Туторијал: Како да стартувате веб сервер (Windows)

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Локација
Кајгана
Демонстрација како да покренете веб сервер, локално, на вашиот компјутер. Со тоа ќе можете да покренете веб страна или да поставите фајлови на вашиот сервер и потоа да пристапувате од било која локација која е поврзана со Интернет односно да се поврзувате со вашиот сервер и со тоа да ја прегледувате страната или да симнувате фајлови.
Туторијалот ќе содржи и неколку слики за полесно да ја разберете постапката иако сметам дека оние што имаат основни познавања во овие делови нема да имаат поголеми проблеми да го следат туторијалот.

Ќе работиме со Abyss web server се одлучив за него бидејќи е прилично едноставен за да може сите да го разберат. (Слободен софтвер)

Напомена:
Постојат голем број на слободни програми кои можете да ги користите и нудат различни опции. За почеток ќе го разгледаме овој софтвер кој е лесен за разбирање и не е потребно претходно искуство и напредно знаење.

Што ќе опфати туторијалот:


-Инсталација на едноставен софтвер што ни е потребен за работа на веб сервер.
-Конзола на серверот и изменување на опциите.
-Public folder пристапување до него (делот кој ќе ви се прикажува на browser).
-Сетирање на рутер и огнен зид за да може да се пристапува до серверот надвор од вашата мрежа (доколку сте во LAN во локална мрежа).
-Поставување DNS односно мапирање на IP со бесплатно домеин име за да пристапувате до серверот со име, преку browser-от).
-Порти и останати сетизни кои ви се потребни.


1. Инсталација на софтверот


Најпрво треба да го симнете софтверот - Abyss web server

Откако ќе го спуштите, ќе започнете со инсталација.
Кога ќе стигнете кај делот за да одберете како да се стартува одберете да се стартува како Сервис и со тоа веднаш по вклучувањето на компјутерот ќе се стартува и серверот.


abyss1.jpg



Потоа продолжуваме понатаму, ќе се заврши инсталацијата.
Пред да се стартува серверот можно е да биде блокиран од windows firewall и соодветно ќе притиснете на Allow access (Vista, Win7)

Откако ќе одблокирате ќе бидете префрлени на вашиот веб прелистувач на следната адреса http://127.0.0.1:9999/ и ќе влезете во главната конзола на серверот

Пред да продолжиме кратко објаснување што значи болдираното.

http е веб протоколот.
127.0.0.1 ни е повратната адреса на вашиот компјутер односно адресата на локалниот хост.
9999 е број на порта на која ќе работи конзолата на вашиот сервер на која ќе пристапувате за да изменувате опции. Тоа значи ви треба IP:PORT за да влезете во конзолата вие ќе испишувате http://127.0.0.1:9999/
Во конзолата на почетокот ќе забележите дел да одберете јазик. Ќе одберете Англиски на листата.

Ќе ви биде побарано да внесете корисничко име и двапати лозинка за да се зачува вашиот администраторски акаунт.

abyss2.jpg


Потоа влегувате во конзолата од каде ќе го контролирате вашиот сервер.


2. Конзола на серверот и изменување на опциите


Конзола за изменување на главните опции на серверот прикажана на сликата.

abyss11.gif



Тука во делот hosts може да се стопира серверот со притискање на Stop и дел кој кажува дека истиот работи на порта 80 значи по default на http.

Под делот за стопирање на серверот има неколку делови како Server Configuration, Console Configuration, Server Statistics можете да влезете во сите одделно и да видите какви опции ви се на располагање.

Пример во првиот дел Server Configuration можете да ограничувате bandwidth.
Во вториот дел Console Configuration можете да забранувате опсег на адреси или само одредени IP адреси.
Во Server Statistics имате детален приказ и статистика на вашиот веб сервер.

Потоа доколку влеземе во делот Configure имаме дополнителни опции за серверот.

Делот Configure

AbyssConfigure.jpg


Во General имате дел Documents Path и откако ќе внесете патека до некој фолдер, тој ќе ви претставува јавен фолдер за фајлови и се што ќе внесете во него ќе биде прикажано заедно со index страната (опишана во делот 3.)
Така на пример можете да внесете музички фајл и тој ќе биде видлив кога ќе се пристапува до локацијата на серверот преку browser-от и корисниците можат да го преземат музичкиот фајл.

Во Index Files можеме да поставуваме имиња на фајлови во htdocs (опишан во делот 3. и да поставуваме соодветни имиња на фајловите што сме ги означиле да бидат видливи како главна страна).

во Users and Groups соодветно може да се креираат корисници и групи што ќе му пристапуваат на серверот.

Во Access Control можете да поставите лозинки за одредени локации односно фолдери.


3. Пристапување до Public folder (главната страна видлива на Интернет)


Откако го инсталиравте софтверот и проверивте некои од опциите во конозолата сега е на ред да ја провериме главната страна на серверот.

Пред да ја видиме главната страна на серверот, ќе пристапиме до неа.
Пристапете на следната локација.

C:/ или онаму каде ви е инсталиран серверот па потоа пронајдете го делот Abyss web server влезете во него и најдете го делот htdocs.

Тука во него се наоѓа фајл со име index, односно главната страна на серверот која се прикажува со пристапување до вашата адреса на серверот. (Или оние имиња на фајлови кои ги впишавте во претходниот чекор во делот Index Files да бидат видливи како главна страна).

За да ја измените, десен клик и отворете ја со notepad. Тука можете да ја изменувате со помош на html код и да поставите едноставна ваша веб содржина која сакате да биде видлива.

Доколку се вратите назад во делот log и потоа во access фајлот можете да гледате детално од кои адреси ви пристапиле до серверот.

Сега она што треба да го направите е да отворите browser и да пристапите до http://127.0.0.1 или http://localhost или http://127.0.0.1:80

Ќе ви се отвори главната index страна и доколку сте измениле нешто соодветно ќе биде прикажано.

Доколку не сте ја измениле ќе ја видите default страната.

abyss3.jpg



4. Рутер и огнен ѕид (приватна мрежа ослободување на порта 80)


За да се пристапува правилно до вашиот веб сервер овој дел ни е најважен.
Важно: Доколку немате LAN мрежа (рутер) и вашиот компјутер е поврзан директно во модем немате потреба да го следите овој чекор веднаш продолжете на делот 4.

Кога имате локална мрежа сите компјутери во мрежата имаат приватни локални адреси. Пример 192.168.0.2. Кога вашиот компјутер излегува на Интернет тој добива јавна адреса од провајдерот односно приватната се конвертира во јавна адреса, пример 74.28.143.128 (NAT постапка)

Според тоа оној што пристапува од надвор до вашата локација на серверот пример 192.168.0.2. и мора да овозможите port forwarding односно да се ослободи соодветната порта на која работи серверот во случајов порта 80 за да може рутерот да насочува пристап до вашиот сервер бидејќи во спротивно нема да знае каде да ги препраќа пакетите во вапата внатрешна LAN мрежа.

Најпрво влезете во вашиот рутер адресата е обично 192.168.0.1 или 192.168.1.1.

Потоа дополнително пристапете на следнава адреса http://portforward.com/ ќе го најдете вашиот модел на рутер и ќе го следите упатството за да ја ослободите порта 80 односно http за вашиот веб сервер.

Продолжете во опциите на вашиот рутер да ја ослободите http портата.

Напомена:
*Доколку сметате дека не можете да се снајдете и/или имате проблеми консултирајте се со стручно лице или пишете тука во темата.
*Со отворање на портови го правите вашиот компјутер небезбеден и потребна е друга дополнителна заштита.

Исто така доколку користите огнен ѕид дозволете ја страната за да се пристапува соодветно на серверот.


5. Мапирање на IP адреса со DNS

ВАЖНО: Доколку провајдерот ви овозможил статичка адресата можете да го скокнете чекорот.

Како што пристапувате на порталот http://kajgana.com тој DNS (domain name) е мапиран на одредена статичка адреса пример 10.64.0.1.
Доколку користите DSL конекција вашата адреса постојано се менува од страна на провајдерот односно таа е ДИНАМИЧНА IP адреса. Со тоа доколку им дадете на корисниците моментална адреса таа кога ќе се смени тие нема да можат да пристапат со онаа која што сте им ја дале претходно.


Затоа за да ви пристапуваат од надвор доколку користите динамична адреса треба да користите DNS. Проверете за слободен DNS на страната http://www.no-ip.com/

Тоа што треба да го направите е да се регистирате па потоа да одберете бесплатно домеин име со додатна наставка .no-ip.org да го симнете клиентот и да го внесете името и лозинката кои сте ги креирале. Со тоа ќе ви се ажурира dns името кое сте го креирале и ќе ја мапира динамичната адреса. Клиентот ќе треба да ви работи постојано исто како и софтверот за серверот.

Напомена:
*Доколку користите статички адреси исто така можете да го следите овој чекор бидејќи дополнителна заштита е ако се пристапува до серверот со DNS отколку директно бидејќи така јавно ја оставате вашата адреса.

Потоа за да пристапите на серверот преку browser ќе го користите DNS името што сте го креирале пример: http://abcdefg123456.no-ip.org
Доколку имате статичка адреса и не користите DNS директно впишете си ја адресата пример: http://10.64.0.1

Приказ на клиентот со вашиот DNS
image003.jpg



За нејаснотии обратете се тука на темава.

Очекувам ваши коментари и прашања!



 
Добар туториал за почетници кои сакаат да се занимаваат со сервери.Го препорачувам Abyss бидејќи го користив едно 3-4 години,мн полесен заразлика од апач:)
 
Можеше да се покрени и IIS, на Windows. Само, има доста заебанции во поддесувањата. Патем, IIS ако знаеш да го поддесиш може да работи и ASP и PHP сајтови.

Инаку не си наведил, Abyss web server е каков тип на сервер? Препознава ASP код, или PHP? Освен тоа, за секој почетник добро е да има и некаква база на податоци.

Затоа јас би одел со варијантата Wamp сервер. Базиран на Апачи со MySQL бази на податоци. Лесен и едноставен за употреба, без којзнае какво конфигурирање.
 
Можеше да се покрени и IIS, на Windows. Само, има доста заебанции во поддесувањата. Патем, IIS ако знаеш да го поддесиш може да работи и ASP и PHP сајтови.

Инаку не си наведил, Abyss web server е каков тип на сервер? Препознава ASP код, или PHP? Освен тоа, за секој почетник добро е да има и некаква база на податоци.

Затоа јас би одел со варијантата Wamp сервер. Базиран на Апачи со MySQL бази на податоци. Лесен и едноставен за употреба, без којзнае какво конфигурирање.
Знам дека php подржува има да се подеси.
Но за асп.нет не сум сигурен ама мислам дека ќе може.
А да,исто така и wamp е добар,но мислам за почетници и abyss е доволен.
 
Фала за коментарите.

Можеше да се покрени и IIS, на Windows. Само, има доста заебанции во поддесувањата. Патем, IIS ако знаеш да го поддесиш може да работи и ASP и PHP сајтови.

Инаку не си наведил, Abyss web server е каков тип на сервер? Препознава ASP код, или PHP? Освен тоа, за секој почетник добро е да има и некаква база на податоци.

Затоа јас би одел со варијантата Wamp сервер. Базиран на Апачи со MySQL бази на податоци. Лесен и едноставен за употреба, без којзнае какво конфигурирање.

Abyss поддржува PHP
Инаку целта на туторијалот е да се запознаат корисници кои имаат минимални знаења но и минимални потреби. Во случајов html код би им завршил работа. Или да го користат како ftp за пренос на податоци. Затоа сметав дека не е потребна база и премногу кодирање.

Што се однесува до WampServer тој е убедливо најдобар сервер на пазарот комплет (Apache, PHP и MySQL) но и за посложени потреби бидејќи PHP е сепак за понапредни корисници.
Јас конкретно би одел со Apache но за почеток софтвер како Abyss се сосема доволни за користење. (Како што наведов на почетокот има многу голем избор на слободен софтвер според тоа експериментирајте што ви одговара).
 
Случајно налкетав на темава и ми се виде интересна. Почнав да го следам упатството но заглавив на делот кај што треба да го сетирам рутерот за порт 80. Го инсталирав ПФЦонфиг за до го сетирам рутерот и во делот кај што треба да одберам која програма, на листата го нема Абис серверот.

Што понатаму??

Поздрав,
 
Случајно налкетав на темава и ми се виде интересна. Почнав да го следам упатството но заглавив на делот кај што треба да го сетирам рутерот за порт 80. Го инсталирав ПФЦонфиг за до го сетирам рутерот и во делот кај што треба да одберам која програма, на листата го нема Абис серверот.

Што понатаму??

Поздрав,

Го немам инсталирано овој сервер и неможам да ти помогнам при инсталацијата.Но како за почетник, можам да ти препорачам да пробаш со Xampp, лесен е за инсталација и конфигурирање, програмот во себе вклучува Apache server, PHP, PhpMyadmin, MySql итн
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom