Македонија воведува екстра данок на доход

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
Амнестија на парите или борба против корупцијата?
Македонија воведува екстра данок на доход од 70%
Македонските граѓани имаат рок до крајот на јуни да го пријават целиот имот и парите на нивно име. Доколку го пријават имотот и парите во овој рок и на нив платат персонален данок, УЈП нема да им бара докази за потекло на парите. После овој рок, имотот и парите за кои нема да може да се докаже како се стекнати и за кои не е платен данок, ќе се оданочуваат со даночна стапка од 70%. За власта ова е мерка за борба против корупцијата. Опозицијата стравува дека се отвара простор за предизборно девалвирање на противниците. Некои финансиски експерти, пак, во позадината на ваквите мерки гледаат законска амнестија на парите стекнати во матните приватизациони и бизнис зделки

Дали со пратеничка или министерска плата може да се изгради куќа вредна неколку милиони евра? Дали газда на фирма која прикажува неколку илјади евра може да купи автомобил вреден неколку десетици илјади евра? Дали со надомест за технолошки вишок може да се купи стан?

Ваквите дилеми кои ги имаат многу македонски граѓани од јули годинава ќе ги проверуваат и инспекторите на Управата за јавни приходи.

Македонските граѓани имаат рок уште четири месеци да го пријават целиот имот и пари што ги имаат на свое име. Ако редовно си платат персонален данок на целиот имот и пари кои ги поседуваат, Управата за јавни приходи (УЈП) нема да им бара докази за потекло на приходите со кои ги стекнале. После овој рок, значи од јули, имотот или парите за кои не е платено данок и за кои нема да може да со докаже нивното потекло, односно на кој начин се стекнати, ќе се оданочуваат со даночна стапка од 70%.

Целта на овие одредби е да се спречи корупцијата и незаконското богатење на поединци на сметка на државата, објаснуваат од УЈП.

“Капитал” не успеа да добие официјален став на Министерството за финансии за тоа која е целта за носењето на овој закон.

Од Трансперентност Македонија велат дека измените се чекор напред во борбата против корупцијата.

Некои финансиски експерти, пак, законските измени ги толкуваат како еден вид амнестија, односно легализацијата на парите стекнати од матни приватизациони и бизнис зделки. Со самиот факт, велат тие, што државата нема да бара потекло за имотот и парите ако тие редовно се пријават и оданочат, значи дека се амнестираат можните незаконски и криминални дества сторени при нивното стекнување.

Што содржи новиот Закон за персоналец?
“Кога лице поседува имот или располага со средства поголеми од оданочените, односно имотот кој го поседува и средствата со кои располага потекнуваат од приходи на кои не е утврден или не е целосно утврден данок, Управата за јавни приходи може да покрене посебна постапка за задолжување со данок на имот или приход”, објаснуваат од УЈП.

Граѓаните кај кои УЈП ќе утврди дека имаат многу повреден имот од платениот данок, ќе мораат да ги докажат изворите на парите од кои го набавиле имотот и парите со кои располагаат.

“Ако инспекторите утврдат дека имотот, односно парите се стекнати од неоданочени и нецелосно оданочени приходи, ќе се утврдува основица на која ќе се наплати стапката од 70%. Основа за плаќање на овој екстра данок е разликата меѓу вредноста на имотот и докажаниот износ на парите за нејзино стекнување”, велат од УЈП.

Ако УЈП не може да го наплати данокот, ќе постои можност имотот да се одземе и потоа да се понуди на јавна продажба. Имотот би се продаал со почетна цена што ќе ја утврди посебната Комисија при УЈП.

Сите пари кои ќе се наплатат од екстра данокот на доход ќе одат во централниот буџет.

Нема да се чепкаат оние кои незаконски се збогатиле до 96 година
Овие законски одредби за екстра данок на доход нема да важат во оние случаи каде има застарување на правото за утврдување данок. Максималниот рок на застарување во случајот на данокот на доход е 10 години. Тоа значи дека мирно може да спијат само оние кои имотот или парите ги стекнале до јуни 1996 година. Тие нема да мора да докажуваат никакви докази од каде им се парите кои ги имаат на сметка или со кои купиле куќи или станови.

Ако се знае дека според некои податоци сивата економија во Македонија е околу 50% од бруто домашниот производ, многу тешко ќе биде за најголем број на граѓаните да обезбедат легален доказ за парите кои ги поседуваат или доказ со кои пари купувале куќи, станови, автомобили...

Од друга страна, факт е дека процесот на приватизација во еден дел заврши криминално и незаконски. Многу поединци од овој процес стекнаа огромни пари, кои до денес сe уште се или надвор од земјата или во земјава ама без легелен статус. Оваа законска можност им дава можност да ги легализираат имотите и парите, без да даваат посебен отчет за потеклото на приходите.

Се прави ли амнестија на парите?
Идејата за амнестија на парите и капиталот е дебатирана повеќе пати меѓу македонските бизнис и политички кругови. Идејата најчесто ја поттикнуваа бизнисмените, без да и дадат поголема јавност, за разлика од другите земји каде обично новите гарнитури политичари бараа легализација на незаконски стекнатиот капитал. Во голем дел од транзиционите земји кои минаа низ процесот на трасформација на опшествениот капитал во приватен, повеќе или помалку имаше криминални и незаконски приватизации. Се создадоа голем број на бизнис моќници, олигарси, тајкуни, кои најчесто својот незаконски стекнат капитал го чуваа надвор од матичните земји, во странски банки или офшор компании.
И македонскиот процес на приватизација според многумина е оценет како најголем грабеж, со многу неправилности и дупки во законската регулатива, од кои корист имаа само мала група на луѓе.
Опшествениот капитал во Македонија на почетокот на приватизацијата беше проценет на 5,6 милијарди долари. Од процесот на приватизација, кој официјално заврши лани, се собрани нешто над 100 милиони долари, што е околу 2% од проценетата вредност на приватизираниот капитал.
Проценките се дека во текот на изминатите 15 години на транзиција од Македонија се изнесени повеќе стотици милиони долари. Голем дел од незаконски стекнатите пари сe уште се во земјата, но имаат формално нелегализиран статус, односно не се во легалните економски текови на земјата.
Неколку пати досега беше отварано прашањето за ревизија на приватизацијата. Сведоци бевме и на неколку јавни хајки против одредни бизнис моќници, за кои власта имала сознанија дека се збогатиле на сметка на државата, преку затајување на данок или други малверзации. Но, тоа досега најчесто завршуваше само на политички притисоци врз одредени бизнис моќници. Парите повторно остануваа надвор од економските текови на земјата со можност да се користат за плаќање на коруптивни зделки или разни лоби групи за остварување на бизнис интереси.
Заговорниците на идејата за легализирање на капиталот велат дека со евентуален таков процес, само би се озаконило она што сега се прави без закон и би се овозможило на оние кои ги чуваат парите во странски банки да ги внесат во легалните економски текови. Домашните финансиските експерти посочуваат дека при евентуален процес на легализација на парите треба да се прави разлика помеѓу валканите пари стекнати преку шверц, трговија со дрога или оружје и коруптивни зделки и капиталот кој поединци го стекнале преку затајување на данок кон државата или некои други матни бизнис трансакции.
Но, како и да е со овие законски измени би се ставил крај на досегашните богатења на поединци на сметка на државата. Ако Законот биде почитуван до крај, секој кој ќе се стекне со имот или пари за кои нема да може да го докаже потеклото и нема да плати данок, ќе биде казнет со данок од 70% од тоа богатство.

Министерот Поповски не им објасни на пратенциите што гласаат

Измените на Законот за персонален данок на доход парламентарците ги изгласаа на 28 декември минатата година, на само два дена пред Нова година. Иако станува збор за закон од големо значење и со радикални измени, новиот Закон за персонален данок на доход беше донесен во скратена постапка и во една фаза.

Министерот за финансии Никола Поповски за време на дводневната собраниска расправа, не најде за потребно ниту еднаш да им објасни на пратениците која е целта што сака да се постигне со измените на овој Закон. И покрај тоа што добар дел од новите законски измени не им беа до крај јасни на повеќето пратеници, Законот беше изгласан со 58 гласа за, 4 воздржани, а ниту еден пратеник не гласаше против. Најгласните против овие измени во Законот за персонален данок на доход, пратениците од ВМРО Народна во знак на протест ја напуштија собраниската сала пред самото гласање на Законот.
Опозицијата се плаши од предизборни девалвирања
Некои пратеници од опозицијата уште при самото носење на Законот имаа бурни реакции. Според нив, овој закон не е искрена желба за борба против корупцијата, туку создавање законска подлога за девалвирање и притисоци врз поединци, особено во претстојната изборна година.
Најголеми противници за носењето на овој Закон беа пратениците на ВМРО Народна. Тие пред гласањето на Законот ја напуштија собранискатра сала.

Љубчо Георгиевски, неформалниот лидер на ВМРО Народна и поранешен премиер, во интервјуто во претходниот број на “Капитал” говорејќи за бизнис климата во земјата изјави:

“Не можам да го сфатам најновиот Закон кој го предложи Министерот за фианансии, а кој предвдува 70% оданочување на капиталот на оној кој не може да докаже од каде му се парите. Сметам дека тоа се парадокслани мерки. Тоа е само лошо пресликување на политиката од Србија. Од тоа нема да има ништо. Овој Закон катастрофално ќе се одрази врз инвестициите во земјата”, смета Гергиевски.

Колку УЈП има капацитет за контрола на секој граѓанин?
Михајло Маневски, претседател на Комисијата за антикорупција смета дека измените во Законот за персонален данок на доход се уште еден чекор напред во борбата против корупција.

Маневски објаснува дека одредбата за оданочување со стапка од 70% на приходите и имотот на кој не може да им се докаже потеклото постои и во Законот за спречување корупција, односно од ноември 2004 година.

“Не сум сигурен дали Управата за јавни приходи има капацитет за целосно спроведување на овој закон. Но, и да нема треба да бидеме свесни дека институциите и капацитетите на државата за борба против корупцијата мора да се градат”, вели Маневски.

Комисијата со која тој раководи своевремено иницираше сите функционери на власт да поднесат имотни листови во кои ќе ја пријават својата имотна состојба и промените. Тие листи за цело време стојат во УЈП, но досега немаме видено некоја постапка за испитување на потеклото на парите на ниту еден функционер.

Редовни стапки на персонален данок на доход
до 30.000ден. 15%
од 30.000 до 60.000 ден. 18%
над 60.000 ден. 24%
 
1. Полнење на буџетот.

2. Амнестија, односно легализација на матно стекнатите имоти. Ќе си платиш - и никој не те пипа после "од кај ти е".
 
Ова е редовна пракса во западна Европа. Нема зашто да се жалиме и да кукаме. Сепак нашите стапки на персоналецот не ги задоволуваат критериумите на ОЕЦД, кои велат дека мора да имаш минимум 3 стапки и меѓусебна разлика од стапките од минимум 5 процентни поени, се за цел да се има правилно регресивно одданочување. Во Шведска на пример за доход над 150 000 евра годишно се плаѓа персоналец од 50 %.
 
Ja ne im daam ni denar, koj gui ebe, ako treba ke se isselam, mamu im jebem lopofsku!
 
Garfield напиша:
Ja ne im daam ni denar, koj gui ebe, ako treba ke se isselam, mamu im jebem lopofsku!
Ќе се иселиш, ама таму ќе плаќаш уште поголем данок. И да, ќе немаш можност да го забушиш, одма апсаана! :-)
 
Мистичен напиша:
Ќе се иселиш, ама таму ќе плаќаш уште поголем данок. И да, ќе немаш можност да го забушиш, одма апсаана! :-)


хехеххе и за тоа има лек. Ќе се пресели во Монако или Андора и нема да плаќа данок.
 
Taka de, tokmu, ne im daam ich, peeri, banderi peeri.

Ova e perfiden nacin da si gi legaliziraat krazbite, a ke trpi obicniot i cesen covek koj so maka i pot zarabotuva.
Plus, ke selam parite vo Jersey Islands, ili na Isle of Man! Tamu kur ke mi jadat.
 
Garfield напиша:
Taka de, tokmu, ne im daam ich, peeri, banderi peeri.

Ova e perfiden nacin da si gi legaliziraat krazbite, a ke trpi obicniot i cesen covek koj so maka i pot zarabotuva.
Plus, ke selam parite vo Jersey Islands, ili na Isle of Man! Tamu kur ke mi jadat.

И јас мислам така. Треба поголеми контроли, има многу луѓе кои нема шанси да докажат потекло на имотот, јас викам апсаана за нив.:icon_lol:

Да сакаа да вршат контроли ќе извршеа милион пати до сега, ама тука има други интереси, така да :toe: .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom