Кик-боксерите во ринг во чест на Љупчо Неделковски

Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
9ECC73FFAE2A404BBFE4C0C84067CDEF.jpg

Наредниот викенд на 6ти март во СРЦ „Кале“, македонската Федерација за кик-бокс ќе го организира првиот меморијален куп „Љупчо Неделковски“ во чест на основачот на овој спорт во Македонија. На меморијалниот куп ќе учествуваат 12 кик-боксери од Македонија и уште десетина од Србија и од Бугарија. Освен борбите, клубовите за кик-бокс Самурај од Битола и од Кавадарци ќе се претстават со демонстрации. - Сакавме да има претставници од сите клубови во Македонија и, навистина, ни беше тешко да избереме со кои-боксери да се појавиме на првиот меморијален турнир бидејќи сите сакаа да имаат свој борач на овој меморијал. Се надеваме дека овој куп ќе премине во традиција со многу поголем број учесници - вели Александра Неделковска, претседателка на Федерацијата за кик-бокс на Македонија (МКФ).
Предвидено е да има десет борби со кик-бокс, од кои на две ќе се борат македонски кик-боксери (Бурим Силими со Ненад Манојловски и Горан Грошев со Синиша Нешевски), додека на преостанатите борби македонските репрезентативци за противници ќе имаат борачи од Србија и од Бугарија. Освен во кик-бокс, на ревијата во СРЦ „Кале“, ќе се одржи и ултимејт фајт во која Оливер Петровски ќе му се спротивстави на претставник од Бугарија. - Не се важни имињата, важно е да прикажеме добри борби и да им приредиме уживање на гледачите - вели репрезентативецот Иле Ристевски. Најголеми надежи во репрезентацијата полагаат во младиот Нинослав Саботковски, кој ќе се бори по правила К1.
- Противник ми е борачот од Србија, Цветковиќ од кого загубив минатата година во Белград и тоа поради контроверзни одлуки на судиите. Затоа сега очекувам одмазда со брза и лесна победа - појаснува Саботковски.
Со овој меморијален куп, МКФ ги почнува настапите на меѓународен план, кои не се малку. Предвидено е кик-боксерите да настапат на Балканското првенство во Србија (мај-јуни), на ОП на Италија (јуни), Светско првенство за кадети и за јуниори (септември), Европско првенство (октомври и ноември).
- Не се само овие настапи, туку постојано добиваме покани да учествуваме на разни турнири и натпреварувања. Сето тоа е токму поради Љупчо Неделковски. Сево ова е негов труд, а ние само ги собираме плодовите - вели Неделковска.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom