Дали често се карате со родителите?

  • Креатор на темата Креатор на темата arheolog
  • Време на започнување Време на започнување
Во секое време...секојдневна навика ми е :toe:
 
Нормално. Особено откако ќе пораснеш, и кога дури и пред законот одговараш за себе, на родителите им е тешко да прифатат дека е можно евентуално да сакаш работи што тие не ги сакаат, или да одбереш професија што ним им е апстрактна и непривлечна, или нешто така... Особено се расправам за одлуки што ме засегаат лично мене, а во кои тие мора да го брцнат носот. Сепак, ситуацијата никогаш не станува алармантна, во поглед на тоа кој „победува“ во дискусијата. За моите работи, јас сум свој газда :).
 
Ретко. Онака директно да се направиме лом никогаш. Секогаш е во границите на нормалата и секогаш завршува за неполна минута и тоа без лутење се разбира.
 
Ретко. Повеќе со мајка ми, особено кога имам вишок време или пак за време на полагања кога сум pставач на масата во собата по цел сервис филџани со кафето што сум го испил. :D
 
Баш вчера лом се направив со татко ми,не му се докажува ништо,тој мисли дека е 100% во право.Дури и до тепачка ќе дојдеше,али се воздржав..Никогаш не бил тука за мене,во ништо не ми помогнал..Не зборуваме веќе,во иднина ќе гледам контактот да го сведам на минимум.
 
Пред недела дена со татко ми се испокарав, го отерав у курац, ми скурчи со неговите вечни муабети дека нешто не може да се направи и ми пукна филмот. После криво ми беше додуше, криво зашто смиреноста си ја поебав пак и зашто гомнаријава се дешаваше пред роднини. Али и јас туп, кога знам дека некој не се мења џабе пробувам да се докажувам. Масата и вратата страдаа малце, ракава добро пројде, 2-3 дена ме болеше само.
 
Зависи кој од родителите.
Татко ми, неам душа да му се налутам или развикам, а и обратно. Карактерно сум негов клон, имаме исти размислувања, комплетно ме сфаќа, никогаш ми нема повишено тон, иако некад си заслужувам. Обично сам иде да си поправиме муабет кај мене во соба, иаме смирени и продуктивни муабети. :D
Мајка ми, од друга страна, 22 години не научи на кој начин се прави муабет со мене, среќна сум ако еден муабет помине без закачки. Еднаш годишно ме доведува до екстремна лутина, тогаш трескам врати и излегувам од дома.
 
истио случај и ко од маја, толку да се немало разбирање за другите, само нервози и кавги да се праеле, не сакам ко ке остарам да сум ко незе, абе по стопати да и се кажува едно исто и џабе те игнорира и си тера по нејзино
 
Кога бев тинејџер да скоро секој ден, но сега се променети работите јас сум 30 и кусур години, а моите се преку 60 години така да не ни личи да се караме на овие години, ни на нив, ни на мене !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom