Лажни банкноти низ Македонија - made in Veles!

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
Внимавајте, лажни банкноти од по илјада и од по петстотини денари се пуштени во промет низ земјава. велешката полиција денеска уапси две момчиња кои фалсификувале пари дома.

Кај нив најде двесте илјадарки и осумдесет петстотки, речиси идентични на оригиналот. Момчињата на возраст од 19 и 22 години опремиле цела печатница за пари, со современа компјутерска техника, скенери и бои, а полицијата кај нив пронашла и фалсификувани листови за доработка на сериски броеви за лажните пари.

„До приведувањето, осомничените лица во целост ги признаваат вкупно 16 сторени кривични дела и одземена е опремата како и банкнотите и се пратени на вештачење во соодветните државни органи во Република Македонија“, вели Димитрија Андонов, портпарол на СВР Велес.

Фалсификаторите од поодамна се занимавале со изработка на лажни пари. Со нив најчесто плаќале ноќе, во продавници, трафики и такси компании. Едниот од нив бил задолжен за печатење, а другиот за пуштање во промет. Освен во Велес, парите ги растурил и во Битола, Штип, Кичево и Струмица. Дали во Македонија цвета бизнисот со фалсификување пари.

Огласи за продавање лажни пари можат да се најдат и на еден од најкористените интернет сајтови за огласување „Пазар 3“. Тетовчанец кој се претставува како Хасан, нуди лажни илјадарки за 250, и петстотки за 150 денари.

Полицијата ги предупредува граѓаните да внимаваат кога земаат пари. Лажните најчесто се познаваат по квалитетот на хартијата. Штом забележат сомнителни банкноти, полицијата ги повикува граѓаните веднаш да ги пријават. Во спротивно, можат да одговараат за фалсификување и пуштање во промет лажни пари.

Во меѓувреме, двајцата фалсификатори кои претходно имале криминално досие, најверојатно ќе завршат во притвор.

falcifikatori.jpg


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=118663
видео http://www.a1.com.mk/vesti/video.asp?Video=10/tevcev-14-01.wmv&VestID=118663
 
Темава во свет?

Имам јас еднаш направено и сменето 500 денари, ама не ја направив убаво бедна беше, и пак не приметија гускиве кај мене во продавница:tapp:

А ови двајца многу сакале, требало полека но сигурно, дневно по илијадарка и бомба си..:tv:
 
Само чичко Ротшилд има право да ги штампа парите се друго треба апсаана да оди.
Пошто нели таков е "законот".
 
Огласи за продавање лажни пари можат да се најдат и на еден од најкористените интернет сајтови за огласување „Пазар 3“. Тетовчанец кој се претставува како Хасан, нуди лажни илјадарки за 250, и петстотки за 150 денари.

Ае бабе ова не било :pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
 
Ги знам и двајцава. Едниот со мене учеше до 4то. Продаваа и на пазар едно време.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom