Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.412
- Поени од реакции
- 6.017
Во саботата го забележав на Сител, сега се разбуричкав по нетов и дознав дека ќе го емитуваат секоја сабота во 20:20.
Шоуво е нешто слично на претставата „Женски оркестар“ што беше популарна пред повеќе од 10 години.
Балкан Бенд е откачен феминизиран музички секрет, кој е ангажиран да свири во типична балканска крчма. А балканска крчма не е англиски паб ниту француско биро, туку е универзитет, парламент и втор дом.
Доајенот на македонскиот хумор Иван Карадак и седумте хероини - добро познатите актерки Гоца - Гоце Тодоровски, Благојка - Благоја Чоревски, Дада - Владимир Ангеловски, Ванеса - Ванчо Петрушевски, Џоконда - Ѓокица Лукаревски, Маца - Димче Мешковски и Унџелина - Емин Унџел, ќе бидат виновни за вашето добро расположение и насмеани лица. Секоја од нив има своја приказна, свој говор и свои обожаватели.
Пак се состануваме да ја освоиме публиката во цела република. Сите сме добри музичарки, убаво изгледаме, малку сме жени во години, но многу сме музикални - вели Гоца, Гоце Тодоровски.
Балкан Бенд е македонска комичарска репрезентација. За Балкан Бенд потоа ќе зборувате и прераскажувате меѓу соседите и пријателите. Ама прво вие и вашите најблиски разубавете си ја саботната вечер со Балкан Бенд само на Сител телевизија во 20 часот и 20 минути.
Еве снимив нешто од ТВ, колку да видите за што се работи.

Извор. Погледнете, има и видео материјал.