- Член од
- 26 февруари 2009
- Мислења
- 47
- Поени од реакции
- 1
Во оваа тема би можеле да ги изложите своите мислења и да поставувате прашања за се во врска со медијацијата.
Согласно со последните измени од месец ноември 2009 Законот за медијација ја уредува медијацијата во граѓански, трговски,
работни, потрошувачки и во други спорни односи меѓу физички и правни лица, со
кои страните можат слободно да располагаат со своите барања, во согласност со
закон, освен кога со закон поинаку не е пропишано.
Новост во медијацијата во Македонија е, дека одредбите од законот за медијација веќе се применуваат и во семејни и кривични спорови,
доколку медијацијата одговара на природата на спорните односи и со посебен
закон не е исклучена нејзината примена.
Медијацијата се води врз основа на договор постигнат меѓу страните пред
или по започнувањето на судскиот спор, со или без упатување на судот или друг
орган, освен кога со закон не е предвидена исклучива надлежност на суд или
друг орган.
Страните во спорот доброволно ја поведуваат и учествуваат во постапката за
медијација и во секое време можат да се откажат од истата.
Откажувањето на страните од медијацијата не влијае врз нивното право
спорот да го решат во судска или друга постапка.
Медијацијата е економична, ефикасна и брза постапка до која страните имаат
лесен пристап.
Медијатор е деловно способно физичко лице кое им помага на страните да
постигнат спогодба, без право да наметне решение на спорот, во согласност со
начелата на медијацијата.
Медијатори можат да бидат: адвокати, дипломирани правници или лица од
друга професија и други истакнати стручни и научни работници, во зависност од
видот на спорот, кои завршиле обука за медијатори и ги исполнуваат условите.
Во постапката за медијација може да учествуваат еден или повеќе
медијатори.