- Член од
- 30 август 2008
- Мислења
- 2.232
- Поени од реакции
- 286
19.03.2010 15:51
Трајан Гоцевски
Молк во НАТО, но и во земјава за членството на Македонија во алијансата. Владиниот работен комитет за членство во НАТО немал состанок веќе две години.
Алијансата пак идната седмица испраќа инспекциски тим во редовна обиколка на реформскиот процес само поради тоа што Македонија се уште е кандидат за членство.
„Не споменувањето на Македонија е штетно и едноставно сите чекаат да се реши името, чувствуваме сите пред Букурешт колку се спомнуваа сите три држави, денеска скоро не се спомнува, така што ние дефинитивно ќе мора да ги засилиме дипломатските напори, со лобирање, со афирмирање на нашите вредности и се разбира мора да се засилат дипломатските напори за разрешување на самиот спор“, изјави Лазар Еленовски, поранешен министер за одбрана.
Министерството за одбрана ја претстави новата стратегија за одбрана која се темели врз членството во НАТО. Така е организирана и армијата. Македонија учествува во мисии на НАТО како веќе да е членка на алијансата, но сојузниците не се обврзани да и пружат заштита во случај на безбедносна закана.
„Ако тој период се продолжува, може да се случи да дојде да се преиспитува исполнувањето на критериумите кои што досега сме ги постигнале. Друго, може да дојде, меѓународната ситуација е многу променлива и во последните години тоа се чувствува, приоритетите на НАТО да се поместат“, вели Трајан Гоцевски, поранешен министер за одбрана.
И двајцата поранешни министри за одбрана се согласуваат дека ваквата вакуум ситуација е штетна за Македонија и не смее да се дозволи да трае подолго време.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=121180