Покачен притисок :)

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.565
Живееме во динамично време кога секој од нас очекува премногу.Да се бориш за работно место,да ги завршиш домашните обврски, ти се закануваат со откази,со единици, полагање,со забрана за испаѓање,клоци,шамари и тупаници :)
Си одиш дома и наместо насмевка и разбирање,некогаш налетуваш на караници,уцени,закани,превари...Притисок од секоја страна,како влијае тоа на вашата врска,станувате хистерични будали или успевате да делувате како под дејство на диазапам од 5мг?
Добивате од партнерот притисок?Како се соочувате со тоа?
И да не ми изнапишете како Вие не одите со човек кој создава притисок,ќе Ве молам да размислите и како Вие го притискате него :)
 
Лошо се одразува во секој случај... Самите околности притискаат,па одреден период се создава нетрпеливост и избувнување за ситници пример зашто чашата не е таму каде што пример јас сакам да бидам. Си бараш рчка да се испразниш. Е сега зависи до партнерот, ако и тој е избувлив, ќе се искараме и ќе завршиме најверојатно со муабетот дека не е до нас, таков е периодот :kesa:
 
Станувам хистерична будала :/
Се отвараат портите на пеколот и после кога ќе видиш што си сторил нема враќања. Справување ретки се тие кои знаат што како останатите хистеризираат, плачат или се фаќаат за дијазепам .
Притисоци од другата страна кај мене води до инат и спротивен ефект најлесен начин е да ме оставиш да си ја лупнам главата од ѕид :/
 
Прво ќе се напнам, тоа сигурно. Целата расположена и некој одеднаш квари? Никој не би сакал да му прават така.
Кога сум при крај со нервите ги бркам луѓето подалеку од мене пред да им го уништам и нивното расположение. Или обратно, кога гледам нерасположени лица околу мене и голема тенџија се повлекувам кај знам. Но, во принцип не сум премногу избувлива, умеам да се самоконтролирам.
Секако не ти е сеедно некој без причина да ти се истури и слично, ама умеам да се расположам и да се случи истото. Ако дозволиш да те онерасположат, ќе успеат и сам си виновен за тоа.
Па така и со партнерот (иако го немам) ..ќе кажам дека настојувам да сум опкружена со позитивни луѓе. Ако тој крева тензија, нека се обиде да се смири. Ако не може, тогаш нека стои настрана да не им уништува муд на останатите :wink:
 
Јас па кога ја видех темата мислеех за крвен притисок е.

"Браво"за тебе.

Во последно време сум доста нервозен, си зададов премногу обврски самиот на себе, очекувам премногу и доколку не ми се оствари барем една половина од она што го планирам ситуацијата само би се влошила. Треба да оладам малце, со оглед на тоа дека си направив лош филм и полека согледувам дека успешноста на еден човек не се мери единствено според достигнувањата во областа на кариерата и професионалниот живот(типично за мене, лав во хороскоп и Доналд Трамп како идол). Пред некое време раскинав со девојката, очигледно дека нашата врска беше голема грешка, со оглед на тоа дека гледањето со неа го сметав како обврска а не како задоволство. Мислам дека се претварам во работохолик, а тоа негативно влијае на мојот љубовен живот изгледа, иако социлајно не сум изолиран тип и ја користам секоја можност за на кафе со другари и другарки, дремење по кафани или гужвање по дискотеки. Но, вечен оптимист сум, така да верувам дека ќе се среди оваа напнатост која очигледно влијае во повеќе сегменти од мојот живот отколку што мислев. Покачен притисок е одличен наслов на темава и ја опишува моjaтa моментална состојба хипотетички, фала му на Бог здравствено сум добар и не сум мрднал од 120 со 80.:)

П.С. Не е постов офтопик, туку сето ова го наведов затоа што вината за пропаѓањето на мојата врска ја најдов во себе и сакав да ја објаснам ситуацијата во која се наоѓам која коинцидира со насловот на темава.
 
Баш сега сум во една таква ситуација и ич не ми е пријатно.
Тој секогаш вели работата не ја носи дома,но,јас цмиздало,мора да отчукам од а до ш,кој како и зошто,па после он се нервира дека јас се нервирам и ништо не сме направиле...
Целата ситуација е напната и секогаш велам дека не правам така,нема да се нервирам,ама кога не бидува:toe:Таква сум.
Кога притисокот е покачен и другите страдаат.Ама ај,секогаш велам наредниот пат подобра ке сум,па некогаш може и ке биде.
 
Јас па кога ја видех темата мислеех за крвен притисок е.
Па и тоа е, се качува притисок од овие ствари.

Да се бориш за работно место,да ги завршиш домашните обврски, ти се закануваат со откази,со единици, полагање,со забрана за испаѓање,клоци,шамари и тупаници :)
Имало ама справување...бааги за броење за 20 години работа, накратко се преку онаквата.
Али персени и дијазепами слабо, ретко...не се надам на апче, а некоја чашка помага, поздраво е...мада, како чоек старее, живците се потенки (или проблеми се повеќе, појма немам, не сум мерел).
 
Ако и дозволиш да ти влијае до тој степен да почуствуваш притисок, сам си си виновен.
Жените треба полесно да се разбираат. Многу зборуваат, силни се со емоции, но малку кажуваат и лесно се смируваат.
Треба само да се апстрахираш и игнорираш дури не им помине.
И некој убав збор и пак си е ко порано.
Нема што работата ја врзувате со љубовта.
За мене се сосема независни, подобро е што не ја гледам 10 часа дневно најверојатно. Поспокојно е на работа:)
 
Кога ќе се рече дека стресот придонесува за појавата на некои болести, повеќето не сфаќаат сериозно. Ама стресот делува на таков начин што дури има дејство и врз ДНК во клетките.
Па видете сега дали не треба да се користат diazepam-и.
 
Прилично е едноставно, јас мртво лежам на креветот и се преправам дека сум безживотно тело и барам дупки во таванот како морон, а кога јас сакам нешто со притисок да извлечам од него он станува гневна будала. :)
Функционира совршено!:шмизла:
 
диазапам од 5мг:pos:

Искрено сериозно таков тип сум ладен како камен, одсекогаш сум бил таков тоа е добра особина и во многу ситуации е од голема корист, барем така сум проценил.

инаку во врска сум веке 3 години и одамна притисоците почнаа дирекно да делуваат, односно да се свакат и да се спроведат сериозно реално на дело, компромис владее во сите свери, се разбираме со голема почит и доверба.
 

:pos::pos: Take that you suckers!!!!
Помага,на слушалки пуштена на максимум,дома малку потивко бидејќи веднаш ке долета некој во соба и ќе почне да вика на веќе претходно слоевито нанесени провповедни зборови каде мораш да слушаш,слушаш и само слушаш,нема а.
Заканувањето со преполагање не сум го доживеала (сеуште) ама играњето маче и глувче со разни истражувања,семинарски,домашни од НАСА и веќе кога мислиш дека е готово тој има нова задача за тебе.Се во име на десет прстенца.
Како се смирувам,ќе најдам филм со дебилен хумор ,т.е. филмови и така ќе заспијам. Кога ќе се разбудам веќе завршил. Хех.
 
Кој на денешно време не е под некаков притисок? Било на работа, било на школо/факс, било дома... така да и не е нешто страшно покачениот притисок, доколку знаеш да си најдиш некоја работа со која ќе се издуваш малку, или малку појќе.

Е на целата таа ситуација уште ако ти скока партнерот на глава, малце повеќе напнато доаѓа. Само се се решава со добар збор, без испади кавги и караници (бар од моја страна). Не сум љубител на расправии.
 
Тотално се изолирам од сè и секого. Имам способност да искажам „Те молам, не сега, многу сум изнервиран. Почекај да ми помине и ќе збориме подоцна“, што е разумно барање да ме остават на мир сите кои во тој момент нешто бараат од мене.

А потоа најчесто легнувам да спијам, за да се одморам од сè што ми тежи на душата и умот. После тоа сум обично поспремен да се нафатам со сите работи и сите луѓе кои нешто бараат од мене.



Обратно, ако јас некого замарам, не знам дека е така, дури не ми се каже. Ако ми се каже, го модифицирам своето однесување, за подобро да ја постигнам целта поради која ја замарам таа личност. Гледам комуникацијата да биде сведена на минимум, зашто се работи за барање од таа друга личност и ништо повеќе. И ако на таа личност ѝ е непријатно дури ѝ зборувам, кратка и јасна комуникација и завршена работа сите ги усреќува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom