Bratot
Стоик и Машкртник!
Во октомври 1829 година, на состанокот на комитетот на царот Николај Први, од страна на руското раководство била разгледана и можноста за евентуално распаѓање на турската империја, при што бил разгледан предлогот доставен од тогашниот грчки национален деец Јоанис Каподистрија.
Овој предлог (во кој Македонија била замислена како самостојна држава), на состанокот го изнел рускиот министер за надворешни работи Дашков.
Во предлогот на Гркот Каподистрија било предвидено создавање на пет балкански држави доколку се случи пропаѓање на турската империја.
Овие држави биле дадени со своите имиња и граници.
Тоа биле:
1. Дакија (која требало да ги опфати кнежествата на Молдавија и на Влахија т.е. приближно териториите на денешна Романија и Молдавија);
2. Србија (која требало да ја опфати територијата на тогашната српска држава, со присоединување кон неа на дел од денешните територии на Бугарија и на Босна);
3. Македонија (која требало да ја опфати територијата на цела тогашна Румелија, заедно со околните острови т.е. територијата на цела етничка Македонија и делови од денешна Бугарија, Тракија и Тесалија);
4. Епир (кој требало да ги опфати териториите на горна и долна Албанија);
5. Грција (наречена како "Област на Елините", која требало да ја опфати територијата од реката Пена во Тесалија, сè до градот Арта, заедно со целиот архипелаг).
Од овој грчки предлог јасно се гледа дека тогашните национално свесни Грци, како најсеверна грчка област ја сметале Тесалија.
Освен тоа, Епир воопшто не бил сметан за грчка област, додека Бугарија никој ниту ја спомнувал.
Во тоа време Каподистрија бил руски гроф и своевремено државен секретар за надворешни работи на Русија.
Подоцна, тој станал претседател на новооснованото грчко Народно собрание и на крај бил избран за прв претседател на самостојната грчка држава.
РУСКИ ПРЕДЛОГ ЗА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА
На истиот овој состанок на руското раководство бил поднесен уште еден предлог, овој пат од рускиот гроф Булгари, кој предложил на Балканот да се создадат следниве држави:
1. Грција (со архипелагот,Самос и Крит);
2. Македонија (заедно со северниот дел од Албанија и дел од Тракија, сè до реката Марица);
3. Србија (заедно со Босна, за која држава побарал да биде протекторат на Големите сили); и
4. Териториите на Молдавија, Влахија и на Бугарија (како една држава), која требало да биде протекторат на Русија.
(Блаже Ристовски: "Историја на македонската нација", МАНУ, Скопје, 1999 год., стр. 10).
1. При склучувањето на Берлинскиот договор во 1878 година, Русија прави обид да ја придобие Австро-Унгарија за автономија на Македонија и на Албанија. Австрија не прифатила.2. На Берлинскиот конгрес е донесено решение во Македонија да се спроведат реформи од страна на Турција. Решението се содржи во членот 23 од Берлинскиот договор, за чиешто спроведување одговорност презедоа и Гопемите сили. Ако беа спроведени предложените мерки, постепено би се дошло до автономија.
3. По востанието од 1902 година во источна Македонија, познато како Горно-Џумајско востание, Големите сили и препорачуваат на Турција да изврши некои реформи. Но во практиката се доби само правото христијаните да имаат само вооружени полјаци од христијанска националност. Некои од Големите сили и тогаш размислувале за автономни реформи, но како резултат се добило само спомнатото.
4. По Илинденското востание од 1903 година, во Мирцштег се одржува средба меѓу рускиот цар и австроунгарскиот кајзер Франц Јосиф. На оваа средба беа договорени главните точки за реформи што и беа предложени на Турција и таа ги прифати на 25 ноември истата година. Меѓутоа, Македонија одново не доби ништо. Беа испратени само инструктори од Големите сили во разните вилаети (области) на Европска Турција за да извршат одредени реформи во турската џандармерија. Надежта за автомомија се одложи.
6. Италија преку својот државник Титони изрази во 1907 година став во полза на автономна Македонија. Титони во парламентот изјави: "Македонското прашање треба да се разреши преку автономна управа базирана врз националностите".
7. Во 1908 година се сретнаа во Ревал англискиот крал и рускиот цар. Двете големи сили постигнаа договор што требаше да доведе до автономија. Англискиот министер за надворешни работи Едуард Греј изјави во домот на општините дека Англија покренала иницијатива за назначување на генерален гувернер во Македонија.
8. Рускиот претставник во Софија, Нехлјудов, во октомври 1912 година испратил допис до министерот за надворешни работи во Санкт Петербург, во којшто го искажува мислењето дека најдобро е Албанија и Македонија да бидат автономни и да бидат ставени под закрилата на Големите сили. И во други случаи, додека траеше војната против Турција, руски официјални органи размислуваат врз идејата за автономија. За жал, во тоа време балканските сојузници веќе се беа откажале од оваа идеја.
( А.Тошев: Балканските војни, прв и втор дел)
9. На Париската мировна конференција во 1919 година, меѓу Големите сили е разгледувано прашањето за издвојување на оној дел од Македонија што се наоѓа под југословенска власт, како автономна област во границите на Југославија. Италијанската делегација поднесува свој проект; Англичаните, пак, поднесуваат друг проект, кон којшто се придружуваат американската и јапонската делегација. Предлозите пропаѓаат заради спротивставувањето, пред се, на француските претставници, коишто ја подржале српската непомирливост.
Во Мировната програма на Вудро Вилсон објавена 1918 г., промовирана е Стратегијата на САД во меѓународните односи, заснована на Американската демократска традиција за човековите права, правото на народите на самоопределување и свои национални држави, рамноправност на народите и др.
- Претседателот Вудро Вилсон во текот на 1918 и 1919 г., за време Париската мировна конференција, активно ја застапува идејата за обединета, автономна Македонија, под првичен протекторат на САД.
Активностите на САД за правилно решавање на македонкото прашање пред Париската мировна конференција во 1919 г.
- Кон средината на 1918 г., Вашингтон согледувајќи го македонското прашање како клучно за разрешување на Балканскиот проблем, упатува во Македонија, специјална мисија.
- Во Мисијата се мајорот Линдеј Бринер – воен аташе на САД при Главниот Француско-Американски воен комесаријат, и Луј Крентон – Сенатор на државата Мичуген. Со ова САД сакаа од “лице место” да се согледа – Македонското прашање низ објективен третман и со непристрасно испитување.
САД САКА РЕШАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ ВРЗ ОСНОВА НА СОСТОЈБИТЕ ПРЕД ПОДЕЛБАТА ОД 1913 год.
- Вашингтон става до знаење дека Букурешкиот договор и решенијата од таму, особено оние за Македонија, НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗЕМАТ КАКО ОСНОВА за разрешување на македонското прашање.
- Вашингтон нагласува дека тој Договорот е –“ДЕЛО НА КОРУМПИРАНИТЕ БАЛКАНСКИ БУРЖОАЗИИ”.
- Вашингтон декларира став дека Македонија треба да се конституира како одделна политичка единица , како – ПОСЕБНА АВТОНОМНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА.
- 03. XII. 1918 г., САД и Англија се состануват да во рамки на глобалното решавање на Балканот, изградат заеднички ставови. САД се јасни и конкретни:
- САД да добијат мандат за трите стратегиски точки на Полуостровот – Цариград, морските премини со Тракија и Македонија.
Американскиот амбасадор во Лондон Дејвид Хантер Милер, известил дека со предлогот на Вашингтон се предвидувало и:
“Македонија да се стави под мандат на САД“ и во тие рамки, како мандатор, САД да ја превземат на себе “грижата за Македонија“.
( Велика Британија и македонското прашање на Париската мировна конференција во 1919 година, од документацијата Христо Андонов-Пољански, Архив на Македонија, 1973)