- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.161
- Поени од реакции
- 1.323
НОВ ПРИТИСОК ОД САД И ОД ЕВРОПА
Во НАТО ќе не внесат и насила
Поради страв од можна дестабилизација на Македонија, САД, заедно со неколку влијателни земји од Европа, ја притискаат Грција да дозволи земјава најдоцна до крајот на годинава да стане членка на НАТО, тврдат доброупатени дипломатски извори. Најголемата причина што на поголемиот број од членките на алијансата им се брза Македонија што поскоро да влезе под безбедносниот чадор на НАТО, се предупредувањата за нови меѓуетнички тензии доколку се одложи решението за спорот за името, како и се потензичната атмосфера која е присутна на Косово и во Босна и Херцеговина. Челниците на НАТО во моментов разгледуваат неколку можности како Македонија да добие покана за членство и како да го премостат најголемиот проблем, а тоа е спорот за името. Една од варијантите е прием под привремената референца ПЈРМ, иако таквата можност беше отфрлена од Грција на самитот во Букурешт. Втората е Македонија и Грција, под притисок на меѓународниот фактор, што поскоро да дојдат до решение за проблемот. На првата средба меѓу новиот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, и премиерот Никола груевски, првиот човек на алијансата му порача дека Македонија ќе стане дел од НАТО кога ќе го реши спорот за името.
Не случајно пред неколку дена холандската амбасадорка Симоне Филипини изјави дека очекува Македонија до крајот на годинава да стане членка на НАТО.
Стручњаците ја оценуваат како многу реална можноста одложувањето на приемот на Македонија во НАТО да предизвика тензии во регионов.
Трајан Гоцевски, професор на катедрата за одбрана и мировни студии на Филозофскиот факултет, смета дека Македонија има отворена покана и дека интересот на сите членки е земјата да стане членка на алијансата.
- Одложувањето им дава шанса на порадикалните структури од регионов од воена, политичка и религиозна провиненција. Поради тоа, земјава мора што поскоро да стане полноправна членка на алијансата - рече Гоцевски.
Дека состојбата во регионот не е ни малку розова, зборува и последниот извештајот на Американските безбедносни служби дека Косово, заедно со Босна и Херцеговина, се најголемиот безбедносен предизвик во Европа.
Во извештајот, составен од 16 владини безбедносни агенции, меѓу кои ЦИА и ФБИ, се наведува дека ситуацијата не се изменила во текот на изминатата година и оти е потребно вклучување на западната дипломатија.
Јоргос Кумуцакос, сегашен европратеник и поранешен портпарол на грчкото МНР и еден од најблиските соработници на Дора Бакојани, во интервју за телевизијата „А1“ го повтори грчкиот став дека во Букурешт немало вето за приемот на Македонија.
- Грција никогаш не ја спречувала вашата земја да влезе во НАТО.
Тоа беше едногласна одлука на највисоко ниво на советот на НАТО. Ги изразивме нашите грижи и ставови. Аргументите што ги употребивме го убедија советот на алијансата да донесе едногласна одлука, која беше дека мораме да го решиме проблемот за вашата земја среќно да продолжи на патот на успех кон НАТО - рече Кумуцакос.
Во прилог на тоа и премиерот рече дека Македонија е фокусирана спорот за името да се реши што е можно побргу.
- Сакаме да најдеме решение затоа што тоа ќе биде од наша полза, веднаш ќе се деблокира влезот во НАТО и ќе ги почнеме преговорите за членство во ЕУ - изјави премиерот.
Ситуацијата во регионов е главна тема и на безбедносната конференција во Минхен, која се одржува деновиве и на која учествува и претседателот Ѓорге Иванов. Новата стратегија на НАТО, која, меѓу другото, предвидува промена во донесувањето на одлуките за прием на нови членки и за состојбата во Авганистан, каде што Македонија учествува со 150 војници, во Минхен беше најавена од Џо Бајден, потпретседател на САД.
Министерот за одбрана Зоран Коњановски, пак, вчера во Истанбул присуствуваше на состанок на земјите-членки на НАТО, каде што учествуваат и земјите што не се дел од алијансата, но испраќаат војници во мировните мисии. Тој истакна дека Македонија останува целосно посветена на нејзината стратегиска цел, влез во НАТО и во Европската унија
- Оваа година ќе биде важна година за Авганистан, нашите денешни разговори на извесен начин ќе го постават патот во натамошните месеци. Се надевам дека 2010 година ќе биде важна година и за Република Македонија. Година во која навистина се надеваме дека ќе го добиеме местото кое вистински го заслужуваме во алијансата на рамноправните, за да бидеме поспособни да испорачаме уште повеќе стабилност, безбедност и мир во нашиот регион и на светот во целина - нагласи Коњановски.
Црвените линии остануваат
Спорот за името беше главна тема на завчерашната средба во Њујорк на грчкиот заменик-министер за надворешни работи Димитрис Друцас и генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун.
- Ја изразив грчката позиција и волја конструктивно да придонесеме за наоѓање решение за прашањето за името. Очекуваме Скопје да одговори на истиот конструктивен начин на преговарачката маса во ОН. Грчката „црвена линија“ е позната на сите - изјави Друцас.
Претходно Друцас се сретна и со американската државна секретарка Хилари Клинтон, на која потсети дека грчките црвени линии за спорот со името се добро познати.
Македонија извезува мир
Со сите постапки и активности Македонија не само што создава мир, туку и го извезува, а тоа го докажавме и со учеството во мировните мисии, изјави вчера претседателот Ѓорге Иванов на безбедносната конференција во Минхен.
За најавите дека Македонија ќе се дестабилизира ако не влезе во NATO во следните шест месеци, тој рече дека тоа треба да го коментираат тие што ги изнесуваат таквите судови.
- Јас како претседател на држава знам и ги убедувам граѓаните дека тоа во Македонија во сегашни услови не е можно - нагласи Иванов.
Според него, функционирањето на државата во овие 19 години независност покажала дека за ниту еден сосед, ниту за регионот, Македонија не е безбедносен проблем.
- Тоа е став на Грција, со кој таа доведе во заблуда многумина од меѓународната заедница. Не знам кој е тој аргумент, кој би бил искористен за тоа дека ние сме биле безбедносна закана - рече шефот на државата.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1937&ArticleID=133334