- Член од
- 13 ноември 2014
- Мислења
- 24
- Поени од реакции
- 3
- Возраст
- 35
Пушач сум, 1 кутија во два дена, кафе пијам македонско (турско), имам вишок во регијата на стомакот, многу често мислев дека е после јадење, но пред некој ден ми се случи на празен желудник. Понекогаш прескоците се толку страшни што неможам воздух да земам, некогаш се само како балон да се дуе и пука.*да видиме што ќе одговориш:
- што лабораториски анализи си направила?
- Helicobacter pylori ?
- TSH и Т4 на штитна жлезда?
- Fe и други лабораториски параметри поврзани со анемија?
- средна вредност на измерен крвен притисок во текот на денот?
- дали си примила и колку Amp Clexane за време на бременост?
- дали си ги имала прескоците и пред бременоста и колку често?
- дали имаш тахикардија силно и брзо биењее на срцето или само аритмија - екстрасистоли прескоци или само треперење, како ги опишуваш?
- дали најчесто пред јадење, за време или после јадење и дали внесуваш обилни оброци?
- дали имаш повеќе килажа според висината или нагло менување на телесна тежината во краток период?
- дали имаш проблеми во бракот, а со тоа и секојдневен стрес?
- дали имаш редовен сексуален живот, најмалку 3 х неделно?
- дали имаш проблеми и стрес на работно место?
- дали пиеш лекови и кои?
- дали воопшто ти дале терапија конкретно за прескоците и која и колку време ја пиеш?
- дали си направила РТГ снимка за можна желудачна кила?
- дали се жалиш на некоја болка или често уздригнување пред да ти се јават прескоците, дали ти се надувува стомакот после оброк?
- дали пушиш и колку?
-дали пиеш, колку и какво кафе во текот на денот?
- дали пиеш индиски и зелен чај во текот на денот и колку?
- кога најчесто ги имаш прескоците и како ја разликуваш тахикардијата од прескоците опиши го чувството и од каде знаеш дека имаш прескок?
- дали јадеш луто?
- дали доволно пиеш вода, колку литри дневно?
- дали доволно спиеш, колку часа вкупно без прекин во една ноќ?
- дали конзумираш алкохол или енергетски стимуланси или премногу ладни безалкохолни пијалоци?
- дали си направила ЕКГ и што ти е напишано како наод?
- дали знаеш дека некои клинички студии укажуваат дека до 100 вентрикуларни ектопични отчукувања во период од 24 часа (24-часовен Холтер мониторинг) се во нормални граници?
- дали си паничарка, па по еден безначаен прескок ти си со твојата паника одговорна за другите последователни прескоци или имаш забрзано чукање на срцето во тој момент со што се случува некој прескок?
- каков пулс имаш во текот на денот, кога спиеш и кога мируваш во тек на денот, дали ти оди до 40 отчукување, па се случува да имаш во тој момент прескок?
...ајде одговори!
Сум направила ЕКГ и само синус тахикардија ми е дијагностицирана. Имам направено испитувања, ехо, Холтер (откуцаи), стрес тест па дури и во Жан Митрев ме ставија во една чудна машина и ми викаа "земи воздух", "задржи воздух" "испушти воздух" , па ми рекоа дека сѐ е во ред, но незнам што беше тоа.
Хернија незнам како се испитува, ама ми правеа гастроскопија и ми најдоа insuff. Cardiae и гастритис. Не ми објаснија што значи тоа и покрај моето инсистирање. Во бременост енормно Бакалов килажа, инаку прескоците ги имав и порано само не им продава значење. Истите се појавија после прилично стресен период.
Бракот ми е супер, нормално малку расправии коишто се колку само да се разбие монотонија.
Редовен секс нема, бидејќи работата на сопругот му е многу во патување, паничарка сум, од наведените чаеви не пијам, не јадам луто речиси никогаш оти ми смета, енерг пијалоци и алкохол не консумирам, железото ми е секогаш на ниска граница, а параметрите како хемоглобин често знаат испод нормала да ми бидат.
Хеликобактер испаѓа позитивен од крв, а од измет не.
Претежно покачен ми е пулсот, просек 90, никогаш не ми паѓа пулс под 60. Во глобала имам тахикардија.
Штитна жлезда проверена и во ред е .
Подгрбавена сум, со вратна спондилоза и лумбален дел со дискус хернија...
Незнам друго што да кажам.