Светски канали со македонски превод

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.445
Поени од реакции
8.644
Возраст
34
Светски канали со македонски превод

Од Кејблтел ветуваат дека ова нема да ја зголеми цената на претплатата за кабелска

D648CFF897979B479E28542126E76BA3.jpg
Компанијата Кејблтел, во чија сопственост се 13 кабелски оператори во земјава, ќе обезбеди македонски превод на сите странски програми, кои ќе ги реемитува. Стојан Ѓорговски, генералниот директор на Кејблтел вели дека ова ќе се случи откако ќе го завршат процесот на преземање на нови 30 кабелски оператори во земјава, со што се очекува компанијата да го достигне бројот од 100.000 претплатници, неопходен за да се обезбеди титл на македонски јазик. Од Кејблтел, кој во моментов има 65.000 претплатници, ветуваат дека ова нема да ја зголеми цената на претплатата.
- На барање на Советот за радиодифузија странските канали ги реемитуваме без титл, како што наложува законската регулатива и програмите ги пренесуваме на оригиналниот јазик - вели Горан Попоски, директор за маркетинг во Кејблтел.
Тој негира дека имаат било каков проблем со Советот за радиодифузија, кој пред извесен период им нареди да го симнат бугарскиот и хрватскиот превод од некои канали кои ги реемитуваат.
-Немаме никаков проблем со Советот за радиодифузија. Тие не бараат да ги исклучиме програмите што се со странски титл, туку да ги пренесуваме на оригиналниот јазик. Кејблтел е првиот кабелски оператор во Македонија, кој почнува преговори со странски канали за превод на македонски јазик. Ова го правиме бидејќи се чувствуваме доволно подготвени да го направиме тоа и се надеваме дека ќе бидеме меѓу првите кои што ќе донесеме некој од популарните светски канали - ветува Попоски.
Сопственикот на Кејблтел, Џефри Финли, вели дека во Македонија компанијата постигнала голем прогрес и најавува дека во март догодина ќе биде воведена услугата трипл плеј (кабелска телевизија, интернет и телефонија).
Компанијата е во преговори со Асоцијацијата на електронски медиуми околу реемитувањето на програмите на националните телевизии кои се нејзини членки.
-Секаде во светот ова е бесплатно и ако треба да се плаќа ќе се зголеми цената за месечната претплата. Но, да се надеваме дека нема да дојде до тоа и дека до крајот на годината ќе постигнеме договор за ова прашање. Од неколку локални и национални телевизии веќе добивме дозвола за бесплатно реемитување - велат од Кејблтел.
Ѓорговски вчера апелираше до медиумите инвестицијата во компанијата да не се претставува како бугарска туку американска.

Мирче Адамчевски се исплаши од новинарите
Претседателот на Советот за радиодифузија, Мирче Адамчевски, вчера не дојде на работниот состанок во Кејблтел откако разбра дека на средбата биле поканети и новинари. На состанокот Кејблтел планираше да го информира Адамчевски како се одвива постапката на консолидирање на преземените 13 кабелски оператори, во насока на регулирање на програмските пакети и авторските права.

- За жал на оваа средба не дојде Адамчевски. Тој во последен момент не извести дека поради работни обврски не очекува ние да појдеме во неговите простории, со цел да му презентираме до каде сме стигнати во исполнувањето на нивните барања - изјави Попоски.
 
Редно време беше, така треба.
Како може бугарите да ја преведуваат Дискавери, Нешнл Џиографик и ред други а ние да не можеме.
Искрено, им завидувам.
 
Мислам оваа информација е постара,баш гледав од вечер е превземено и беше од 2007.
 
Значи МАРКО ЕДНАШ НЕ СИ ПОСТАВИЛ КОРЕКТНА ИНФОРМАЦИЈА! ПРЕСТАНИ ВЕЌЕ ДА СИ ИГРАШ МАЈТАП САМИОТ СО СЕБЕ :kesa:
 
Светски канали со македонски превод

Од Кејблтел ветуваат дека ова нема да ја зголеми цената на претплатата за кабелска

D648CFF897979B479E28542126E76BA3.jpg
Компанијата Кејблтел, во чија сопственост се 13 кабелски оператори во земјава, ќе обезбеди македонски превод на сите странски програми, кои ќе ги реемитува. Стојан Ѓорговски, генералниот директор на Кејблтел вели дека ова ќе се случи откако ќе го завршат процесот на преземање на нови 30 кабелски оператори во земјава, со што се очекува компанијата да го достигне бројот од 100.000 претплатници, неопходен за да се обезбеди титл на македонски јазик. Од Кејблтел, кој во моментов има 65.000 претплатници, ветуваат дека ова нема да ја зголеми цената на претплатата.
- На барање на Советот за радиодифузија странските канали ги реемитуваме без титл, како што наложува законската регулатива и програмите ги пренесуваме на оригиналниот јазик - вели Горан Попоски, директор за маркетинг во Кејблтел.
Тој негира дека имаат било каков проблем со Советот за радиодифузија, кој пред извесен период им нареди да го симнат бугарскиот и хрватскиот превод од некои канали кои ги реемитуваат.
-Немаме никаков проблем со Советот за радиодифузија. Тие не бараат да ги исклучиме програмите што се со странски титл, туку да ги пренесуваме на оригиналниот јазик. Кејблтел е првиот кабелски оператор во Македонија, кој почнува преговори со странски канали за превод на македонски јазик. Ова го правиме бидејќи се чувствуваме доволно подготвени да го направиме тоа и се надеваме дека ќе бидеме меѓу првите кои што ќе донесеме некој од популарните светски канали - ветува Попоски.
Сопственикот на Кејблтел, Џефри Финли, вели дека во Македонија компанијата постигнала голем прогрес и најавува дека во март догодина ќе биде воведена услугата трипл плеј (кабелска телевизија, интернет и телефонија).
Компанијата е во преговори со Асоцијацијата на електронски медиуми околу реемитувањето на програмите на националните телевизии кои се нејзини членки.
-Секаде во светот ова е бесплатно и ако треба да се плаќа ќе се зголеми цената за месечната претплата. Но, да се надеваме дека нема да дојде до тоа и дека до крајот на годината ќе постигнеме договор за ова прашање. Од неколку локални и национални телевизии веќе добивме дозвола за бесплатно реемитување - велат од Кејблтел.
Ѓорговски вчера апелираше до медиумите инвестицијата во компанијата да не се претставува како бугарска туку американска.

Мирче Адамчевски се исплаши од новинарите
Претседателот на Советот за радиодифузија, Мирче Адамчевски, вчера не дојде на работниот состанок во Кејблтел откако разбра дека на средбата биле поканети и новинари. На состанокот Кејблтел планираше да го информира Адамчевски како се одвива постапката на консолидирање на преземените 13 кабелски оператори, во насока на регулирање на програмските пакети и авторските права.

- За жал на оваа средба не дојде Адамчевски. Тој во последен момент не извести дека поради работни обврски не очекува ние да појдеме во неговите простории, со цел да му презентираме до каде сме стигнати во исполнувањето на нивните барања - изјави Попоски.

Каков манипуалотор си дечко..не ми се верува....срамота жива си:kesa::kesa::kesa:
претседател на совете за радиодифузија е Зоран Стефаноски.
повели , тука можеш да се информираш http://www.srd.org.mk
 
сеа приметив дека е старо ова ајт нека иде у канта ова
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom