Биографија за Сузана Гавазова:
21 Декември 1979 година претставува еден од двата најбитни датуми за семејството Гавазови од Струмичкото село Сушица, тоа е денот кога на свет доаѓа нивната втора ќерка Сузана која уште од мали нозе почнува да појавува афинитети кон музиката која одсекогаш била присутна во домот на Гавазови, но само за своја душа, никогаш никој не се занимавал професионално со музика се до оној момент кога Сузана почнува да ги прави своите први обиди на аматерските фестивали почнувајки од смотрите во своето родно село Сушица, а потоа се редат настапите и наградите на другите такви и слични фестивали по што следува договорот со групата Пицикато и првиот професионален настап на најстариот фолк фестивал во земјава „Фолк Фест Валандово“, 1998 година со песната „Ако ако, Нека нека“, со која не освојуваат награда меѓутоа ги освојуваат симпатиите на голем дел од публиката за време на фестивалот и после него.
Соработката со истата група продплжува неколку години, учествува скоро на сите фестивали во земјата со песни на најпознатите автори на фолк музиката, и истовремено освојува голем број награди. Во соработка со групата Пицикато имаа издадено два албума за издавачката куќа Сенатор – Битола.
Во 2004 година на Валандовската сцена го прави својот прв соло-настап со композицијата „Немирка“ на авторот Димитров, по што следат низа настапи на сите фестивали во Македонија и пошироко, голем број награди и гостувања, како во Европските држави така и неколку гостувања во прекуокеанските земји Австралија и Америка.
Како солист има издадено три албуми за издавачката куќа Мистер Компани. Првиот соло албум е насловен „Удри Дајре“, после него следува албумот „Пеј животе“ и третиот со македонски староградски песни.
Иако звучи како клише, вели дека песната е нејзиниот живот, благодарна е на публиката која постојано е со неа и ја подржува во се, но сепак нејзината најголема благодарност е до нејзиното семејство кое секогаш беше тука додека го минуваше не така лесниот пат до заслужениот успех, и ја бодреше во моментите на подеми, но и во моментите на падови кои за среќа со силната поддршка на нејзините најблиски вели ја направиле уште посилна и посигурна во превземањето на следните чекори.
Продолжува и понатаму со истата сила и енергија како и досега, се надева дека публиката и семејството и понатаму ке бидат нејзината а таа ветува дека ќе им возврати со многу љубов и песна која знае да развесели, понекогаш и да натажи но и да ги залекува раните.
Биографија за Јованка Житарова:
Родена е во Неготино,Р.Македонија.Во истото место завршува основно образование, паралелно со тоа и нижо музичко образование во „Владо Арсов-Шпанац“.За време на школувањето учествува на повеќе натпревари по солфеж и пеење,а исто така настапува на многу музички манифестации во општината, како што е традиционалниот избор на „Најдобар глас„на Неготино освојувајќи неколку награди.
Исто така настапува заедно во дует со Мишко Крстевски на „Фолк Фест Валандово“ 1997 год., каде ја освојуваат првата награда од публиката со песната „Зошто Боже“. Потоа се запишува во Скопје во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ отсек соло пеење каде и завршува, а исто така и дипломира отсек соло пеење на државниот универзитет „Св.Кирил и Медотиј“- Скопје 2007 год.
Нејзиниот немирен и темпераментен дух не застанува овде, туку продолжува активно да се занимава со фолк музиката.Во 2008 год. во соработка со композиторот Драги Станков и текстописецот Валентина Николова ја отпеа песната „Еј ти застани“, а истата година со истиот тим настапува на „Фолк Фест Валандово“ со композицијата „Дај дај“.Во меѓувреме препеа неколку стари македонски песни кои се најдоа на нејзиното прво цд.