Според Министерството за култура, надлежно за регулативата за авторски интелектуални права, недозволиво е само одредени кабелски оператори да имаат ексклузивност врз програми со превод на македонски јазик
Комисијата за заштита на конкуренцијата испитува дали на пазарот на кабелски телевизии се создава незаконски монопол од компании што имаат ексклузивни права да реемитуваат одредени странски канали со превод на македонски јазик. Постапката била отворена откако кабелскиот оператор „Кејблтел“ обвини дека националните оператори „Уан“ и „Ти-хоум“ си ги присвоиле ексклузивните права за пренос на одредени програми со македонски превод.
Според Министерството за култура, надлежно за регулативата за авторски интелектуални права, недозволиво е само одредени кабелски оператори да имаат ексклузивност врз програми со превод на македонски јазик. За разлика од Министерството, во Советот за радиодифузија, институција што треба да ги спроведува прописите за заштита на авторските права, сметаат дека во тоа нема ништо спорно.
Чедомир Краљевски, претседател на Комисијата за заштита на конкуренцијата, потврдува дека е отворена постапка за овој предмет.
- Во овој период нашите експерти ги собираат сите потребни податоци за работата на кабелски оператори. Рано е да се донесе заклучок дали со ексклузивните договори се прекршува Законот за заштита на конкуренцијата - вели Краљевски.
Во Министерството за култура велат дека ексклузивноста, односно исклучивото пренесување на правото за кабелско реемитување со превод на кој било јазик, вклучувајќи и на македонски, не е во согласност со домашните и европските регулативи.
- Исклучивото пренесување не е во согласност со директивата 93/83/ЕЕЗ за координирањето одредени правила што се однесуваат на авторското право и сродните права и се применуваат на сателитско емитување и кабелското реемитување. Потоа со Законот за авторското право и сродните права, како и со уставните гаранции за слободата и рамноправноста на пазарот и претприемаштвото - вели Олгица Трајковска, раководителка на секторот за авторско право и сродни права при Министерството за култура.
Во Министерството велат дека е потребна итна промена на Законот за радиодифузна дејност, бидејќи се покажало дека сега одредбите стануваат пречка за заштита и афирмација на македонскиот јазик. Станува збор за обврската за титлување на македонски јазик на програми што се реемитуваат со титл што е различен од јазикот на кој се произведени.
- Одредбата од Законот за радиодифузната дејност (членот 82 став 2), иако пропишана со добра намера за заштита и афирмација на македонскиот јазик, поради својата некохерентност и неконзистентност со вкупниот правен систем и принципите на меѓународното право предизвикува несогледливи штетни последици во сферата на радиодифузијата, пазарот и авторското право и сродните права.Таа прерасна во конкретна пречка за заштита и афирмација на македонскиот јазик од сите субјекти на пазарот. Тие мора да уживаат рамноправен третман наместо да бидат оневозможени да го користат македонскиот јазик во согласност пропишаната законска обврска - велат во Министерството за култура.
Оттаму додаваат дека Министерството со години во многу официјални обиди аргументирано инсистирало на измена на Законот за радиодифузната дејност.
Зоран Стафеноски, претседател на Советот за радиодифузија, пак, вели дека нема ништо спорно во обезбедувањето ексклузивитет за реемитување одредени канали со превод на македонски јазик. Во Министерството за култура ваквиот став на Советот го оценија како погрешен и сметаат дека е донесен поради незнаење и непознавање на соодветната регулатива.
инаку овае извадок од нова македонија
ме интересира вашето размислување на оваа тема