КАЗНИ ГЛОБИ И АРАЧ...

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
УЈП на скопски фирми им изрекла глоби од 1,3 милион евра

istockphoto_1680161-cartoon-mosquito.jpg



Управата за јавни приходи лани казнила 264 скопски фирми по 5.000 евра бидејќи задоцниле или воопшто не поднеле пријава за данок на додадена вредност (образец ДДВ-04)




Глоби во вредност од над 1,3 милион евра им изрекла Управата за јавни приходи на 264 скопски фирми во текот на минатата година бидејќи задоцниле или воопшто не поднеле пријава за данок на додадена вредност (образец ДДВ-04). Бизнисмените се жалат дека УЈП покренува постапка за прекршочна пријава дури и ако само еден ден се задоцни со поднесување на пријавата. Според нив, во време на криза и неликвидност даночните служби треба да покажат разбирање и толеранција барем за фирмите што имаат чисто досие, односно редовно ги намируваат обврските по основа на ДДВ.

- Во УЈП казнуваат без разлика дали се работи и за оправдано задоцнување од само еден ден и без разлика на тоа што такво задоцнување се случува првпат. Во мојот случај се работи за задоцнето доставување на пријавата за данок од само еден ден.

Моето книговодствено биро поради технички проблеми (пад на компјутерскиот систем) не било во можност навреме да ја достави пријавата и тоа го направиле во утринските часови на 16.12.2009 година. Од моја страна, сумата што требаше да биде уплатена на име ДДВ, вирмански, навреме, на 15.12.2009, е уплатена на сметката на буџетот на РМ. Без никаква моја вина од страна на УЈП изречена ми е казна од 5.000 евра - вели сопственик на една фирма.

Интересно е што УЈП им овозможува на фирмите попуст од 50 отсто ако ги платат глобите во рок од 8 дена.

- И 2.500 евра се огромна сума пари, кои за мене се многу во овие кризни времиња и во поглед на апсурдноста и големината на прекршокот, кој признавам го направив без никаква директна моја вина - вели нашиот соговорник.

Во УЈП велат дека поднесувањето прекршочни пријави за ненавремено, односно неподнесување на даночни пријави во законски предвидените рокови не е новина. Во управата велат дека редовно ги информираат и ги потсетуваат даночните обврзници за обврските за поднесување на сите даночни пријави, роковите, но и за казните. Оттаму додаваат дека дури се практикува и директен контакт со даночниот обврзник.

- Ова посебно се однесува на поднесувањето на пријавата за ДДВ (образец ДДВ-04). Рокот за поднесување на оваа пријава е 15-ти во месецот, по истекот на периодот за кој е регистриран обврзникот за ДДВ (месечен, тримесечен или годишен даночен обврзник). Значи, даночниот обврзник има период од 15 дена за да ја поднесе пријавата. На даночниот обврзник–правно лице ќе му се изрече глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност, доколку воопшто не поднесе или не поднесе даночна пријава во законски предвидениот рок до Управата за јавни приходи. Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за напред наведениот прекршок - велат во УЈП.

На високите казни пред економскиот тим на Владата се пожалија и бизнисмените од Сојузот на стопански комори на неодамнешниот деловен појадок.
 
Добро е познат фактот дека УЈП на секој сопственик на фирма кој нема членска книшка од Врховистите му наоѓа и најмала ситница за да го казни. Така е и со инспекциите и со сите владини сектори надлежни за приватни фирми, додека оние, партискиопределените за владеачката партија имаат секакви привилегии.
 
Не знам што има државата да има врска со бизнис кој си го прават две правни или физички лица.
Данок ко категорија треба да биде укината.
Ај, јас дома жена ми да направи торта, па децата нивни не ни дошле на гости, па им носат од тортата, јас треба на државата ли да и плаќам, што има пренос на благо на нејзина територија?
Данок на промет, данок на вредност треба да се укинат.
Која општина сака ако сака нека дава пари за нешто во нејзината општина.
Ко што и даваат на чистачката влез да ти чисти.
За полиција, судство, војска, друг муабет.
 
Се се ама овој зборот ГЛОБА.... Добро бе од кај се научија луѓево да го користат зборот глоба???? Од овие бугароманиве у власта?????? Глоба јас колку што знам никогаш не се кажувало... Глоба е бугарска изрека. Кај нас се вели казна. Бугарска работа.
 
- И 2.500 евра се огромна сума пари, кои за мене се многу во овие кризни времиња и во поглед на апсурдноста и големината на прекршокот, кој признавам го направив без никаква директна моја вина - вели нашиот соговорник.

каква фирма е ова,кога за него 2.500 евра биле големи?уште признава дека направил прекршок(без никаква директна моја вина):tapp:па се прашувам кој е газда на таа фирма?на овој треба 10.000 евра казна да му се изречи...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom