Тимче
HULK!
- Член од
- 4 јули 2008
- Мислења
- 4.537
- Поени од реакции
- 238
JUVENTUS F.C.

Дресови за сезоната 2009-2010

Јувентус (од латински: Juventus, во превод младост) е италијански фудбалски клуб од градот Торино. Со исклучок на една сезона, тимот на Јувентус ја има поминато цела историја во првата италијанска лига Серија А. По освојување на втората Серија Б во сезоната 2006-07 се вратија во битка за Скудетото. Јувентус е најтрофејниот фудбалски клуб во Италија, со вкупно 51 трофеи, 40 во Италија, а 11 во европски и светски натпреварувања. Во 1985 Јувентус ги освоил сите интернационални натпреварувања.
Формирање
Есента во 1897 година, неколкумина студенти од Торино - вљубеници во спортот се одлучиле да формираат спортска екипа и на 1 ноември 1897 формиран е клуб под името Augusta Tourinorum, но за само неколку денови луѓето се премислуваат и го именуваат клубот Juventus, што означува „младост“ според латинската транскрипција.
Официјални основоположници на фудбалскиот клуб се Еугенио и Енрико Канфари и тој егзистира веќе 108 години и е еден од најстарите фудбалски клубови во Италија.
Дресови
Во првите години од формирањето на клубот, фудбалерите носеле дресови со розева боја и црни шорцеви.
Дресовите од тоа време не биле квалитетни, па во 1903 година, еден трговец со текстил од Торино се решил на клубот да му подари нови дресови. Тој дизајнирал дресови со розева основа и црни линии и го испратил дизајнот во Англија во фабриката за текстил каде по грешка им биле направени бело-црни дресови. Сите фанови и членови од Јувентус биле разочарани кога дресовите пристигнале но со текот на времето таа комбинација станала општоприфатена во клубот и од страна на навивачите.
Првото Скудето
Црно-белите дресови им носат среќа на Јувентус веќе две години подоцна кога во 1905 година, Јуве ја освојува првата титула во Италија. Од 1905 до 1926 Јувентус не успева да го повтори успехот и во тој период доминираат екипите на Интер, Касале, Про Верчели и Милан (еден од најмоќните клубови од тоа време во Италија).
Ерата на Ањели
Семејството Ањели ја презема екипата на Јувентус во своја сопственост на 24 јули 1923 година. На чело на клубот застанува Едуардо Ањели, тогашен сопственик на автомобилскиот магнат FIAT. До денешен ден, фамилијата Ањели и понатаму се сопственици на Јувентус. По смртта на Едуардо, на чело на екипата застанува Џани Ањели а по неговата смрт контролата ја презема неговиот брат Умберто Ањели. Денеска на чело на Јуве се наследниците на семејството Ањели (синовите од сестрите на Умберто и Џани).
Ерата на Липи
Во 1994 година на кормилото на Јувентус застана Марчело Липи. Во неговата прва сезона тој заедно со Јувентус ја освоиа Серија А. Во летниот периоден рок во Јувентус се донесени славни играчи како:Чиро Ферара, Роберто Баџио, Џанлука Виали и младиот Алесандро Дел Пјеро. Следната сезона Липи ги одведе Јувентус во финалето на Лигата на Шампионите, каде ги поразија Ајакс на пенали после резултат од 1-1.
По освојувањето на Лигата на Шампионите во Јувентус се преселија уште славни играчи како:Зинедин Зидан, Филипо Инзаги и Едгар Давидс. Следните две сезони јуветус освои две Серија А титули, а истотака два пати стигна во финалето на Лигата на Шампионите, каде изгуби од Дортмунд и од Реал Мадрид.
По една сезона пауза, Липи се врати во Јувентус и донесе уште славни имиња како Џанлуиџи Буфон, Давид Трезеге, Павел Недвед и Лилиан Турам. Тој ги предводи до уште две скудета во 2000-2001 и 2001-2002. Јувентус истотака беше и во финалето на Лигата на Шампионите каде изгуби од Милан на пенали по нерешениот резултат 0-0. Следната година Липи седна на кормилото на италијанската репрезентација.
Нови времиња
Во 2004 година италијанскиот тренер Фабио Капело го напушти тимот на Рома и седна на тренерското столше на Јувентус. Капело ги предводи Јувентус до уште две скудета, но во 2006 година поради скандалот со местење на резултати Јувентус беа симнати во втората лига на италијанскиот фудбал, Серија Б, а истотака им беа одземени двете титули кои ги добија со Капело. После симнувањето на Јуве, Капело замина за Реал Мадрид. Од Јувентус истотака си замина и дотогашниот директор Лучијано Моџи.
Кога Јувентус отпадна во Серија Б, на директорското столче седна Џовани Коболи Џили, а на тренерското столче седна Дидиер Дешамп. Овој период беше катастрофален за Јувентус, бидејќи си замина најголемиот број на ѕвезди:Златан Ибрахимович, Лилиан Турам, Фабио Канаваро, Емерсон, Патрик Виера и др. Но најверните играчи како:Алесандро Дел Пјеро, Павел Недвед, Мауро Каморанези, Давид Трезеге и Џанлуиџи Буфон не заминаа, иако тоа значеше да играат во втора лига. Во сезоната 2006-07, очекувано, Јувентус завршија прво место во втората италијанска лига, и се испласираа во Серија А. Ден после освојувањето на трофејот, Дешамп даде отказ, а беше заменет од Клаудио Раниери. Летото 2007 Јувентус имаат купено 10 играчи, и тоа:Тиаго, Виченцо Јакинта, Хорхе Андраде, Хасан Салихамиџич, Зденек Григера, Серхио Алмирон, Доменико Крисито, Антонио Ночерино, Кристијан Молинаро и Јес Ванстратен на заем. При крајот на првенството Раниери беше заменет со Чиро Ферара. Во сезоната 2009/10 Чиро успеа да ги купи Диего од Вердер, Мело од Фиорентина, Касерес на заем од Барселона и Канаваро како слободен играч од Реал М.
Моментални играчи:

Тренерски персонал:

Витрините на Јувентус:

И нека ни е честита новата тема и многу успеси да дочекаме во неа
by Тимче