- Член од
- 24 јануари 2008
- Мислења
- 1.135
- Поени од реакции
- 140
400 нови вработувања во здравството
Оглас за вработување на 200 здравствени работници во јавни здравствени установи ќе бидат објавен од утре.
Здравствените работници ќе бидат вработени на секундарно ниво во јавните здравствени установи кои ќе распишат оглас. 60 отсто од отворените работни места ќе бидат за доктори, 40 отсто за медицински сестри.
Огласот ќе трае 5 дена по што следува тестирање и селекција на кандидатите. За вработување на овие работници се воведени нови критериуми и тоа: 40 бодови носи просекот од завршеното образование и 60 бода положениот стручен дел и познавање на странски јазици (англиски, германски или француски).
Министерот за здравство Никола Тодоров нагласи дека најмногу за 2 месеци ќе има целосна реализација на овие 200 вработувања.
Дополнително, Владата на последната седница даде согласност за отварање на уште 200 нови работни места во јавните здравствени установи.
Според Тодоров, сите 400 вработувања ќе бидат реализирани за најмногу 4 месеци.
Во изминатава година ипол, вклучувајќи ги и овие 400, отворени се вкупно 700 работни места во јавните здравствени установи.
Здравствените работници ќе бидат исплатувани од фондот на клиниката на чиј оглас се јавиле.
Извор: Курир