3D печатач за органи

  • Креатор на темата Креатор на темата teneke
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 јули 2006
Мислења
16.081
Поени од реакции
19.376
Фирмата Invetech почна со дистрибуција на 3D био-печатач, кој ќе ги продава во нивно име компанијата Organovo.

Примарната намена ќе му биде да поправа делови од оштетено ткиво, како забно месо, но ќе може да 'печати' и цели органи.

http://www.bug.hr/vijesti/3d-pisac-organe/100022.aspx
-----------------------------------------------------------------------

Ауууууууу...

... не ми се верува што читам, абе ова вистина е или заебанција.
 
Заебанција е-Хиперболизирање,а и кревање вредност на акции.

Само Стем клетките се надеж т.е матичните...моментално-ама католиците вријат:toe:


Матични клетки - нова ера во модерната медицина

Матичните клетки (стем клетки) се предмет на бројни истражувања во доменот на медицината и молекуларната биологија. Научниците ширум светот ја испитуваат способноста на овие клетки да го обноват оштетеното ткиво. Истражувањата на матичните клетки покренаа многу научни прашања и задачи.

Успехот во користењето на матичните клетки од коскената срцевина за лекување на леукемиите и пореметувањата на имунолошкиот систем ја зголемиле надежта дека овие клетки би можеле да се користат за лекување на многу, моментално неизлечиви болести.

Матичните клетки поседуваат две основни особини по кои се разликуваат од другите типови на клетки.

Прво, тие се неспецијализирани клетки кои можат да се делат во тек на долг временски период.
Второ, под одредени физиолошки и експериментални услови, тие можат да се диференцираат во други клеточни типови (диференцијацијата е процес н настанување на специјализирани клетки од матичните клетки).
Зошто се значајни матичните клетки од папочната врвца?
Матичните клетки се незрели плурипотентни клетки со способност за самообновување во тек на подолг период преку клеточна делба. Кога се тие поттикнати, имаат способност да се диференцираат во клетки со специјални функции, како на пример во клетки на срцевиот мускул, во нервни клетки, во црвени крвни зрнца (еритроцити), во бели крвни зрнаца (леукоцити) итн.

Токму оваа нивна особина е всушност и суштината на која се базира терапијата со матичните клетки.

Најголем дел од специјализираните клетки и ткива во човековиот организам не можат да бидат заменети со нови по природен пат, доколку тие се оштетени или заболени.

Матичните клетки се користат за генерирање на нови здрави и функционални специјализирани клетки, кои може да ги заменат оштетените и нефункционални клетки.

Постојат три основни извори на матични келтки во човековиот организам:

крвта од папочната врвца на новороденчето,
коскената срцевина,
периферната крв на возрасниот човек, како најсиромашен извор.
Од возрасен човек може да се изолираат матични клетки од масното и сврзно ткиво.

Крвта од постелката (плацента) и папочната врвца на новороденчето претставува најбогат извор а витални матични клетки. Матичните клетки од папочната врвца имаат многу повисока виталност и потенцијал за трансформација, кој останува на високо ниво и по долг период во замрзната состојба.

Како далеку поефикасни за терапија во однос на матичните клетки од коскената срцевина, матичните клетки од папочната врвца денес се сметаат за најпогоден и најсигурен извор за клеточната терапија.

Предноста на матичните келтки од папочната врвца во однос на матичните клетки од коскената срцевина е во тоа што постои понизок ризик од отфрлање.

Самата колекција на папочната врвца по раѓањето е многу едноставна и кратка постапка и не е поврзана со никаков ризик за детето и мајката, а замрзнататите клетки се ведаш достапни во случај на потреба.

Не постои ризик за пренесување на заразни и генетски болести, што е еден од многуте ризици при трансплантацијата на матичните клетки од коскената срцевина од дарител. Процесот на барање на погоден дарител на коскена срцевина одзема време, а добивањето на материјал бара хируршка интервенција, која е поврзана со можни компликации.

Во 30-50% од случаите не се наоѓа соодветен дартел, а и кога ќе се најде таков веројатноста да се отфрли трансплантатот е голема.

Од друга страна, софпаѓањето на матичните клетки од папочната врвца е 100% за детето и статистички високо за неговите најблиски роднини.

Со тоа се исклучува или минимизира можноста за отфрлање на трансплантатот.

Употреба на матични клетки во медицината
Првите медицински сознанија датираат од 1970 година кога е откриено дека папочната крв е богата со плурипотентни матични клетки, чиј потенцијал може да се искористи во тераписки цели.

Првата успешна трансплантација на матични клетки е извршена во 1988 година, кај 5 годишно момче кое боледувало од Фанкониева анемија.

Досега се направени голем број на трансплантации на матични клетки од папочната врвца, претежно кај лица со малигни хематолошки заболувања како: леукемии и лимфоми.

На листата на заболувања со стандардизиран третман со матични клетки се наоѓаат околу 80 болести: лимфоми, леукемии и други хематолошки заболување, наследни метаболни заболувања, вроден тежок недостаток на имунитет, како и одредедни видови на тумори.

Регенеративната медицина нуди надеж за наоѓање на тераписки третмани за болести и повреди, кои до сега медицината не беше во состојба ефикасно да ги лекува.

Испитувањата на полето на регенеративната медицина се фокусирани во развој на клетки, ткива и органи од матични клетки од папочната врвца со цел да се возобноват оштетената или изгубена функција на заболениот орган.

Сите истражувања укажуваат дека наскоро регенеративната медицина ќе стане клиничка рутина. Медицинската наука има огромни очекувања од матичните клетки.

Што се матични клетки?
Матичните (стем) клетки го имаат значајниот потенцијал да се развијат во различни типови на клетки во телото. Служејќи како еден вид систем за оправување на телото, теоретски стем клетките можат да се делат без ограничувања за да заменат други клетки се додека личноста е жива.

Кога матичната (стем) клетка се дели, секоја нова клетка го има потенцијалот да остане матична клетка, или да стане друг тип на клетка со специјализирана функција, како на пример мускулна клетка, црвена крвна клетка или мозочна клетка.

Научните истражувања докажале дека човековиот организам поседува единствена форма на резерва чија цел е обновување на оштетените ткива. Секако, станува збор за матичните клетки.

Во последниве десетина години научниците откриле дека крвта од плацентата и папочната врвца на новороденчето е богат извор со матични клетки од непроценлива вредност.

Матичните клетки се основни клетки кои се во текот на развојот на ембрионот развиваат (диференцираат) во сите видови на клетки, како што се клетките на срцевиот мускул, црвените крвни зрнца, белите крвни зрца, клетките на кожата, нервните клетки и други.

Кај возрасниот човек, овие клетки ги поправаат оштетените ткива.

Матичните клетки може да се развиваат во различни специјализирани клетки, како што се клетки на срцевиот мускул, еритроцити и леукоцити, нервни клетки, кожни клетки и слично. Токму оваа нивна особина е суштината на која се базира терапијата со матичните клетки.

Матичните клетки имаат способност да го активираат одбранбениот систем на организмот. Со матичните клетки може да се овозможи лекување на самото дете и на неговото семејство.

Постапката може да се направи само во еден момент, непосредно по раѓањето на детето, лекарот ја зема оваа крв која се става во специјален стерилен сад, се транспортира во лабараторија, каде матичните клетки се издвојуваат се замрзнуваат и се чуваат 20 години. Но, чувањето може да се продолжи за цел живот.

Каде се наоѓаат матичните клетки?
Матичните клетки постојат во многу ткива кај возрасниот човек, а нивна најголема концентрација во телото на возрасниот човек е во коскената срцевина и крвта.

Но, со тек на време, клетките од нашето тело ја губат својата виталност и нивното дејство е послабо, бидејќи тие стареат заедно со нас. Токму поради тоа, а после многубројни истражуавања, научниците пронашле начин да ја сочуваат виталноста на овие толку важни клетки. Имено, научниците и докторите откриле дека голем број на матични келтки се наоѓаат во квта на папочната врвца на новороденчето. Тие клетки си исклучително млади и витални, а постапката на нивното земање е многу лесна, безболна и безопасна како за новороденчето, така и за мајката. Тоа што е најбитно е да со специјална техника овие клетки ожат да се замрзнат и подоцна да се применат во лекувањето на самиот давател или на некој член од неговото блиско семејство.

Каква е поврзаноста на бременоста, породувањето и стем клетките?
Папочната врска помеѓу мајката и бебето е етички најприфатлив извор на стем клетки. Досега во Македонија папочната врска се фрлаше и уништуваше како медицински отпад, но со новите регулативи отворена е можноста со одобрение на мајката папочната врска односно стем клетките да се донираат, или пак да се организира зачувување односно замрзнување на стем клетките со што во случај на потреба во понатамошниот живот, бебето ќе има компатибилни стем клетки.

Истражувањата на матичните клетки, како и се понапреднатите сознанија до кои доаѓа современата медицина постепено ја воведоа клеточната терапија во третманот на многу заболувања.

Дали е процесот на земање на матични клетки безболен?
Процесот на земање на матични клетки е потполно безболен и безопасен, бидејќи клетките се земаат веднаш по раѓањето на детето (значи, по пресекувањето на папочната врвца), од делот на папочната врвца која е врзана на постелката (плацента), а целиот процес на земање на матичните клетки трае неполна минута.

Улогата на матичните клетки
Една од основните карактеристики на матичните клетки е нивната неспецијализираност. Тоа значи дека тие не спроведуваат ниту една специјализирана функција во организмот. Под одредени услови од матичните клетки може да настанат специјализиани клетки на крвта, кожата, мускулите и други. Тоа се случува со активирање на различни групи на гени во матичните клетки на различните ткива.

Матичните клетки се уможуваат многу пати. Тој процес се нарекува пролиферација. Почетната популација на матичните клетки, која пролиферира во лабораториски услови во тек на одреден период, може да даде милиони нови клетки, кои се меѓусебно идентични (исти). За таквите клетки се вели дека се способни за долготрано самообновување.

Научниците иначе ги испитуваат условите во кои клетките можат да останат неспецијализирани во тек на долг временски период.
 
Условите под кои се случува диференцијалзијата на матичните клетки е предмет на бројни истражувања и за тоа, сеуште, многу малку се знае. Сигналите кои доведуваат до диференцијација ги вклучуваат соединенијата кои произведуваат други клетки, физичкиот контакт со соседните клетки и контакт со молекулите од микросредината.

Прашањето кое се поставува е: „Дали е можно да се утврди точниот збир на сигнали кој доведува до диференцијација на матичните клетки во различни клеточни типови во организмот?“.

Развојната технологија заснована на матичните клетки зависи од нашата способност да во лабораториски услови во целост ги репродуцираме процесите кои се одвиваат во живиот организам.

Постоечките технологии бараат значителни усовршувања, бидејќи денес на пример, само 1% матични клетки под до одредени услови формирааат срцево ткиво.

Поделба и потекло на клетките
Основна каратеристика на матичните клетки е нивната способност да се делат, односно да од нив настануваат потполно нови и исти клетки во тек на долг временски период. Тие се недиференцирани клетки, но под одредени физиолошки и експериментални услови можат да се развијат во некои други типови на клетки.


Адултни матични клетки од коскена срцевина

Иако тие се нарекуваат матични клетки, сепак тие се делат на неколку врсти. Првата поделба на матичните клетки е според „потентноста“, односно способноста за делење и понатамошно развивање, а втората поделба е според нивното потекло.


Според своето потекло, матичните клетки се делат на:

адултни,
ембрионални.
Адултни матични клетки
Адултните клетки можат да се издвојат од телото на возрасен човек, од дете и од папочната врвца.

Овој тип на матични клетки може да се диференцира во други сродни врсти на клетки.

Ембрионални матични клетки
Ембрионалните матични клетки се добиваат од внатрешната маса на клетките на бластоцитот (ран стадиум на ембрион). Имено, неколку дена по оплодуавањето, ембрионот поприма форма на шуплива топка-бластоцит, во чија внатрешност се наоѓаат ембрионални матични клетки. Тие имаат способност да се диференцираат во сите видови на клетки, па дури и во цел организам. Доказ за тоа е постоењето на идентични близнаци.


Е за ова најмногу вријат...уствари и за адултните исто...ахх религии


Ембрионални матични клетки

Хуманите ембрионални матични клетки за прв пати се изолирани во 1998 година, додека адултните матични клетки се проучуваат уште од 1960-та година.

Проучувањето на тератокарциномот довело до откривање на матичните клетки. Овој комплексен тип на тумор се одликува, покрај со специјализирана група на клетки, и со група на неспецијализирани клетки. Неспецијализираните клетки, наречени ембрионални карциномски клетки, покажувале способност да се диференцираат во различни клеточни типови.

Внимателното проучување на настанувањето на тератокарциномот кај експерименталните животни довело до откривање на ембрионалните матични клетки во почетокот на 1980-те години.

Научниците од Универзитетот во Висконсин, во 1998 година ја изолирале првата човечка ембрионална матична клетка.

Прво случување во развојот на организмот на цицачите е почетокот на делбата на оплодената јајна клетка на меѓусебно идентични клетки. Овие рани ембрионални матични клетки се плурипотентни, што значи дека од нив, со нивна диференцијација, може да настане било која клетка во организмот, како и цел организам (доказ за тоа е постоењето на идентични близнаци).

Неколку дена по оплодувањето (кај жената 4-5 дена), ембрионот поприма форма на шуплива топка која се нарекува бластоцист. Бластоцистот се састоји од два типа на клетки:

Трофобластните клетки го сочинуваат sидот на бластоцистот и учествуваат во развојот на постелката (плацента),
Ембриобластните клетки ја сочинуваат внатрешната маса на клетките која се развива во фетус. Клетките на внатрешната маса се плурипотентни, што значи дека можат неограничено да се делат и да од нив, со нивно диференцирање, може да настане било која клетка на организмот.
Матичните клетки постојат во сите степени на развој на организмот на цицачите. Тие се присутни во фетусот, како и во некои ткива во возрасниот организам. Нивната улога е да ги обновуваат клетките, а со самото тоа и да одржуваат одредена рамнотежа во организмот. Овие клетки се мултипотентни и можат да дадат одредени видови на клетки во зависност од потребата на организмот.

Матичните клетки од крвта на папочната врвца се, исто така, мултипотентни.

Одгледување на матични клетки во лабораторија
Процесот на одгледувањето на клетки во лабораторија се нарекува култура на клетки.

Култура на ембрионални матични клетки се воспоставува со префрлање на внатрешната маса на клетките од бластоцитот во посебен стерилен сад кој содржи подлога со хранливи состојки и неопходни фактори на раст. Матичните клетки се делат и се шират по површината на садот. Кога клетките ќе достигнат одредена густина, тие се пренесуваат во нови лабораториски садови и понатаму се одгледуваат. По 6 и повеќе месеци на култивирање, бројот на клетките кои водат потекло од само 20-30 клетки на почетната популација, достига и до неколку милиони. На тој начин настанува линија на ембрионални матични клетки, кои понатаму се користат за добивање на разни видови на клетки.

Матичните клетки можат да се развијат во различни типови на клетки, а тоа зависи од бројни фактори. Во желбата да добијат одреден вид на клетки, научниците ја менуваат подлогата во културата, ја менуваат површината на лабораторискиот сад во кој се одгледуваат клетките, или ги модифицираат самите клетки со додавање на различни гени.

Терапевтски можности
Потенцијална тераписка примена на матичните клетки
Главната цел на биоинзинерингот на матичните клетки е да овозможи контрола на нивната диференцијација. Доколку тоа се постигне, нивната примена во тераписки цели би била огромна. Една од можните примени е генерирање на различни типови на нервни клетки, кои би се користеле во лекувањето на неврогенеративните болести како што се Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест, потоа лица со оштетувања на коскената срцевина и слично.

Би била, исто така, можна и продукцијата на срцеви мускулни клетки за пациенти кои прележале инфаркт.

Се разгледува и можноста за продукција на клетките на панкреатичните островца кои лачат инсулин, кои би можеле да се користат во третманот на дијабетот од тип 1, како и продукција на фоликули на влакна, кои би се користеле за лекување на ќелавоста.

Матичните клетки би можеле да се користат и за добивање на цели органи како што се црн дроб, бубрези, срце, очи, па дури и делови на мозок, што претставува голем предизвик за научниците, но бара време и голем напор и истрајност.

Едно е сигурно, кога човекот ќе ги открие сите тајни на матичните клетки, тоа ќе биде права револуција во модерната медицина.

Видови на терапии со матичните клетки
Постојат два вида на терапија со матичните клетки:

автологна (со сопствени клетки),
алогена (со клетки од доброволен давател).
Предноста на автологното над алогеното лекување и терапија е во тоа што во случај на одреден број на заболувања, телото на болниот може да ги отфрли туѓите матични клетки.

Кои болести можат да се излечат со клетките кои се земаат од папочната врвца?
Матичните клетки го спасуваат животот
Клетките кои се при раѓањето на детето извлекуваат од папочната врвца и кои се чуваат со помош на специјална крио-метода наскоро ќе може да спасуваат животи на милиони луѓе ширум светот. Со помош на овие клетки се лекуваат пореметувања на крвта, метаболизмот, имунитетот и многу други.

Сето ова е кажано на Првиот конгрес посветен на матичните клетки, кој е одржан во Атина под покровителство на организацијата „Cryo - Save“, европски лидер за земање, издвојување и чување на матичните клетки.

На конференцијата учествувале најпознатите светски научници, лекари-специјалисти како гинеколози, генетски инженери и други, кои објасниле што се можат матичните клетки да лекуваат и зошто е важно тие да се чуваат.

Оваа метода на чување на матичните клетки е можна во многу земји во светот.

Со помош на матичните клетки за сега е можно да се излечат повеќе од 75 тешки и до неодамна неизлечиви болести. Меѓу болестите кои се лекуваат со матични клетки се малигните заболувања, пред се леукемијата, потоа пореметувањата на крвта, вродените пореметувања, како и пореметувањата на имунитетот.

Кој се може да се лекува со матични клетки?
Научниците утврдиле дека дури четири генерации од една фамилија можат да се лекуваат со матичните клетки на новороденчето.

Дури и мајката, доколку заболи, може подоцна во животот да се лекува со овие клетки.

Дали е земањето на матичните клетки секогаш успешно?
Во повеќето случаи земањето на матичните клетки е успешно.

Во некои ситуации количината на крвта земена по породувањето е многу мала. Тоа најчесто се случува при породување со царски рез или кога ќе се родат близнаци, а тогаш е и присуството на матичните клетки во крвта недоволно.

Обавезни анализи
Во текот на самата бременост се прават тестови на крвта со цел да се утврди дали постојат инфекции со вируси, на пример со вирусот на хепатитот Б и Ц, со вирусот на сида, со цитомегаловирусот.

По раѓањето на новороденчето, по земањето на матичните клетки од папочната врвца, тие клетки се, исто така, подвргнуваат на бројни лабораториски анализи. Така, се утврдува дали постои можност за бактериска контаминација и се исклучува присуството на бактериски, вирусни или габични инфекции.

По овие детални лабораториски анализи, се тестира виталноста на матичните клетки, и дури потоа, тие се замрзнуваат. Овие клетки се чуваат во посебни услови, т.е. на температура од минус 196 степени Целзиусови со помош на течен азот. Ваквото чување на матичните клетки може да трае вечно.

На кои лица им се препорачува да зачуваат матични клетки?
Докторите препорачуваат чување на матични клетки доколку во фамилијата постојат следниве болести или ризици:

Доколку е присутна позитивна фамилијарна анамнеза за рак, заболувања на крвта или било кои други болести кои се излечиви со матичните клетки,
Кај парови од различни раси, поради неможноста за наоѓање на сроден дарител (донор):toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom