ХИИТ тренинг

  • Креатор на темата Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување Време на започнување
C

Cool Hand Luke

Гостин
Т.е. HIIT training - high intensity interval training, бара максимален напор во пократко време и може да се примени на било кој спорт, на пример трчање, со повеќе шпринт а темпото служи ко одмор итн. Согорувањето на мастите е зголемено и тоа трае и после завршувањето на тренингот. Освен за слабеење служи и за постигнување на максимално стабилна психичка состојба. Од некои свои искуства, го нареков трчање низ Ништото :) кога толку се исцедив па не можев на ништо да мислам, умот ми беше ко надвор од телото, а телото наместо уморно ко од гума да ми стана, ко да не беше мое, само си трчаше тогаш кога требаше да падне. :)
Па да споделиме искуства.

Само без кекс. Се зезам. Може. :wink:
 
Летоска практикував на Кеј. Ми дојде како добра замена за 5Км трчаwe бидејќи некако престанав да се топам.
Почнав со интервал 15-30 и после првите 5 минути неможев да стојам. Неколку денна ми требаше да си го најдам издржливиот сооднос и на крај отидов со 1:3 варијанта. 20 секунди спринг 60 секунди џогинг-брзо одење во репетиција од 8 интервали.
Загревање ми беше 5 минути џогинг, а cool down исто така 5 минути џогинг, меѓутоа како што спомена Cool Hand Luke на крајот си толку исцеден што иако сакаш да застанеш нозете сами си одат.
За жал, како залади времево престанав со сите активности, али летоска мора пак да се оди и тоа прво со 5 км трчање а откако ќе го постигнам тоа одам со HIIT
 
Се плашам дека треба кондиција да се има, барем малку од малку. Тогаш имав многу кондиција бидејќи ништо друго освен спорт не правев. Но сега без спорт а со цигари ќе ми треба малку време да влезам у форма. Но не месец дена или којзнае колку, важно е само да се надмине онаа фаза со млечната киселина во првите 10-15 минути.
Мене не ми треба за слабеење, би можел и некое кило плус да ставам, туку за тоа единствено психичко искуство. :)
Можеш да пробаш со скокање на јаже или импровизација на јаже дома, Питер. Јас тоа го правам, какво трчање на ова ладново.
 
Со цигарите немам проблем, ама некако спорт по дома не ми прај ќејф.. плус ќе почнат децата да се маткаат наоколу, а и на бабичката што е под мене нема да и се допадне што ќе мора да слуша како слон и рипа над глава.. :)
 
Т.е. HIIT training - high intensity interval training, бара максимален напор во пократко време и може да се примени на било кој спорт, на пример трчање, со повеќе шпринт а темпото служи ко одмор итн. Согорувањето на мастите е зголемено и тоа трае и после завршувањето на тренингот. Освен за слабеење служи и за постигнување на максимално стабилна психичка состојба. Од некои свои искуства, го нареков трчање низ Ништото :) кога толку се исцедив па не можев на ништо да мислам, умот ми беше ко надвор од телото, а телото наместо уморно ко од гума да ми стана, ко да не беше мое, само си трчаше тогаш кога требаше да падне. :)
Па да споделиме искуства.

Само без кекс. Се зезам. Може. :wink:
abe da ne si piel tromadoli ti?:smir:
 
Трчав јас по автопат дење напладне во лето на +40 степени, една недела така па заоблаче и не ми беше интересно. Инаку чувството дека ти гори главата не е препорачливо за секого, не го правев тоа за кондиција туку се акав од земја да видам што можам да издржам искрено.....
 
хммммм несваќам ова... пример возам точак,ептен брзо да ми е нормала,а онака брзо да ми биде одмарање или??? дајте пример...
 
abe da ne si piel tromadoli ti?:smir:

Не, СЕ е до умот. Само додека човек лично не се увери во тоа, само ќе збори дека е така. :smir:

Трчав јас по автопат дење напладне во лето на +40 степени, една недела така па заоблаче и не ми беше интересно. Инаку чувството дека ти гори главата не е препорачливо за секого, не го правев тоа за кондиција туку се акав од земја да видам што можам да издржам искрено.....

И моето беше во лето, 1997, (еее младости младости :(), но не мора да биде, иако жештината е добар помошник. :)

хммммм несваќам ова... пример возам точак,ептен брзо да ми е нормала,а онака брзо да ми биде одмарање или??? дајте пример...

Токму така. И уште поважно, кога возиш ептен брзо, уште поважно е да даваш се од себе, како тоа да ти е од животна важност. Многу важна работа на овој тренинг е секогаш да бидеш присутен сега и овде, а не тренингот да ти биде рутина а ти со мислите да го очекуваш крајот или да мислиш на нешто трето.

И за овој вид на тренинг мора да се има максимално здраво срце. Ко моево. :) Ни цигари ни љубовни разочарувања не му можат ништо. :smir:
 
сејм хир... :pos2::pos2::pos2: ни цигари,алкохол мн мн ретко,разочарувања и да ги има,не влијаат на мене т.е. на мојата псига,гајле ми...:pos2::pos2:
 
Ова мора да се испроба пролетва/летово,денеска имав еден лесен тренинг :) до Крушино (во Кичево) па увидов дека зимава многу се залежав но ова го испробувам сигурно.
 
А викате се ослабува со ова а? Имам слушнато за ова, и еднаш, ама само еднаш:) го направив летово, али дека бев слаб со кондиција многу тешко ми падна. Планирам да почнам кога ќе затопли ама викате треба да се има така малку надпросечна кондиција а?
 
Може некој да пише некоја добраа ХИИТ програма за на кеј онака
 
интересно е ова дефинитивно да се подобри малце времево ќе пробам со вакво трчање.
Ќе споделам импрсии со вас :)
 
А викате се ослабува со ова а? Имам слушнато за ова, и еднаш, ама само еднаш:) го направив летово, али дека бев слаб со кондиција многу тешко ми падна. Планирам да почнам кога ќе затопли ама викате треба да се има така малку надпросечна кондиција а?

Се ослабува само ако после тренингот не се претвориш во тигар. Ма важно е само да си јадеш колку ти треба, а не да се стрвиш! Јас од тоа страдав едно време, се стрвев многу, до грло. :)
Треба да се има прилично кондиција, најважно е да се помине појак тренинг на почетокот за да поминат оние најсилни воспаленија на мускулите, најдобро со чучњеви, склекови и стомачни од недела две. Јас кога трчав бев во топ форма, вежбав по три пати на ден, кондиција, сила, техника.
Може некој да пише некоја добраа ХИИТ програма за на кеј онака

Битно е волја да имаш, потоа да набиеш сила и кондиција, а тренингот најубаво сам да си го искомбинираш. Но еве ќе ти кажам од свое, најпрво еден километар темпо за загревање, па 100-150 метра шпринт до даска, па пак темпо за одмор, да речеме пола кимолетар, па пак шпринт од петни жили и така. Јас така поминав околу 6 километра.
 
Има најразлични мислења затоа прашав, обично гледам на кеј тие што прават ХИИТ гледаат на штоперица... Ќе се пробам ја за некое време, па ќе пишам :D:D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom