Македонија по Хрватска со најдобри економски резултати во ех-ЈУ

  • Креатор на темата Креатор на темата bitushanec
  • Време на започнување Време на започнување
Би сакал да го изразам своето мислење и став (a воедно и ставот и мислењето на повеќето луѓе од Република Никарагва) на доста фин и културен начин за да не се навредат „фајтерите“ (the fighters) со оптимистички настроен дух.
Alright, let's get down to business.
Македонија нема да има економска перспектива и во иднина, поради следниве причини:

1. Македонија од 1990 година, па наваму си има проблеми со Грција, која нажалост на секој можен начин го успорува напредокот на оваа држава.Згора на тоа, Грција како земја има подршка од западноевропските земји, како и од самата Русија.А тоа би значело дека каде и да се сврти Македонија, патот ќе им биде секаде блокиран.Знак прашање е сега, дали Грција ќе ја изгуби подршката од ЕУ (поради големите долгови што ги имаат 300 милијарди евра).Доволен доказ за тоа дека патот ни е секаде блокиран, беа протестите во 1992 година во Солун, кога излегоа по улиците да протестираат 2 милиона Грци, и со тоа успеаа да ја присилат ЕУ да го смени ставот кон Македонија, а и воедно да не присилат нас да го промениме името во FYROM.Го заборавив и ембаргото, ете да го напишам и тоа тука, а и војната во Југославија каде учествуваме со наши трупи во Вуковар под водство на тогашниот капетан Мирослав Стојановски.Згора на се, се случи и скандалозната приватизација (која беше слична по модел на хрватската), каде се собираше целиот капитал од државните фирми од страна на Киро и компанија, воедно се затвораа фабриките, отпуштаа работниците, и се оставија тие ѕидови да фаќаат мувла, а и машините да фаќаат рѓа.Тоа продолжува до ден денес.А тоа го направија се со цел, некој македонски олигарх да ги купи тие фабрики.Нормално, откако ќе изгубат вредност.
Нормално, во нивно време исто така беше сменето и знамето (во 1995 година) на Македонија, и сето тоа беше сторено за еден куфер со пари, златен Ролекс и една грчка античка скулптура.
Преродбата продолжува, во 1999 година каде голем број на косовски избеглици (воедно и мафијаши и шверцери) беа примени на наша територија, од камповите што беа поставени за избеглици, и им беше дадено државјанство со амин на еден наш покоен претседател.Како благодарност, Македонците добија зголемен шверц на цигари и алкохол, преку границата во Западна Македонија, доби еден куп дивоградби од страна на Косовари (кои и ден денес не го знаат македонскиот јазик).И згора на се не плаќаат даноци; не плаќаат комуналии; не плаќаат сметки ама баш ништо не плаќаат.И добивме војна, нормално.
The saga continues со Љубчо Георгиевски, каде во негово време се случи скандалозната продажба на „ОКТА“ и „Македонски Телекомуникации“, со образложение дека треба да се купи оружје, како и хеликоптери а и авиони за воениот конфликт во 2001 година.Се е тоа во ред, но да го прашаме дотичниот и луѓето во кругот на дотичниот колку пари се наполнија од таа продажба, и колку од нив извадија бугарски пасош.Како благодарение Македонците добија охридска капитулација, повисоки сметки за телефон како и за гориво, полно бранители без нога или без рака да просат по улиците и да молат по институциите за пари, за да можат да крпарат крај со крај секој месец.До ден денешен нивниот статус не е решен.Да не говориме, и за југот што беше целосно продаден на Грците, и како благодарност Македонците добија нови робовладетели......Каде немаат ама баш никакви права.Говорам за работниците по фабриките за текстил, и.т.н. во тој дел.
Да не продолжуваме понатаму 2002 година во времето на администрацијата на Буч, каде типот славеше Илинден со Бугарите, го продаде ЕСМ, па се случија масовните протести во Струга кога го опколија од сите страни (не се сеќавам поточно за што беа тие протести).
Во генерала го напишав најважното, односно кои се виновниците за денешната ситуација во Македонија.
Денеска, оваа влада функционира на принципот „фрли рипче, фати крапче“.
Ќе направат нешто ситно, колку народот да се запали, и да му го отргне внимането од она што се случува во државава.
Примање Албанци преку ред и вработување по државни институции, добивање на права на борците на ОНА, музејот на ОНА во Чаир, Скендербег во Чаир, допуштањето на Албанците да ја омаловажуваат и понижуваат оваа земја, а воедно и нашата историја и идентитет како што сакаат, со една реченица: Тие имаат поголеми права и од Македонците.Нажалост!
А Македонецот, стигна до таа ситуација да моли за работа, и воедно да не биде примен на работа во некоја институција зошто Албанецот нели има предност; стигна до таа ситуација да мора да вади партиска книшка за вработување, зошто ако нема партиска книшка ќе биде оставен на милост и немилост, а дома има фамилија која треба да ја прехрани; да ја школува; да плаќа сметки; даноци и.т.н.
Дваесет години, од осамостојувањето на Македонија, Македонците го добија денеска ова:
- Да плаќаат даноци, а воедно со тие даноци да не се гради инфраструктура, железничка инфраструктура и.т.н.
-Да моли за работа и да гледа како некој Џемо Балист е примен преку ред на убаво работно место, од кое ќе може да се школува, плаќа сметки, и.т.н.Што е најтрагично дедото на Македонецот пример бил некој партизан или некој илинденец кој се борил против истите овие, и ја градел државава се со цел да му обезбеди подобра иднина на својот внук и своето поколение.Сигурно сега се превртуваат во гроб.
-Да треба да вади партиска книшка за да се вработи во некоја фирма, а и тогаш многу тешко до некоја работа, со оглед на тоа колку фабрики функционираат во државава, зошто нели само се гради благодарение на нашите промотери од Ибица.И ред други работи, ми ја разбравте поентата.
Е сега ќе ве прашам, каква е таа перспектива која ја имаат Македонците (овдека не говорам само за економска, туку буквално за се) покрај овие работи што се случуваат денеска во оваа држава??Никаква.Државата ТОНЕ!!!
Ако ова е нашата иднина, ова што се случува денеска во државава тогаш да ти (тииит цензура) државата и да ти (тииит цензура) државата.
Јас многупати сум пишувал, што треба да се направи за да се излезе од оваа црна дупка, и воедно што треба да се направи за да можеме ние да се спротиставиме на нашите непријатели, но нажалост сите овие работи погоре произведоа искомплексирано општество, или произведоа луѓе кои гледаат само за себе, и за тоа како до повеќе пари.Не ги интересира држава, не ги интересира ама баш ништо.
Од една страна со целосно право, но од друга страна............Не!А зошто не, веќе имам пишувано многупати и искрено смачено ми е веќе.
Да не должам повеќе, ви благодарам што го прочитавте моето мислење, како и мислењето на повеќето работници на брод за банани од Република Никарагва.
Јас сега, како чесен граѓанин морам да одам до банка, да прашувам за кредит (односно да се задолжувам како граѓанин кој има економска перспектива во државава), за запишување на факултет.После толку време конечно!На ....... (тие што знаат, знаат колку години имам, тие што незнаат се надевам ќе дознаат еден ден) година и прашање е дали ќе ми дадат.
Нека не ме разберат фајтерите погрешно, јас сеуште си ја сакам историјата и нашиот идентитет и за ништо на светот нема да ги променам, но треба да се удри јако по овците во оваа држава за да им дојде еднаш засекогаш паметот.„Соединението ја прави силата“.Првпат во животот мој да се согласам еднаш со Бугарите и нивните пароли.
И сега приказната за he was fighting to survive by selling tortiljas on the corner:



Ете, од мене една долгометражна анализа.Кој сака да научи и да се освести конечно нека чита, кој не сака не ни мора да ме чита.
"Tired i am, rest i must " - Master Yoda.
 
Ете, од мене една долгометражна анализа.Кој сака да научи и да се освести конечно нека чита, кој не сака не ни мора да ме чита.
"Tired i am, rest i must " - Master Yoda.
Уф батко, секоја реченица имаше голема тежина.
Штета што е сето ова вистина :toe:

А за фајтерство, мораш. Ако мислиш да имаш фамилија и истата да ја донесеш до некоја самосталност (децата) и свој живот/живуркање, мораш. Не моеш секогаш да си песимист, тоа убива, носи болештини од најлош вид батко...неизлечиви.
За љубов и тепачка се потребни двајца -најмалку. Така и за ова со дешавањата во државата Македонија и економијата.
Браос мастер Јода :smir:
 
има ли нешто пооптимистичко од тоа дека 20 години не сме мрднале од место?
Има......пооптимистичко е тоа дека и во наредните 20 години нема да мрднеме од истото тоа место :icon_lol:
 
па се случија масовните протести во Струга кога го опколија од сите страни (не се сеќавам поточно за што беа тие протести).

Тоа беше за референдумот 'Некои прашања не заслужуваат одговор', кога се поалбанчија сосила Струга, Кичево, и Скопје се подели на лев и десен дел, кога Шеќеринска се фалеше дека изгубивме само 3:0, а не 5:0.

Генерално убав текст, и повеќето се согласуваат со него.
Факт е дека сме офци и дека нонстоп не стрижат, секогаш разделени во дилемата "од двете зла помалото".
На крај би се согласил и со Лурц:

А за фајтерство, мораш. Ако мислиш да имаш фамилија и истата да ја донесеш до некоја самосталност (децата) и свој живот/живуркање, мораш. Не моеш секогаш да си песимист, тоа убива, носи болештини од најлош вид батко...неизлечиви.

A јас пак и си размислувам, ако не можам да ја сменам работите во државата, тогаш ќе ја сменам државата.
 
Баталете бројки, релативна работа се. Еве каква ни е државата, какви што ни се институциите
http://www.vest.com.mk/?ItemID=E5117D5B9C26654995A1AA4F654F97DA
Ѓубре во болничките соби, нечисти подови, цивили по ходници колку сакаш. Вецињата како да се јавни, а не болнички. Помодрени и искршени плочки, веце-шолји без капаци, па пациентите одвај некако клечат со рани, по операција, за да се олеснат. Тоа е хоророт на абдоменалното одделение во Градската општа болница во центарот на Скопје што го доживеале неколку болни кои, како што велат, влегле таму со болки и како итни случи биле веднаш хоспитализирани и оперирани.
"Градска болница во 2009 година ја наградивме како најдобра во оддржување на хигиената.
 
Болниците ни се на ниво на Зимбабве...можда и полоши.:toe:
 
Има......пооптимистичко е тоа дека и во наредните 20 години нема да мрднеме од истото тоа место :icon_lol:

Ај не биди песимист :icon_lol:

Денеска имаше конференција на која од различни сектори кажаа до каде е Македонија.Општиот заклучок на дебатата е:Не се знае точна бројка на невработени (онаа што е дадена не содејствува со реалноста),не се одржуваат патиштата и градат нови и трето нема инвестиции.
И повторно сме на дно,сака некој друг владина фотеља?Ајде уште кој нема седнато,да го освежиме.
 
Ај не биди песимист :icon_lol:

Денеска имаше конференција на која од различни сектори кажаа до каде е Македонија.Општиот заклучок на дебатата е:Не се знае точна бројка на невработени (онаа што е дадена не содејствува со реалноста),не се одржуваат патиштата и градат нови и трето нема инвестиции.
И повторно сме на дно,сака некој друг владина фотеља?Ајде уште кој нема седнато,да го освежиме.

И не само тоа туку и почнаа да не уценуваат, и тоа amphibian shit држави како Косово.Ова го најдов денеска во списанието „Капитал“.
Кој има повеќе нека ме надополни, сигурно е нешто интересно повеќе од ова не можам да копирам, треба да сум претплатник.

Косово се налути - нема да и продава јаглен на Македонија
Се отвори тивок енергетски фронт меѓу Македонија и Косово. И покрај демонстрирањето добрососедски односи пред половина година, Косово и се налути на Македонија и одлучи да не и продава јаглен (лигнит) откако не успеа по итна постапка да добие 220-киловолтен трансформатор од МЕПСО. Косовското електростопанство си купило нов, а Министерството за енергетика на Косово ја исклучи можноста да извезуваат евтин лигнит во Македонија.
Повеќе...
http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=65


:)
 
Ај не биди песимист :icon_lol:

Денеска имаше конференција на која од различни сектори кажаа до каде е Македонија.Општиот заклучок на дебатата е:Не се знае точна бројка на невработени (онаа што е дадена не содејствува со реалноста),не се одржуваат патиштата и градат нови и трето нема инвестиции.
И повторно сме на дно,сака некој друг владина фотеља?Ајде уште кој нема седнато,да го освежиме.
У ствари као што најдов (исто у Капитал, а има и по други медиуми), од преклани била сменета методологијата за пресметка за инвестиции (наводно според другите, странски методологии) па цифрата е скокната енормно, а податоците...

Еве за пресметката и сумата
Новата методологија ги “надуваа” странските инвестиции за 60%
новата методолгија странските директни инвестиции за првите пет месеци изнесуваат 230 милиони евра. Ако не се променела методологијата пред една година странските инвестиции за овој период ќе изнесуваа 93 милиони евра. Ова е накратко ефектот што новата методологија го има врз рекордниот прилив на странските инвестиции во Македонија. Капитал објаснува што содржи новата променета методологија и зошто овој факт се премолчува кога се зборува за рекордниот прилив на странски инвестиции?
и така натаму (ги скратив цитатите ради простор), малку е поопширно па ако ве интересира видете на линкот.
 
Далеку од тоа дека државата ни е во ред ама... хммм.
Ми се чини сте ја промашиле темата.
 
Која тема бе ѕоне?Дека Македонија е пред Србија и Босна според споредбата од 89?Каде имаше две крвави војни и пак се до нас?Тоа што Турција е 5та економска сила во свет?Тоа што Албанија е земја која се издигна од мртвите?Тоа што бдп ако го поделиш според број на жители треба да не исфрлат од листава?
Која тема,дека сме во средина спектакуларен натпис,убаво вика конкрит во која средина бе луѓе :)
 
Која тема бе ѕоне?Дека Македонија е пред Србија и Босна според споредбата од 89?Каде имаше две крвави војни и пак се до нас?Тоа што Турција е 5та економска сила во свет?Тоа што Албанија е земја која се издигна од мртвите?Тоа што бдп ако го поделиш според број на жители треба да не исфрлат од листава?
Која тема,дека сме во средина спектакуларен натпис,убаво вика конкрит во која средина бе луѓе :)

Mislam deka podforumov EKONOMIJA stanuva apsolutno nepotreben i treba da ja dozivee sudbinata na POLITIKA..:)
vo momenti koga TITANIKOT narecen MAKEDONIJA nezapirlivo tone, preporaclivu se podforumi koi tretiraat nekoi drugi LEPRSAVI raboti , so sto vo golema mera ke im se olesni zivotot na ovcite, a i na pastirite po avtomatizam.....i onaka sme PROPADNATI PROPALITISI., barem da go praime toa vo eden dekadenten, otmen stil..........kako ni dolikuva , a ne da se potresuvame okolu toa dali nekoja schipataraana ni prodava ili ne lignit i dali nevraboteni se 300 ili 500 iljadi nezainteresirani za rabota ovci :)
 
Болниците ни се на ниво на Зимбабве...можда и полоши.:toe:

da ne pravime muabet za bolnicite toa e katastrofa
ama veruvaj mi deka ima bolnici i vo delovi od evropskata unija sto imaat bas isti takvi bolnici
licno sum videl zatoa ti kazuvam
ama pa 80% od ostanatite se apteki
a kaj nas 101% se katastrofa

i nikade vo svetot nikoj ne ceka od drzavata
site se borat za sebe sami
znaci mito i korupcija ima sekade
samo nekade e potajno a i postoi da znaete
ne e samo na balkanot
ako za pari nesto ne se pravi za poveke pari ke se zavrsi rabota
taka da:vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom