Формирање на македонски "FED"

Се што е комуњарско треба неповратно да го снема.
Уставен суд е следен.
 
Бог да чува и да брани...

од кого бе ??? ваква молитва само при директна појава на црниот ѓавол се извлекува од појас :)
за сега само the devil helpers and aliases се маткаат наоколу маскирани ко преродбеници, транзиционери и федералисти....:)
 
И истребувачи на духови и комуњарски сеништа :)
 
Слушам дека не само што ќе и ги одземат ингиренциите на НБРМ,туку дека е тоа веќе завршена работа.Само некоја фарса пред камери и оп влада на чело на банки,блазе нас.
Време е да почнеме да размислуваме како со влада ќе тераме банкарски систем?Како НБРМ потоа би го бранела курсот?Дали воопшто ќе ни треба НБРМ?До кога ќе имаме фиксен девизен курс и 61 денар за евро?
А после една година,ќе размислуваме како без Уставен и од каде да набавиме боци со кислород:)
 
Ништо не е случајно, зар мислиш дека , ако иоле се имаше намера да не се уништува Македонија од страна на USA и ЕU преку нивните балкански миленичиња...не ќе се најдеше начин да не се поддржуваат вакви дебили да доаѓаат во допир со екплозивни уништувачки материи?????..и наместо у лудница...ќе им се допуштеше да се доберат до владини фотељи????
 
Ако идејата е чисто интегрирање на финансиската супервизија тоа е супер. Но да не се лажеме, ако во истиот пакет се протне поголема контрола од страна на владата врз финансиската регулација тогаш го папавме без разлика дал е грујо или бране..

Инаку можно е да е тоа, интеграција на финансиката супервизија - а и другото истовремено. Т.е владата да виде шанса преку интеграцијата да ја исфрли елитата во НБРМ од игра.

Инаку за ова неретко дебатираат експерите и досега немам слушнато некој посебно да се противи на интегрирањето - оти мала земја нема место за многу регулартори - подобро е на едно место и поефикасно.

Ама како што реков, ако некој заклучок на експерите е донесен, тогаш останува на политичарите да се договорат кој ќе ја има контролата врз главната контролна институција. НБРМ (сдсм) или влада(дпмне).
Било како, ако владата дојде да ја контролира не чини во принцип безразлика која партија е на власт. Ќе се соочиме со лабава кредитна политика пред избори и висока инфлација после избори.
 
Делот кој сакаат да и го одземат на НБРМ е делот од работењето кое е основа на здрав и стабилен финансиски систем.Тоа е регулација и супервизија на банкарскиот систем.Кој се точките околу кој се кршат копјата на лицемерие и желба за уништување:

1.Првата точка - адекватност на капиталот 8%
Адекватност на капитал е однос помеѓу сопствените средства на банката и ризичната пондерирана актива.Во слободен превод,средствата кои ги поседува банката несмее да ги изложува на ризични групи повеќе од 8% од својот капитал.Ако не се вратат тие средства 8% се доволни да се преброди ударот без потешкотии на работење на банката.Минималната стапка е 8% и неможе да биде пониска.Нејзе може да ја промени Гувернерот ако дојдат тешки времиња.

2.Изложеност на банката кон субјектите:
Банката не смее да се изложува повеќе од 25% од своите средства кон поедино лице.Кон акционер во банката не смее повеќе од 10%,а кон лице кое има права и одговорности во банката (менаџери) не смее да има повеќе од 3%.
Овде не треба да објаснувам зошто на некој би му сметало вакво ограничување,од проста причина што сите знаеме кој се акционери,како се перат пари преку државни записи,како се даваат пари на фирми кој пропаѓаат преку ноќ,а парите ниакде ги нема...
Ова е во делот регулирање на кредитен ризик.

3.Управување со ликвидносниот ризик на банките:
Еден од најтешките ризици во македонската економија кој се реши со супервизијата и регулацијата на НБРМ.Неможе банката да нема пари да исплати краткорочни достасани обврски.За да не се случи тоа,редовни извештаи до НБРМ со колку ликвидни средства располага,ако се види дека игра твист веднаш за уво и во колосек.За да биде се по ред и принцип имаат задолжение да имаат свој систем за регулација на ликвидност.

4.Управување со валутниот ризик:
Банките смеат да бидат изложени до 30%.Ако ја преминат својата девизна позиција два дена по ред,мора писмено да ја известат НБРМ кои се причините оти така изреагирале.Нашиот девизен курс е преценет,а ситуација каде ќе има одлив на девизи и удар на денарот не ни се потребни.Затоа овој дел најстрого се применува.Може некој сака да го олабави,причини и користи еден тон.

5.Начин на супервизија:
-теренска посета од НБРМ
-вонтеренска (редовни извештаи за состојба)
-инспекциска посета (за чешлање на документи кои се сомнителни)
-разговор и можност за промена на менаџерски тим (само годинава летнаа на инвест и ТТК банка менаџерите)
-и размена на податоци помеѓу субјектите.

6.Одлуки за супервизија за спречување на перење пари,криминал и помагање тероризам.
Во овој дел може да се земат податоци ако некој е сомнителен со контото што го има во банка.Да не сакаат да изменат нешто владатариве?

За крај вака изгледа поставеноста на супервизијата во НБРМ,нема шанси да не се детектира проблем:
http://www.nbrm.gov.mk/WBStorage/Files/Organizaciska sema - sektor.pdf

Имплементирана е базелската спогодба која ги уклучува и новите финансиски инструменти.
Ако на нбрм и ја одземат оваа функција ќе и остане печатење пари и платен биланс.Значи не ни мора да имаме монетарна власт,направете се политичка одлука и идете во пм,заедно со нас граѓаните.Ваму ниту имало економија,ниту некој гледа за подобро.

На кој 'економист' или магистер по ИДИОЈТИЗАМ партиски му текнало ова???

Не ќе да пројде ова на уставен.

Ако го сторат ова-во македонија ќе се снима РАНЕ втор дел,а покрај чика куре,ќе имаме и газо гвује и малите лигуши околунив....ццццц

Па НБРМ колку толку не одржа...Гошев каков притисок издржа...над 350,и пак нема ни излив,нит инфаркт...па сега еве на некои им текнало одземање ингеренции...ццццц

Amerikanskiot FED gi iscica graganite

sega ima postapka vo kongresot za negova revizija

ДА ЖИВЕАТ Федерал ризрв...:vozbud:

САД се најразвиена економија во светот!!!!

Долу за идиотите од Конгресот!!!

THE_CHOSEN_ONE;3159245[U напиша:
]Се што е комуњарско треба неповратно да го снема[/U].
Уставен суд е следен.

Уставот на Р.Македонија е комуњарски??????

Слушам дека не само што ќе и ги одземат ингиренциите на НБРМ,туку дека е тоа веќе завршена работа.Само некоја фарса пред камери и оп влада на чело на банки,блазе нас.
Време е да почнеме да размислуваме како со влада ќе тераме банкарски систем?Како НБРМ потоа би го бранела курсот?Дали воопшто ќе ни треба НБРМ?До кога ќе имаме фиксен девизен курс и 61 денар за евро?
А после една година,ќе размислуваме како без Уставен и од каде да набавиме боци со кислород:)

Е ако е така тогаш зградата на НБРМ=МТВ:toe:

Ма не велам за џабе
 
Слушам дека не само што ќе и ги одземат ингиренциите на НБРМ,туку дека е тоа веќе завршена работа.Само некоја фарса пред камери и оп влада на чело на банки,блазе нас.
Време е да почнеме да размислуваме како со влада ќе тераме банкарски систем?Како НБРМ потоа би го бранела курсот?Дали воопшто ќе ни треба НБРМ?До кога ќе имаме фиксен девизен курс и 61 денар за евро?
А после една година,ќе размислуваме како без Уставен и од каде да набавиме боци со кислород:)
Се слагам. Ако вистина е муабетот да се даде на влада финансискиот сектор го папавме сосе се.. Тогаш и не е битно колку пари ќе печати НБРМ оти и онака нема да може да смени ништо со тоа, и ножот и саламата во владата ќе бидат - а знаеме дека владата е гладна и многу јади.

Ама ако се протнува нешто друго што веќе подолго време се дискутриа и се смета поефикасно за мала земја, а тоа е интеграција на финансиската супервизија тогаш гласам за. Моментално има 3-4 агенции што супервизират.. То е НБРМ на банките, некоја институција таму за Осигурителни друштва ..,. па уше една за пензиски фондови.. последниве две мислам се под мин. за финансии.

Е сега ако се наредит работава да се интегрираат овие.. Има два начини да преживееме:
1. Или да се дадат на НБРМ ингиренциите што се сега во мин. за финансии.
2. Или да се формира нова институција која ќе ја земе финансиската супервизија на сите други. Со нова институција би останале живи само и само ако не биде под влада т.е независна како што е сега НБРМ. Ако таа новата биди под мин. за финансии - Добредојдовте во Зимбабве.

Чисто од практичен а ич од политички аспект подобра е првата опција.

Инаку ако се префрлат само ингеренциите од НРБМ во некоја институција под контрола на влада т.е зависна инст., макар и да има интеграција на финансиската супервизија, тогаш како што викаат "пците со маст не не јадат".
 
хмммм, од искуство знам дека , ако нешто може да тргне на лошо...обично ТРГНУВА и тоа по НАЈЛОШИОТ можен редослед....:), а нас веќе прилично време ни оди лошо...освен на една маса......
....дали после Ѓошев ќе дојде некој кој ќе не закопа..незнам , ама ако карта ни оди добро со него сега за сега, не знам зошто треба да се менува крупието...?????
 
Amerikanskiot FED gi iscica graganite

sega ima postapka vo kongresot za negova revizija

не ги исцица он него сами си се заебаа претераа со кредитите и луксузирања и купување непотребни работи инаку дали си ти нормален на кого да се остави на политичарите???
ако вака викаш ги исцицал тогаш кажи што они ке ни направат е тогаш тек ке немаме за леб а не за нешто повеќе на политичар ништо не се остава најсебични гадови кои изгледа не ја гледаат разликата помеѓу водење сопстен бизнис и водење држава
 
Зезнатото е кога ќе нема веќе од каде арач да се земе ќе се трошат резервите :)
 
Се слагам. Ако вистина е муабетот да се даде на влада финансискиот сектор го папавме сосе се.. Тогаш и не е битно колку пари ќе печати НБРМ оти и онака нема да може да смени ништо со тоа, и ножот и саламата во владата ќе бидат - а знаеме дека владата е гладна и многу јади.

Ама ако се протнува нешто друго што веќе подолго време се дискутриа и се смета поефикасно за мала земја, а тоа е интеграција на финансиската супервизија тогаш гласам за. Моментално има 3-4 агенции што супервизират.. То е НБРМ на банките, некоја институција таму за Осигурителни друштва ..,. па уше една за пензиски фондови.. последниве две мислам се под мин. за финансии.

Е сега ако се наредит работава да се интегрираат овие.. Има два начини да преживееме:
1. Или да се дадат на НБРМ ингиренциите што се сега во мин. за финансии.
2. Или да се формира нова институција која ќе ја земе финансиската супервизија на сите други. Со нова институција би останале живи само и само ако не биде под влада т.е независна како што е сега НБРМ. Ако таа новата биди под мин. за финансии - Добредојдовте во Зимбабве.

Чисто од практичен а ич од политички аспект подобра е првата опција.

Инаку ако се префрлат само ингеренциите од НРБМ во некоја институција под контрола на влада т.е зависна инст., макар и да има интеграција на финансиската супервизија, тогаш како што викаат "пците со маст не не јадат".

Се согласувам и јас дека сите институции поради ефикасност и координираност во финансискиот сектор треба да бидат под една капа.Како резултат на тоа би дошло и до развој на финансискиот пазар и разните инструменти кои ни фалат во ваква држава.
Таа „капа“ треба да биде НБРМ.Колку добро работи може да се види од стабилноста на банкарскиот систем и валутата,а дека има реакции за експедитивноста во супервизијата,има.Но тие би се надминале со екипирање во овој сектор на принципот кој и сега го има.
Ама таа сигурност да ја фрлиш кај аждерите кој немаат три чисти,треба да сме луди.
 
ako monetarnata vlas e predvodena od vladata,odnosno od patijata na vlast koja i da e,duri togas ce imame recisija od stilot na hipotekarna kriza,bidejki partiite i vladata mislat samo na izbori...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom