Зоран Стефановиќ не се откажа од намерата да го оформи првиот српски Формула 1 тим. Без оглед на тоа што во неколку наврати беше одбиен од страна на ФИА и што пред пополнувањето на стартните места за 2010-та година предноста ја добија Заубер и другите тимови, српскиот бизнисмен одбива да се откаже.
„Планот А е да се натпреваруваме во 2010-та година. Ако не, тогаш планот Б е да го тестираме болидот и возачите во текот на цела година и ќе ги тестираме многу!“ - порача Зоран Стефановиќ, сопственикот на СтефанГП. „Имаме и возачи, но нема да зборуваме за имиња.“
Интернет магазинот „Autosport.com“ го објави разговорот со Стефановиќ во кој србинот наговестува дека во текот на 2010-та година екипата на СтефанГП би можела да ги направи првите тестови, без оглед на тоа дали ќе бидат запишани на листата учесници или не.
Моментално, во Формула 1 е исполнет максималниот број од 13 тимови за 2010-та година, но Стефановиќ се надева дека со ангажирањето на најдобрите отпуштени работници од згаснатата Тојота, неговиот тим би „добил на тежина“ и дека ФИА тогаш би му дала зелено светло. Во тој случај, настапот на СтефанГП би зависел само од дозволата на останатите тимови.
Извор:
Спорт Денес !
http://sportdenes.com/motosport/formula-1/prv-srpski-f1-tim-vo-2010-ta-godina.html