Градови со современа архитектура или со стара архитектура?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Кои градови повеќе ве привлекуваат оние модерните со модернистички градби или старите градови со традиционална архитектура и стари градби?

Кои градови повеќе би сакале да ги посетите, кои повеќе ве привлекуваат? И зошто?

Омилен град со модерна градба и омилен град со традиционална архитектура? Што во тој град ве фасцинира?


Еве пример за неколку модерни градови.
Дубаи
burj-dubai-tower-photo.jpg


Лас Вегас
las-vegas1.jpg


Њујорк
new_york_city.jpg


Шангај
shanghai.night.light.jpg


Сингапур
singapore.jpg



И градови со стара традиционална градба, каде пред се ќе ги напоменам европските метрополи

Виена
vienna1.jpg


Прага
prague.jpg


Рим
Rome.jpg


rome.jpg


Амстердам
amsterdam2_netherlands.jpg


Париз
ParisVersailles.jpg


Лондон
london.jpg



Отворив ваква тема ама отиде јабана со прекинот на форумот еве и втора шанса. :)
Oвојпат анкета не ставам за да пишуваат и постови не сите да одберат во анкета само :pipa:
 
Не сум воопшто заппаллив по модерна архитектура,во стил, стакло,челик бетон,премногу ми е некако ладен тој стил, без душа..
Повише сум по барок,ренесанса,класицизам, односно зданија градени од тој тип

Мислам дека и треба анкета на темава..:wink:
 
За мене по топли се старите градови, некако повеќе имаат душа, а и пореални се. И новите не се лоши, но некако делуваат страшно и во нив би се чуствувал како мравка која шета низ лавиринт, без да има можност да се поткачи на камен за да го види другиот крај на градот.Сепак мислам дека само архитектурата не го краси еден град. Секој град си има своја приказна, комплетна, во која се содржани сите нешта кои го прават примамлив за посета. Секако архитектурата е еден од битните чинители на приказната, но не и пресуден.
 
Новите згради делуваат некако морничаво, дездушно, ладнокрвно итн.
А старите градби имаат своја приказна-легенда, сите по нешто се запаметени, имаат обележје од нивното време кога биле нови, делуваат похармонично итн
 
Модерните градови се многу геометриски усогласени и монотони.
Јас ипак сум за старата архитектура.
Карлови Вари:wub:
Outlook%20of%20Karlovy%20Vary_big.jpg
 
Квалитетот на секоја градба е белегот на времето кое што го носи со себе. Архитектурата раскажува приказни, дава лик и форма на историјата, не приближува до истата. Нејзината моќ е доловувањето на убавината на животот во секој период од постоењето на човештвото.

И ренесансните објекти биле современи, во одреден период од историјата. И готските пре нив, и барокните после нив. Развивањето на архитектурата се израмнува со развивањето на културата на еден народ, на една држава, град. Санта Марија дел Фиоре, била најмодерната градба во времето во кое била изградена. За тие што не знаат, таа е првата ренесансна црква, се наоѓа во Фиренца, и е изградена од Фелипо Брунелески. Денес, не ја славиме затоа што го покажува минатото, туку напреднатата мисла на тоа време. Авантардноста во текот на историјата. Токму поради тоа, се слават, и им се восхитуваме на старите зданија. Поради тоа што, во времето кога се граделе, имале далеку понапредна мисла од поширокта околина.

Ги почитувам градовите во кои преовладуваат стари и импозантни градби. Учам од нив, им се восхитувам на убавината, споредувам... Уште повеќе почитувам кога ќе наидам на допир, помеѓу објект со длабока патина на фасадниот фриз, и современ објект, кој на никој начин не го нарушува мирот на неговиот претходник, но дава свој израз, и на свој начин гарантира да го спроведе она, што неговиот прадедо-објект го започнал, или само продолжил - напредок на архитектонската мисла.

Топлината на еден град е условена од неговата природа на развивање. Од оној неизбежен и секогаш нагоре насочен тек на зајакнување на идеи, на усовршување на уметностите, на дефинирање на културното ниво. Исто како што убавината на една жена е условена од нејзиниот природен развој, и се повеќе од тоа допринесува за една одредена доза на одбивност.

Повише сум по барок, ренесанса, класицизам, односно зданија градени од тој тип

Бидејќи толку ги сакаш овие архитектонски правци, а сепак ова е јавен форум на кој не сите знаат се, би сакал да ја помогнеш темава, па со твои зборови да ни објасниш нешто повеќе за спомнатите стилови.
 
citro_love напиша:
Мислам дека и треба анкета на темава..:wink:
Во првиот пост на крај напишав зашто не ставам анкета :)
Темава беше отворена пред некоја недела, ама со прекинот на форумов се избриша. Тогаш имаше анкета и сите гласаа, никој не пишуваше пост зашто е за градови со модерна архитектура а зашто за оние со традиционална.
Така да поубаво е во пост да се објасни, него да се штиклира едно од понудените во анкета.


Иначе не сум посетила некој град до сега со комплетно модерна архитектура. А би сакала, да видам како е.
Но тие стакла, тие железа немаат душа.
Ја немаат душата како каменот. Како старите градби.
Модерните градови можат да се пофалат со информација колку луѓе за колку брзо време изградиле некоја стаклена зграда. А традиционалните можат да се пофалат со историја за градењето, приказна за градот долга со векови. Тоа е она што ме восхитува.
Иако не би одбила патување во Дубаи, Шангај, Њујорк и би се воодушевувала на тие гоооооолеми згради од надвор, ама зачувана стара градба со векови која изобилува со богатство би ме воодушевила уште повеќе.
 
Еден облакодер денеска се гради за година две три... додека старите градби се граделе десет дваесет некои и по сто години... сето тоа им да ва голем плус :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom