Ликовен уметник од мали нозе

  • Креатор на темата Креатор на темата ДаркхарТ
  • Време на започнување Време на започнување
Д

ДаркхарТ

Гостин
Веќе некое време се мислам дали да отворам тема за ова талентирано дете...Можеби веќе го знаете се има појавувано неколку пати на ТВ.
Се вика Стефан Александарски по потекло од Велес,живее во Штип и има само 10 години.
Па повелете уметници прокоментирајте дали ви се допаѓаат неговите дела... :smir:

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=51786&egId=13
 
Денес разбрав за детево.
Најпријатно сум изненаден од потегот на раката кој го има развиено уште од толку мал. Стилот, се гледа дека е научен од постар уметник - што, според мене, му дава уште поголема вредност на детево: не го користи само неговиот талент, туку учи принципи со кои понатака, со соодветно образование ќе оформи сопствен стил. Традицијата на сликарско семејство, само ќе му помогне да си го пронајде правиот пат.

Ваквите случаи се реткост, не само во граници на Македонија. Според мене, би требало да се организира изложба, чисто колку да се отворат делата како експонати - никако за продажба. Ваквите рани трудови е погрешно да се продаваат. Тие треба да постојат само како сведоци на себеспознавањето на уметникот.
 
Детево е мастер, од толку рана возраст да започнеш се цртање, плус талентот, плус што најверојатно има одлична подршка од неговите дома и што станува се попопуларно, тоа е неверојатно!
Нека стане македонскиот Пикасо!:)
 
Како што градењето на куќата започнува од темелот, така и развивањето во било која уметност треба да се започне од темелот. Според мене најбитно нешто во секоја уметност е основата, било во музиката, сликањето, литературата... За да може да се изгради куќата доволно голема, основен предуслов е нејзината стабилна подлога.. Во музиката таа подлога се основните тонови, основните скали, акорди, хармонии.. Во сликањето основните бои, тонови, техники, комбинации...

Кај Стефан, колку што може да се забележи, таа основа е перфектно изградена благодарение на неговите родители, раниот почеток итн. Во комбинација со неговиот талент и се надевам континуирана работа , мислам дека пред детето претстојат огромни успеси. Му посакувам понатамошен успех во творењето и се надевам дека неговото име ќе се најде помеѓу македонските легенди.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom