Досаден си по не знам кој пат спамираш на оваа тема. Мали деца не те веруваат.
Од компанијата велат дека 3Г мобилните услуги овозможуваат брз и едноставен интернет пристап со брзина на
симнување податоци до 3.6 мегабајти во секунда и брзина на испраќање на податоци до 384 килобајти во секунда на секое место покриено со 3Г мрежата на Космофон. Тоа според нив, е до 70 пати поголема брзина од постоечката понуда на пазарот.
Извор
Притоа, 3Г мрежата на
T-Мобиле нуди пристап за брз мобилен интернет со брзина до 7,2 Mbps, а сите апликации при користењето интернет (како на пример: сурфање, видео streaming, преземање (download) и пренесување (upload) на податоци, е-пораки ...) ќе бидат со многу подобар квалитет, додека видео телефонијата ќе им овозможи на корисниците да го гледаат соговорникот додека разговараат на телефон, во реално време.
Извор
Доколку имаш телефон кој подржува проток поголем од 7.2мбс ќе го искористиш целиот проток на Т-Мобиле (јас го користам и шиба со таа брзина доколку нема оптеретување на трите базни станици, локација и слично). Стабилен е, супер брз, малку поскап ама е подобар од космофон, многу луѓе се жалат на стабилноста.
Зезната работа е тарифирањето...не излегува колку што имаш ти реално направено трафик, туку заокружува на 100 кб...да речеме пуштиш страна од 150 кб ти наплаќа 200...пратиш скајп порака од 1 кб рачуна 100....Затоа се исплаќа да земиш пакет.