Домот за стари лица е убаво решение и за старите и за младите, бидејќи едни на други нема да си ги префрлуваат фрустрациите ако живеат заедно. Иако денеска старите заради многу причини (а пред се сигурната пензија, која покрива многу нешта во семејниот буџет) се потребни на младите за да функционираат, сепак домот е подобро решение. Како што рече Леандра, во домот им е нивниот свет, нивното време во кое тие ќе продолжат да живеат, дури и да доживеат второ раѓање и нема како кога се со младите, постојано да споменуваат: „ех да си умрев, подобро ќе беше“. Што се однесува до условите, постојат приватни домови (има еден кај Неготино) за стари лица каде што услугата е на ниво и старите лица се чуствуваат пријатно и удобно. Ги нудат сите нормални услови за еден живот, кои за многумина стари претставуваат подобри отколку оние што ги имале во сопствениот дом.