Знаци што сте ги игнорирале на почеток на насилни/посесивни врски

  • Креатор на темата Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување Време на започнување
Темава е за двата пола

она што го најдов на нет знаците се овие

- љубомора
на почеток е слатко мислите дека му е стало до вас , но потоа станува се полошо до пропорции на болест иако вие мислите дека он се грижи само за вас
- јавување постојано да му кажеш каде си и ос кого си макар и да идеш до продавница или до веце
- постојани забелешки дека сте премногу провокативно облечени , превише шминка има и случаеви каде и ноктите не смеат да ги лакираат
- ви ја/го убива самодовербата на секој можен начин ве исмева вас, вашите предлози и вашите проблеми ги издига до епски пропорции, секоја мала грешка ќе ја исправа за да добиете осет дека сте помалку вредни за да покасно кога ќе ве повреди емоционално/физички да имате осет дека сте го заслужиле тоа
- ве одалечува од вашите пријатели и фамилија
за да може да ве контролира он , ќе ви збори дека они вас лошо ве третираат дека се вакви такви онакви, дека ве искористуваат, секоја најмала кавга со нив или рчка (што е нормално во секоја врска било пријателска било љубовна ) која сте му кажале покасно ќе ја користи како доказ дека они се вакви или такви . Секое искачање со вашите пријатели ќе заврши со расправија со него, или пак сцена(за да внесе чуство на вина ) , кога на крај ќе прекинете врските со нив личноста со која одите ќе рече дека е така најдобро дека она вас ве сака а не тие . сами без подршка ќе може да ве контролира
- Ги има шифрите од сите ваши профили по социјални мрежи
- со секого со кого се поздравувате он те прашува кој е
- времето поминато без него мора да биде раскажено во детали
-има пријатели негови кои му кажуваат што правите кога не сте со него
- прерано кажува те сакам, уште во првиот месец ве опсипува со внимание како да сте во врска , дека сака даве земе за маж/жена, сака целото време да го поминувате со него/неа

Има уште ако сака модераторот да ја закачи темава .
Имав неколку симптоми од овие на почетокот од мојата врска.
Можеби и малце околината имаше удел во тоа тој да биде љубоморен и посесивен,имавме прилично добри расправии,нервози и пеколни денови...
Но каде има љубов ке има и се друго по ред.
Си ја заслужив довербата си се докажав како личност и фала богу до ден денешен,немам баш никаков проблем со љубомора,посесивност и такви глупости,напротив понекогаш јас ги имам:vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom