Интересна тема за дискусија.
Иако не сум родител, неискусна, ќе искоментирам. Точно е тоа дека двајцата родители си ги сакаат сите деца што ги имаат, но кон едното се понаклонети. Кај мене во фамилијата тоа е сестра ми. Родена е со здравствени проблеми кои ја следат целиот живот, понежно здравје има и послаб имунитет, па можеби тоа ги натерало моите да водат попопустлива политика кон неа. Дури и на овие години, секогаш ме тераат да ја пазам ако одиме некаде заедно, да ја чувам и слично. Кога бевме помали, таа никогаш немаше добиено ни шлаканица од моите, добиваше се` што ќе посака без да заслужи, доволно беше само да посака. Денес, за што и да се скараме нешто, моите секогаш ми викаат, попушти и`, помала е, па и знаеш дека е „послаба“ од тебе. И попуштам, затоа што сум емотивна личност и ми паѓа жал многу брзо.
Не дека мене нешто ми пречи таквиот однос на моите кон неа, но не чини таа попустливост и понаклонетост за нејзе како прво. Таквите „бенефиции“ што ги имаше како помала сега почнуваат да се отсликуваат. Премногу е размазена, почна сега да им се развикува на сите дома, да пцуе, да си тера свои ќејфови, да си зема работи без прашање, да прави што ќе и текне. Ја расипаа како личност со тоа што мислеа дека и прават добро како мала, а како што гледам, уште продолжуваат да и угодуваат на желбите, но не знам сестра ми до каде мисли да оди со таквото однесување кон сите дома.
Да не се разбереме погрешно, јас ги обожавам моите родители, знам дека мене ме сакаат и ги разбирам зошто повеќе се грижат за сестра ми, но таа нивна преголема грижа, попустливост, наклонетост кон сестра ми ете до што донесе.