M
marsovka
Гостин
Уплав пред секое влегување во маркет
Поскапата струја ги подгреа цените, а таа се користи како алиби и за неоправданите поскапувања
Александрија Стевковска
Млекото и млечните производи, слатките, прашоците за перење, но и речиси сите останати производи секојдневно не' „поздравуваат“ од рафтовите со нови повисоки цени. Она што е уочливо е дека поскапувањето се случува без фанфари, тивко, при што никој не потврдува дека има поскапувања. Но, затоа тие гласно го разјадуваат стандардот на обичниот граѓанин, чија плата едвај стигнува за прехранување. Каде е тука образованието, облеката, дружењето, киното, театарот? Овие активности за поголемиот дел од населението стануваат научна фантастика, како да живееме во камено време.
Поскапувањето на струјата од почетокот на годинава дополнително ги подгреа цените на повеќето производи. Засега дел од нашите производители се правдаат дека тие се' уште работат и продаваат по стари цени и дека во зголемувањето на крајните цени удел имаат трговците, додека, пак, други признаваат дека повисоките трошоци си го земаат својот удел во работењето и најавуваат нов бран поскапувања.
Притоа, граѓаните не може да се оттргнат од впечатокот дека поскапувањето на струјата послужи како алиби за сите поскапувања, главно, на прехранбените производи, иако новите повисоки цени во најголем дел случаи се неоправдани.
Во битолската млекарница велат дека тие не ги зголемиле цените. „Досега не се направени никакви промени во производните цени на млекото и млечните производи. Да ги поскапиме производите не не' натера ниту новата, повисока цена на струјата. Повисоките цени на дел од нашите производи во маркетите се нивна индивидуална одлука. На пример, во ’Тинекс‘ има зголемување на цената на трајното млеко, но тоа го има направено самиот маркет поради зголемената потрошувачка. И маркетите на КАМ ја имаат коригирано цената за незначителни 0,5 отсто“, велат во ИМБ. Оттаму потврдуваат дека за разлика од нивните производи, увозните млечни производи веќе ги дочекуваат муштериите со нови повисоки цени.
За разлика до ИМБ, која се дистанцира од каква било сегашна или скорешна нагорна корекција на цените на своите производи, индустријата за кондиторски производи, „Европа“ најавува нови повисоки цени. „Принудени сме да ги зголемиме цените на кондиторските производи поради цената на какаото, која е во постојан раст, но и поради повисоката цена на струјата која дополнително го оптоварува нашето работење. Досега некако ги компензиравме зголемените трошоци, но сега веќе немаме каде, па единствен излез е поскапување“, најавува директорката за продажба во „Европа“, Ефка Кузмановска. Таа објаснува дека увозните кондиторски производи, посебно од Србија, веќе се продаваат по нови повисоки цени.
Граѓаните, пак, се шокираат при секој влез во продавница, бидејќи излегуваат со се' попразни кеси и паричници. „Ако до лани за 3.000 денари купував продукти за неколку дена, сега за истите пари купувам двојно помалку. Иако никој не признава дека има поскапувања, тие се повеќе од очигледни и мојот џеб најубаво ги чувствува“, вели една скопјанка. Освен што граѓаните се откажуваат од голем број производи, тие се' повеќе ги заменуваат поскапите со поевтини производи.
Последните статистички податоци покажуваат дека македонските граѓани во почетокот на 2010 година ја добија новогодишната честитка со повеќе поскапувања. Така, според нив, порастот на трошоците за живеење во јануари 2010 година во споредба со декември 2009 изнесувал 0,7 отсто. Пораст на цените во јануари имало во групите домување, вода, електрика, гас за 5,3 отсто, рекреација и култура за 2,6 отсто, транспорт за 1,9 отсто, мебел, покуќнина и одржување покуќнина за 0,8 отсто, облека и обувки за 0,4 отсто, здравје за 0,4 отсто и други стоки и услуги за 0,2 отсто.
Колку и да биле реални поскапувањата, станува збор за движење кое тешко може да ги следи платите што ги земаат просечните македонски граѓани. Па, така иако статистиката вели дека просечната плата во Македонија се движи околу 20.116 денари, таа се' уште е сон за голем дел работници. Речиси две третини од вкупниот број вработени примаат плата на границата на висината од потрошувачката кошничка, околу 200 евра, што значи дека над 400.000 вработени примаат плата што е недоволна да ги покрие основните животни потреби за храна. Со просек од 20.000 денари може да се пофалат околу 160.000 вработени. Општиот впечаток на граѓаните е дека се' е поскапо во однос на истиот период минатата година. Тие се песимисти дека наскоро стандардот ќе порасне, а поскапувањата нема толку да одземаат од месечниот приход.
Анализите на експертите покажуваат дека Македонија има најниска просечна плата во регионот. „Поголемиот дел од населението има примања под 12.000 денари и тоа не може да ги задоволи сите потреби што се содржани во животниот стандард. Не е доволно само да се има за храна, бидејќи животниот стандард го обликуваат и останатите потреби, кои нашите луѓе не се во можност да ги исполнат“, сметаат експертите.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E1167E3F169C094987D2D6D08919D827

П.С. ако сметате дека сликата е непркладна слободно тргнете ја