Почина Габриела Коневска Трајковска

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Возраст
37
gabriela300.jpg


Поранешната вицепремиерка Габриела Коневска Трајковска денеска почина по тешко и долго боледување. Замина на триесет и девет годишна возраст.

Поранешната потпретседателка на македонската Влада задолжена за европските интеграции ја презеде вицепремиерската функција во 2006 до кога беше претседател на Транспарентност Македонија. Предходно работеше на високи позиции во Пактот за стабилност како шеф на канцелариајта против организиран криминал во Букурешт и личен политички советник на Ерхард Бусек. Професионалната кариера ја започна во 1993 како новинар во Македонската телевизија. Диполомираше и магистрираше на Правниот факултет во Скопје. Габриела Коневска Трајковска ќе биде погребана утре на Градските гробишта Бутел во Скопје.


Жално :(
 
Бог да ја прости.
Не ми е јасно,женава последен пат кога ја видов на тв,одеше на породилно,што и се случи,знае некој?
Навистина жално,нека и лесна земја :(
 
Бог да ја прости.
Не ми е јасно,женава последен пат кога ја видов на тв,одеше на породилно,што и се случи,знае некој?
Навистина жално,нека и лесна земја :(

Колку што знам тумор на мозок....
 
Бог да ја прости.
Не ми е јасно,женава последен пат кога ја видов на тв,одеше на породилно,што и се случи,знае некој?
Навистина жално,нека и лесна земја :(

Имала метастази (мислам од рак на дојка, но не сум сигурна) во мозок. Беше во Турција на операција, по што некое време беше во кома, но се опорави релативно скоро и се врати во Македонија, не во сосема добра состојба, но подобра отколку што беше.
Бог да ја прости, нека почива во мир..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom