Apokalipto
Tredici
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 15.576
- Поени од реакции
- 2.586
Финансиската криза, која лани погоди голем дел од светските економии, особено оние за кои се мислеше дека се најсилни, силен удар му нанесе и на арапсиот емират Дубаи, кој е светски симбол за благосостојба и луксуз. Цените на недвижнините во Дубаи паднале за дури 50 отсто, дузина проекти се стопирани, а илјадници вработени се отпуштени.
Британскиот весник “Индипендент“ пишува, пренесува Нетпрес, за напластениот надворешен долг на Дубаи во висина од фантастични 80 милијарди американски долари, што е показател дека работите не се движат по најдобар пат.
Освен тоа, “Дубаи Ворлд“, државен инвестициски конгломерат, кој е во долг од 22 милијарди долари, објави дека нема да може да си ги подмирува своите финансиски обврски и тоа во идните шест месеци. Ова ги потресе берзите ширум светот. По шест години експлозивен и силен економски раст, Дубаи, еден од седумте емирата во составот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), од втората половина на 2008 година бележи континуиран пад на активностите, што довело и до силен пад на цените на недвижнините. Економскиот хас во Дубаи би можел да има сериозни последици за целиот блискоисточен регион, но и пошироко, односно за светската економија, нешто од што економските аналитичари и експерти највеќе се плашат.
Коорпорацијата “Дубаи Ворлд“, чиј вкупен долг изнесува 59 милијарди долари, побарала од своите кредитори одложување на плаќањето на долговите до мај, 2010 година. “Дубаи Ворлд“ е тешко погоден од светската економска и финансиска криза и рецесијата, а за помошник во финансиското престројување, ја одбрал глобалната консултантско-ревизорска компанија “Дилојт“.
Само идниот месец треба да им бидат платени на кредиторите износи од 3,5 милијарди долари. Барањето за одложување на плаќањето ги натерал водечките светски рејтинг агенции “Стандард & Пур'с“ и “Муди'с“ на намалување на рејтингот на дузина државни компании во емиратот. Економските аналитичари и експерти предупредуваат дека владата на Дубаи, сега ја плаќа цената на мегаломанските и екстремно скапи градежни проекти.
____________________________________________________________
И уште нешто поврзано (директно или индиректно):
Поради кризата во Дубаи, паѓа цената на нафтата и индексите на акции во светот
Цената на нафтата денеска нагло падна на близу 74 долари за барел, откако инвеститорите му завртеа грб на ризичното купување стока поради несигурноста на светските берзи предизвикана од финансиските проблеми на Дубаи. Емиратот, една година по почетокот на економската криза во светот, е толку навлезен во долгови што побара одлагање на плаќањето на своите сметки за шест месеци. Берзите лошо ја примија веста за презадолжениот супербогат емират. Европските берзи денеска ја почнаа работата со општ пад на индексот на акции, во Азија Шангајскиот индекс потона за 3,6 отсто, а токискиот индекс Некеи е понизок за 3,2%. Акциите во Хонг Конг и Јужна Кореја паднаа за 5 отсто.
__________________________
криза во Дубаи, повеќе ми личи на некоја несолена шега, па и да не е, незнам како би се рефлектирала како криза воопшто... веројатно поради кризава сега некој шеик наместо 5-6 ферарија ќе мора да се задоволи само со едно или наместо флота позлатени авиони ќе мора да си купи само еден... позлатен, штета баш пред некое време читав дека си порачувале и дијамантски истегнувачи за "алатот"
ќе мораат сега со некои бедни изработени од платина 
интересна мисла кажале нашите стари... дај му на слеп очи и на сиромав пари (и ќе видиш како инстантно ќе ги изгуби)