Како би изгледале..

  • Креатор на темата Креатор на темата I am a bitch
  • Време на започнување Време на започнување
Мене многу ме интересират каква ќе ми е косава црна и пократка.
Нешо ко на сликава
imgres


Пошо имам така подолго лице мислам дека убо ќе ми стојт ваква коса...Ама немам гз да го напрам ова :icon_lol:
 
Јас сум од тие што не експериментираат многу во врска со изгледот, несакам да правам некои драстични промени, може само мали промени. Бојата на косата ми е стандарно црна, природна и не ја менувам. Може промена само во должината и обликот на косата. А што се однесува до стилот на облекување си имам свој стил и се држам до него. Инаку не се обидувам да се замислувам како би изгледала со црвена коса, како плавуша.. или незнам таму со каква не фризура, не се замарам со тоа..
 
Мене многу ме интересират каква ќе ми е косава црна и пократка.
Нешо ко на сликава
imgres


Пошо имам така подолго лице мислам дека убо ќе ми стојт ваква коса...Ама немам гз да го напрам ова :icon_lol:

Прават денеска секакви операции може и газе добро да ти направат :pos::pos:
 
Сакав да ја фарбам косата плава, отидов закажав и не отидов кога требаше, ме предомислија сите (добро што ги послушав), као добра ми била бојата на косата и не требало да ја оштетувам. Сега засега нема да правам никаква промена задоволна сум од мојот изглед. :toe:
 
Експериментирам премногу со изгледот, како мала имав долга плава коса, подоцна почна да оди накај смеѓа па ја фарбав плава, после ептен отидов во крајност и ја фарбав црна, така ја носев скоро година, па кафеава неколку месеци, па црвена, ја скратив ептен и така ми беше скоро година и еве сега пак ми е плава. Од друга страна користам многу препарати за фарбана коса, маски и сл. За фризури да не зборувам-вртена, права, секаква. Шминката исто ја менувам, некогаш ставам црно моливче, некогаш туш, сенки во најразлични бои, кармини во најразлични бои... За облеката е исто. Што да кажам, сакам промени.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom