Монетоковничката продукција во Отоманска Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата arheolog
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.095
Локација
СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА
Првата монетарница во македонија била отворена во Скопје во 1947 година, во времето на владеенјето на султанот Мехмед 2. Во неа биле ковани сребрени акчи,бронзени мангири и најверојатно златни пари - султани, а истата се наоѓала во близина на Даут-пашиниот амам.Следната ковница била птворена во Кратово за време на владеенјето на султанот Бајазит 2 и таа произведувала сребрени акчи и златници.Со оглед на тоа дека до сега се познати околу 100 различни типа на акчи ковани во Кратово во текот на 14век, се чини дека кратовската ковница била една од најактивните на територијата на целата империја во тој период.Златните пари во Кратово биле произведувани во периодот помеѓу 1520-1595година,иако до сега се познати само 10 вакви примероци. За време на владеенјето на султанот Селим 2, ковница за пари била отворена и во Охрид. Во неа се произведувале сребрени акчи, а нејзината активност особено се се интензивирала во почетокот на 17век, најверојатно со цел да биде задоволена побарувачката за ситни деноминации наметната од развојот на караванската трговија со Солун и со Скадар.Монетарниците во Македонија биле оперативни околу 170 години,односно биле затворени во 1640година,од страна на султанот Ибрахим, веднас по неговото доаѓанје на тронот.Неговата монетарна реформа подразбирала затварање на сите провинциски ковници во Царството, со исклучок на неколкуте во Мала Азија и во Африка.
По оваа реформа, работата во македонските ковници во отоманскиот период никогаш не била обновена.
 
Првата монетарница во македонија била отворена во Скопје во 1947 година, во времето на владеенјето на султанот Мехмед 2. Во неа биле ковани сребрени акчи,бронзени мангири и најверојатно златни пари - султани, а истата се наоѓала во близина на Даут-пашиниот амам.Следната ковница била птворена во Кратово за време на владеенјето на султанот Бајазит 2 и таа произведувала сребрени акчи и златници.Со оглед на тоа дека до сега се познати околу 100 различни типа на акчи ковани во Кратово во текот на 14век, се чини дека кратовската ковница била една од најактивните на територијата на целата империја во тој период.Златните пари во Кратово биле произведувани во периодот помеѓу 1520-1595година,иако до сега се познати само 10 вакви примероци. За време на владеенјето на султанот Селим 2, ковница за пари била отворена и во Охрид. Во неа се произведувале сребрени акчи, а нејзината активност особено се се интензивирала во почетокот на 17век, најверојатно со цел да биде задоволена побарувачката за ситни деноминации наметната од развојот на караванската трговија со Солун и со Скадар.Монетарниците во Македонија биле оперативни околу 170 години,односно биле затворени во 1640година,од страна на султанот Ибрахим, веднас по неговото доаѓанје на тронот.Неговата монетарна реформа подразбирала затварање на сите провинциски ковници во Царството, со исклучок на неколкуте во Мала Азија и во Африка.
По оваа реформа, работата во македонските ковници во отоманскиот период никогаш не била обновена.

1947-Султан Мехмед 2?
 
Ќе да беше едно 500 години порано, 15 век ми се чини.
 
Првата монетарница во македонија била отворена во Скопје во 1947 година, во времето на владеенјето на султанот Мехмед 2. Во неа биле ковани сребрени акчи,бронзени мангири и најверојатно златни пари - султани, а истата се наоѓала во близина на Даут-пашиниот амам.Следната ковница била птворена во Кратово за време на владеенјето на султанот Бајазит 2 и таа произведувала сребрени акчи и златници.Со оглед на тоа дека до сега се познати околу 100 различни типа на акчи ковани во Кратово во текот на 14век, се чини дека кратовската ковница била една од најактивните на територијата на целата империја во тој период.Златните пари во Кратово биле произведувани во периодот помеѓу 1520-1595година,иако до сега се познати само 10 вакви примероци. За време на владеенјето на султанот Селим 2, ковница за пари била отворена и во Охрид. Во неа се произведувале сребрени акчи, а нејзината активност особено се се интензивирала во почетокот на 17век, најверојатно со цел да биде задоволена побарувачката за ситни деноминации наметната од развојот на караванската трговија со Солун и со Скадар.Монетарниците во Македонија биле оперативни околу 170 години,односно биле затворени во 1640година,од страна на султанот Ибрахим, веднас по неговото доаѓанје на тронот.Неговата монетарна реформа подразбирала затварање на сите провинциски ковници во Царството, со исклучок на неколкуте во Мала Азија и во Африка.
По оваа реформа, работата во македонските ковници во отоманскиот период никогаш не била обновена.
ova mi deluva kako vo filmot "Vrakanje vo idninata"
 
Парите-сведоштво за минатото на Скопје



Градот Скопје е еден од ретките чија што историја се следи две илјади години.
Најстарите наоди во сколската котлина потекнуваат од периодот на неолитот, но за почетоците на градска средина сведочи римскиот град Скупи.
Антинкиот град се наоѓа во северозападниот дел од котлината, опфаќајќи го Зајчев Рид. Градот, формиран во I век, во текот на седумвековното постоење достигнува највисок административен ранг во провинцијата и стакува културен, верски и трговски центар.
По катастрофалниот земјотрес во 518 г. и зачестените варварски напади од крајот на VI , почеток на VII век, населението се префрла на околните ридови.
Меѓу нив се рано средновековното утврдување Маркови Кули на планината Водно и Скопско Кале, на истоименото возвишение од левата страна на реката Вардар.
Таму започнува да се развива средновековниот град Скопје.

Средновековната историја на градот се следи од крајот на X век, со обновата на цар Самоил.
Императорот Василиј II го вклучил во Византиската држава.
Градот најголем развој доживеал во време на Комнените.
Кон крајот на XIII век, тој е освоен од српски владетели, а во XIV век во време на Комнените и Мрњавчевата династија доживеал голема обнова.
Кон крајот на векот Скопје е освоено од Османлиската империја.
Петвековниот растеж на градот е во духот на новата империја, која ја респектира христијанската религија на домашното население.


Во почетокот на XX век Македонија го доживува најфаталмиот период од историјата. Делбите и новите освојувања ја сместуваат под власта на нови управувачи.
Градот сведочи за двете светски војни, за вклучувањето на Македонија во југословенската федерација.

Македонија денес го остварува долговековниот стремеж за самостојност, креирајќи стандарди кои ќе ја приближат државата кон современите општествени и економски текови.
Низ долговековното постоење, Скопје секогаш било вклучено во монетарните системи во разните периоди на историјата.
Денес, Република Македонија има сопствена валута и е вклучена во светските монетарни движења.





Антички период

Римскиот град Скупи, почнувајќи од I век, сведочи за почетоците на Скопје како градска средина во античкиот период и ги следи историските, општествените и културните случувања во империјата.
Циркулацијата на пари во скопската котлина во периодот пред создавањето на Скупи, ја сочинуваат одделни наоди на пајонски и македонски монети.
Скупи ги следел развојните урбани текови на империјата во своето седумвековно постоење.
Откриените објекти го потврдуваат неговиот висок административен ранг во римските провинции.
По катастрофалниот земјотрес од 518 г. и бурниот период кога упаѓаат разни варварски племиња, градот замира, а населението се населува на околните возвишенија.
Долговековното постоење на империјата се должи на прецизно изготвени правила и закони, со кои се креирал политичкиот и економскиот живот.


Монетоковањето во Римската империја е едно од клучните и стратешки одлично осмислени дејности во државата.
Се коваат монети од злато, сребро и бронза во многуте ковачници низ империјата. Бронзените монети се најбројни и биле наменети за локална употреба.
Градот Скупи бил вклучен во римскиот монетарен систем.
Во текот на Римската империја, востановените типови пари и нивните вредности доживуваат повеќе промени во деноминацијата, реализирани преку монетарните реформи.




Почетокот на III век е карактеристичен по претставување на сребрената деноминација - антонинијан, кој бил кован од послабо сребро, додека и понатаму се во долга употреба златниот ауреус, сребрениот денар и бронзените сестертиј и ас.
За нашата територија се карактеристични и емисиите на бронзените провинцијални монети и нивната голема фрекфенција.
Во 294 г. Диоклецијан (284-305) го обновил ауреусот со фиксна тежина 1/70, а потоа 1/60 златни ливри.
Од Диоклецијан се воведуваат сребрен аргентес, 1/96 ливри сребро = 3.41 гр, како и Нероновиот денар, и посребрена бронзена монета, фолис, кој одговарал на тежина 1/32 ливри бронза.

Неговите реформи ги модифицирал Константин I (306-337).
Во 312 г. Константин и Ликиниј го поделилв царството.
Ликиниј продолжил со ковање на ауреус, a Константим вовел златен солид, 1/72 ливри злато = 4,55 rp.
Co победата на Константин во 324 г., солидот се проширил во целото царство.
Во речиси сите провинции во империјата се отвориле ковачници.
Се одржувала монетарната унифицираност, а ковачниците се разликувале по сигнатурата на ковачницата.
Co унифицираните претстави на монетите доминира личноста на владетелот, се персонифицира сигурноста на државата, воената способност, римската слава, за постепено да се премине на христијанската симболика.



Следните промени во монетарниот систем се изведени од Анастасиј I (491-518).
Co реформата во 498 г.. солид=420 фолиси.
Во 512 r. e удвоена тежината, солид=210 фолиси, со што осооено се стабилизирани бакарните пари.
Рановизантиските монети со ликовните претстави го симболизираат христијанството, кое веќе длабоко е навлезено во сите сфери на живеењето.
Монетите најдени на територијата на Скопје и од овој период се ковани во повеќе државни ковачници.
Монетите од римскиот период, ковани во многуте ковачници ширум империјата, ја потврдуваат поврзаноста на градот со останатиот свет, трговските патишта, кои биле силно развиени, како во антиката, така и во следните периоди од постоењето на Скопје.

Макринус (217-218). Денар (МГС. инв.714)
Масrinus (217-218). denaruis (MGS. inv.714)






Средновековен период

Поволната географска положба на градот Скопје, сместен на возвишение на левиот брег над реката Bapдap, кон крајот на X век, обновен од царот Самуил станува град-тврдина предодреден да биде значајно стратешко место во Самуиловото царство.
Скопје под Византиска власт од 1004-1282 г. е престолнина на административна област втемаг на чело со висок стратег вдуксг.
Кон средината на XI век, поради воведениот даночен систем, даноците наместо во натура, почнале да се плаќаат со пари, што условило градот да биде потресен од две антивизантиски и антифеудални востанија во 1040 и 1072 г.
Во циркулација биле византиски монети -номизми.

Во текот на XII век, за време на династиите Комнени и Мирњавчевци, во Скопје владеел долг мир и градот доживеал голем просперитет, станал познато трговско средиште во внатрешноста на Балканот.
Царот Алексиј I Комнен (1081-1118) уште на почетокот на своето владеење во 1092 г. спровел монетарна реформа.
Тој во циркулација внел нова серија монети со конкавна форма вчанковидни монетиг, златен хиперпирон, трахеа во електрум и нејзина бакарна деноминација и бакарен тетартерон.
Чанковидните бакарни монети во византиското царство биле во употреба во наредните 120 години, опфакајки ги периодите на владеачките династии Комнени и Ангели,периодот на падот на Цариград под латинска власт, Епирско деспотство, Никејско царство и династијата Палеолози.



Главните византиски монетоковачници биле во Константинопол и Тесалоника.
Дизајнот на парите е исклучиво со христијански иконографија и текст.
Ликот на царот вообичаено е претставен на аверсот, а на реверсот ликот на Христос или Богородица, или други светители, поврзани со личноста на владетелот, св Димитриј (Алексиј I Комнен). св.Ѓорги (Јован I Комнен). св.Константин (Алексиј III Комнен) и Архангел Михаил (Исак II Ангел).

Во XIII век Скопје е често освојуван, разурнуван и обновуван град.
Србија ја проширила власта над Македонија.
Скопје станал нивна престолнина под чија што управа бил 110 години (1282-1392).
Од втората половина на XIII и во почетокот на XIV век, циркулацијата на византиските монети не престанува, иако дошло до промена на општествено-политичките односи.
Во стоковопаричната размена се користени и венецијанските грошеви. т.н.гматапаниг и српските сребрени динари.
На аверсот на матапаните е претставен заштитиикот на градот Венеција. св. Марко во придружба на венецијанскиот дужд, а на сосема идентични сребрени крстести српски динари, на аверсот е претставен св. Стефан до владетелот.
На реверсот на овие монети е преставен Исус Христос на престол.

Стефан Урош Милутин (1282-1321). динар (МГС. инв 4561)
Stephen Uros Milutin (1282-1321). dinar (MGS. inv4561)





Османлиски период

Трговските врски на Скопје со околните региони. особено поврзувањето со Истанбул-центарот на империјата, со непроменет интензитет се одвивале и во периодот на османлиското владеење.
Султаните, од основоположникот Осман (1299-1324) до последниот Мехмед VI (1918-1922), со доаѓањето на власт најнапред воведувале промени во калиграфските натписи и тежинските стандарди, што повлекувало промена и во вредноста на монетите.
Прва и базична османлиска монета била сребрената akca (аспра-бела пара) со тежина од 1.2 гр, искована од вториот османлиски султан Орхан (1326/1362).
Тежината на акчата постојано варирала, што било условено од промената на владетелот и количеството метал во монетарниците.
Доминантен декоративен елемент на аверсната страна на монетите била tuqra монограмот на султанот.

За време на владеењето на Мурат I (1362-1389) се бележи почетокот на ковањето на бакарните пари mangir, додека султанот Мехмед II (1444/45-1451/81) го започнал (1477) ковањето на златните пари altin, кои во наредните 200 години останале непроменети.
Во империјата покрај редовните емисии, кои според традицијата се обновувале на секои десет години, со пуштале во оптек и јубилејни монети, ковани пo повод одредени случувања и настани.
Периодот од владеењето на султанот Сулејман I (Законодавец) (1520-1566), којшто извршил успешна реорганизација на државата, војската и законите, се споменува како златен период на Османлиската империја.
Единствено неговото име и годината на стапување на престол 926 АХ /1520 г. се врежани на монетите, а дизајнот и калиграфските натписи го достигнале својот максимум.




Скопската монетарница била лоцирана во непосредма близина на Даут-пашин амам и со интензивна работа започнала во 875 АХ, односно 1471 година, кога со империјата управувал султанот Мехмед II (1444/45-1451/81).
Тука, со повремени прекини во работата, се ковало до времето на Мурат IV (1623-1640). Султанот Ибрахим (1640-1648), незадоволен од квалитетот на монетите, ги затворил сите провинциски монетарници низ империјата.
Co работа продолжила единствено централната во Истанбул.

Тежината на акчите варирала.
Во скопската ковачница првата акча (875 АХ / 1471г.) тежела 0.905 гр., а последната (1032 АХ / 1623г.) само 0.165 гр.
Првата поголема монетарна криза (1585-1586) во империјата е забележана во времето на султанот Мурат III (1574-1595) и била предизвикана од лошата организација при ексллоатацијата на рудните богатства, приливот на сребро од Новиот свет, ослабената централна власт која не успевала да ги собере даноците во провинциите, поради што државната благајна останала празна.
Секако, една од причините биле и многубројните фалсификувани монети кои циркулирале низ империјата.

Подоцна, во XVII век, османлиските султани како доаѓале на власт правеле измени во монетоковањето, воведувајќи нови типови монети (дирхем, онлук, золта, ноктал и сл.), со сосема променети иконографски прикази, декоративни елементи, мешавини од метали и номинални вредности.
Изложените монети, ковани во повеќе центри на империјата, го потврдуваат значењето на Скопје како доминантна патна и трговско-економска крстосница на Балканот и во времето на османлиското владеење.
Фреквентната позиција на градот, овозможувала пристап на каравани и трговци од Дубровник, Венеција и други прекуморски земји, каде што се одвивала интензивна внатрешна и меѓународна трговија



Мехмед II (1451-1481) мангир (МГС ал.бр. 19437)
Mehmed II (1451-1481) mangir (MGS no. 19437)



 
XIX и XX век
Во периодот на петвековната османлиска власт во Македонија, покрај официјалните пари што ги ковала Отоманската империја, во оптек биле и пари на соседните земји (Србија, Бугарија и Грција), како и земјите кои одржувале трговски врски со Отоманската империја (Дубровничката и Венецијанската Република, Франција, Германија, Австро-Унгарија).
Во текот на Балканскитв војни, 1912 - 1913 г. и Првата светска војна, 1914 - 1918 г., покрај турски и бугарски, во оптек биле српски, грчки, австроунгарски, германски, француски и други пари.

По завршувањето на Првата светска војна во 1918 г. еден дел од Македонија бил присоединет кон Кралството СХС (Срби, Хрвати, Словенци), a пo 1929 г. во Кралство Југославија.
На оваа територија, тогаш циркулирале пари од повеќе соседни држави.
Поради ваквата состојба новосоздаденото кралство на СХС со акт од 13. 04. 1919 г. вовело единствена платежна валута за санирање на состојбата.
Останатите валути биле повлечени од оптек.
Замената била изведена во текот на 1919 - 1920 г. со воведување на единствена валута динар.
Процесот на стабилизирање на динарот траел од 1925- 1931 г.

Заради уредување на меѓународни финансиски односи и отворање на "Банка за меѓународни односи со странство" во Базел, Швајцарија, по 1932 г. биле донесени неколку законски акти за стабилизација на динарот.
Оваа банка работела само со земји чија што национална валута имала златна поткрепа (златна гаранција), т.е. вредноста на еден динар била утврдена на основа еден динар 0.0265 гр. чисто злато. т.е. 1 кг. 24 каратно злато вредело 37.735 динари и 85 пари.


Во периодот 1941 -1945 г. во Македонија биле во оптек германски марки, грчки драхми. Сепак, најраспространети во Западна Македонија биле италијанските лири и албанскиот лек, а во другите делови на Македонија, кои биле под бугарска власт, бугарскиот лев.
По завршувањето на Втората светска војна и прогласувањето на Македонија за република во составот на Југословенската федерација, во оптек биле југословенски динари се до осамостојувањето на Република Македонија.

100 динари, Република Југославија 1955 (МГС)
100 dinars, Rеpublic of Yugoslavia 1955, (MGS)





Република Македонија

Осамостојувањето на Република Македонија со спроведениот референдум на 8ми септември 1991 г., значеше почеток на нови општествени процеси, меѓу кои и монетарното осамостојување.
На 26 април 1992 година по предлог на Владата, во Собранието на Република Македонија беше донесен законот на Народна банка на Република Македонија, со кој се уредува монетарно-кредитната и девизната политика и издавањето ковани пари и банкноти, како законско средство за плаќање на територијата на државата.
Првично беа пуштени во оптек првите македонски бонови, кои го заменија југословенскиот динар.

На 10ти мај 1993 г. според законот на Народна банка на Република Македонија пуштени се во оптек новите македонски пари.
Новата парична единица е денар, кој содржи 100 дени.
Co замената на вредносните бонови со денари, извршена е и деноминација.
Денарите на банкнотите имаат номинални вредности од 10, 20, 50, 100, 500 денари, а монетите 50 дени, 1, 2 и 5 денари.
Подоцна, овие денари се заменети со денари со поинаков дизајн, кои имале поголема номинална вредност. т.е. 1,2, 5 метални денари, 10, 50, 100, 500, 1000, 5000 книжни денари.
На македонските пари се претставени мотиви од областа на историјата, културата. Уметноста, фауната, карактеристични за Република Македонија.

100 денари, Скопје 2000 јубилејно издание (НБРМ)
100 denars, Skopjе 2000 Jubilee issue. (NBRM)



http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/show.dml/1661722


 
Покрај Скопје имало ковници и во Кратово и Охрид. По доаѓањето на Ибрахим I (1440-1448) во целата османска империја има само една ковница во Истамбул
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom