Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635

Подолго време утврдувањата во Македонија беа цел на пропаганди и невистини, селективно прикажување на вистината, Југословенската Грчката и Бугарската пропаганда ги прикажуваше како средновековни а со тоа и Словенски, секој се разбира употребувајки ги за свои цели, тогашна југославија да го јача словенскиот дух и единство, бугарската да ја прикаже бугарштината во Македонија а грцката да не отсече од древните корени, Скопското Кале ни беше прикажувано како Турско, Охридските тврдини како Самуилови додека Киклопските ѕидини беа целосно цензурирани и неистражени.

Дваесетина монети со ликот на Филип Втори Македонски и други антички македонски кралеви деновиве се пронајдени на локалитетот Киклопски ѕидини, кој се наоѓа над патот Охрид - Струга. Оваа информација ја потврдува и директорот на Управата за заштита на културното и историското наследство, Паско Кузман.
"Откриено е и депо со околу илјада стрели" - вели Кузман, според кој станува збор за ексклузивно откритие на овие простори. "Ова, додава Кузман, само ја потврдува претпоставката дека оваа тврдина започнала да се гради после 358 година п.н.е. кога Филип Втори со својата војска поминал низ овие простори, а Киклопските ѕидини долго време претставувале стратешка позиција за војската. На монетите се прикажани ликови на Филип Втори и на владетели после него. Сè уште не се доволно исчистени, но на неколку се гледа ликот на Филип Втори. Тоа е времето на античка Македонија, таа била доминантна цело време додека постоела. Откриени се не само монети, туку и многу други предмети од тој период, бронзени фибули, керамички садови. Во акрополниот дел е најдено депо со околу 1.000 парчиња стрели кои беа сместени на едно место. Сето тоа укажува дека ова било воено упориште" - рече Паско Кузман.
Овие податоци се значајни не само за науката, туку и за туристичката понуда на Охридско-струшкиот регион и Македонија. Ископувањата кај Киклопските ѕидини ќе продолжат на 15 април. Од Управата најавуваат дека наскоро сите досегашни пронајдоци ќе ги прикажат пред целокупната јавност.