставен членот на Републичкиот судски совет???:jaj::jaj::jaj:
Кој е тој????:drk::drk::drk::drk::drk:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom