Шота Буби
нотар
- Член од
- 4 март 2009
- Мислења
- 3.087
- Поени од реакции
- 1.780
Најбогатите луѓе во светот од листата на милијардери на списанието „Форбс“ објавија прогноза каква ќе биде 2010 година.
Американскиот нафтен и трговски магнат Џон Кастиматидис чие богатство се проценува на 1,65 милијарди долари предвидува дека изненадување годинава може да биде порастот на берзата, кој може да го надмине прагот од 12.000 поени. Тој не прецизира кои индекси ќе имаат пораст, но наведува дека тие ќе имаат двојно поголем раст.
Индискиот милијардер Еди Гудриџ чие богатство се проценува на 3,3 милијарди долари истакнува дека изненадување за годинава ќе биде големиот раст на економијата на Индија. Тој предвидува пораст на бруто домашниот производ на Индија до девет проценти.
Милијардерот Питер Сондах, еден од највлијателните бизнисмени на пазарот за недвижности, имоти и телекомуникации во Индонезија, прогнозира економски пораст на државите од Блискиот Исток.
Холивудскиот продуцент Арнон Милчен, чие богатство се проценува на две милијарди долари, како најнеочекуван настан за годинава го наведува потпишувањето на мировниот договор меѓу Израел и Палестинците. Тој истакна дека потребно е само еден храбар човек од Палестинците да му подаде рака на Израел.
Познатиот милијардер во САД Леон Чарни, кој се занимава со недвижен имот, како изненадување за годинава го наведува падот на рејтингот на американскиот претседател Барак Обама.
Истото го очекува и еден од водечките трговци со автомобили и уметнички дела во САД Арт Барман, чие богатство изнесува 1,2 милијарди долари. Тој тврди дека рејтингот на Обама ќе се спушти до најниското ниво што го имал неговиот претходник Џорџ Буш. Барман истакнува дека тоа ќе се случи доколку продолжи зголемувањето на невработеноста во САД.