Возот..

  • Креатор на темата Креатор на темата Луси
  • Време на започнување Време на започнување
Милион возови досега ми избегале заради мојата срамежливост, стегнатост и останати комплицирани работи во мојот карактер. Само се надевам дека меѓу тие возови не заминал оној најважниот, оној кој го чекам цел живот. Се надевам дека нема да испадне дека чекам воз кој веќе одамна заминал.
Баш тој воз што го чекаме е најпроблематичниот, на тој воз сакаат и други патници да се возат а во возот има место само за еден :).
Колку што по тебе лудуваат многумина така и ти по тој што лудуваш е на мета на другите девојки...
 
Баш тој воз што го чекаме е најпроблематичниот, на тој воз сакаат и други патници да се возат а во возот има место само за еден :).
Колку што по тебе лудуваат многумина така и ти по тој што лудуваш е на мета на другите девојки...

Да, кругот е интересна работа... Но, кога се работи за the one... тогаш работите полесно ќе се искристализираат и во моментот кога ќе стигне возот, знаеме дека е тој. Лошото е што додека дојде, никогаш не знаеме дали претходно веќе сме го пропуштиле.
 
Ја немам воз никад не сум ни имал а не ми ни требало. Ја сум повише железничка станица , седам и си чекам , гледам како поминуваат други возови и што остави возот , онаа шушљакот , ја го собирам.
 
Гледам дека некој ја разбрал темава убаво за каков воз јас зборувам, а некои стварно мислат дека треба да се возат со воз, Гарфилд може и ароплан да бидит немора воз де.... значи пак некоји три дури те шокирале, може имаш поинаков склоп па не се впушташ во размислување што ако или како, но има верувај доста луѓе што потоа ги копка ги кине, затоа и ми беше муабетов, да го разврземе, незначи дека мора сите ситуации да се рандом запознавања, една ударачница или некад и поише па за да завземеш чувства кон некој/некоја или да продолжиш понатака, има луѓе кои доста ги врзува моментот, и ако не го искористат потоа ги боли, не се умешни да го отфрлат тој „воз“ и да отидат на следниот перон така лесно, и некогаш да биле во право, а тој кој си го фатил оној вистинскиот воз верувај дека е хеппли евер афтер. :)
 
Јас се качив на возот и се возам веќе долго време. И верувам дека сум во вистинскиот воз и се возам во вистинскиот правец. Но, и покрај тоа, ми се има случено да запознаам личност, која не дека ме блокирала, ама сепак ме импресионирала на некој начин...ме замислила...ме натерала да се запрашам "што би било, кога би било"?
Поинаква, несекојдневна, слична на мене по многу нешта, блиска, а сепак далечна. Тоа е момент кој малку те размрдува, те растресува, те принудува да анализираш дали си направил добар избор или секогаш постои и подобро... Мериш, премеруваш и таа мисла целосно те окупира. Но ако трезвено и рационално размислиш, сепак ќе одлучиш дека е подобро таа мисла да ја оставиш некаде длабоко закопана во себе, зашто е многу поверојатно дека станува збор за моментална страст, неодолива привлечност и силна хемија, отколку дека е нешто толку длабоко, искрено и вистинско како она што веќе го имаме.
Ако си доволно храбар и сигурен дека баш тоа е она што ќе ти го промени животот, ризикувај...може многу да добиеш или многу да изгубиш.
А во случај кога немаш никој покрај себе, кој би бил повреден, а се наоѓаш во ваква ситуација, пробуваш...се препушташ на моментот, па со тек на време ќе видиш на што си, нема што да изгубиш.
Сепак, само преку посматрање на возовите, не можеш да процениш во кој ќе ти биде најудобно.
 
Но не заборавај дека железничката станица продолжува да работи. А со тоа и возовите ги има :wink:

Во превод...чекај го наредниот воз и влези во него...никако не го пропуштај :pipi::wink: таков луксуз не си дозволувам повторно :pipi:
 
Во превод...чекај го наредниот воз и влези во него...никако не го пропуштај :pipi::wink: таков луксуз не си дозволувам повторно :pipi:
Ти си знаеш! :) Сепак си голема...имаш 7 години :)
 
Немој вака црно бе :(

Иначе, многу пати ми било криво што не сум се качил, па затоа сеа кој дојде се качувам, па гледам дали шоверицата вреди или не, и одлучувам дали ќе се возам или ќе се симанм :)
 
Но не заборавај дека железничката станица продолжува да работи. А со тоа и возовите ги има :wink:

Ако се работи за многу возови, тогаш муабетов нема смисла, а ни вредност. Интересно е ако се доживее момент кој не може да се повтори, без оглед дали тогаш сме направиле нешто во врска со тоа или не.
Иначе мене возот ми помина и нема да ми се врати.:) Не се случи во мојот град и беше сега или никогаш, а јас избрав никогаш. Кога и да се сетам на него ми е само добар спомен, кој ми предизвикува блажена насмевка. Ако било што повеќе се случеше, немаше да ми значи толку и да ми остане така драг момент.:toe::pipi:
 
Сите возови кои што ги гледам и се возам во нив се екстра класа. Надворешно преубави, со наконтени госпоѓи и отмени господини. Ама, површноста е ефтина, не ја сакам, не сакам брзи и убави возови. Брзо завршуваат тие патувања, најчесто нема ништо интересно, невообичаено, нема филм. Затоа се толку чести, секој ден на различно патување можеш. Е да, само цената за возењето е поскапа...
Јас сакам некој спор, крш воз, само да се расипува, да паѓа од шините...јас да го кревам, поправам, да се грижам за него, да се радувам со патувањето и да се надевам дека ќе ја поминиме и следната кривина, зашто толку е добро возењето...
 
Обично ги сакам оние возови што се на долги пруги, порано ми беа одбивни и досадни ама сега сакам баш такви. За возврат добивам само патување на кратки релации. Погледот повеќе пати ми застанал и тоа баш во моето купе, од намалена самодоверба во моментот, страв и преокупација со други работи у глава, она убавото пред очи ќе избега, не еднаш, не два пати туку безброј пати. Возовоте на долги пруги ги чекам сеуште, се надевам дека нема да ме одминат.:wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom